Драга...
... Македонска појава која цел живот кружи околу мене, бескрајната потрага да се најде нешто за поефтино, за да се исценкаме, и ако налета и таква можност, да се земе за бесплатно. Луѓе кои се смеат на луѓе кои на интернетот кликаат на "You're the 100.000 visitor, click to win a free wallpaper", се истите луѓе што кога ќе им стигне порака од мобилниот оператор во стилот "испратете бесплатна порака и вклучете се во можноста да освоите бесплатен автомобил!", одма трчаат да пратат со помислата "ај што знаеш, може ќе ни се потрефи среќата". Истите тие константно бараат и поефтини понуди, побрз начин да стигнат до некаде, се, се само никако да не се плати вистинскиот износ, она што се бара од тебе. Дури стигнав да видам дека постои нова социјална мрежа која им плаќа на корисниците да ја користат. Слободно идете таму, линк ќе ви дадам ако сакате. И после, кога ќе видиш дека си се заебал, ќе пцуеш, ќе колнеш, ама кога ќе се пружи нова можност, пак истото го правиш. Будала една!
Драго мое Македонче, сфати веќе еднаш. Никој не сака од длабочината на срцето да ти подари љубов, само за тебе, личност која не ја ни познава, да ти даде нешто бесплатно. Секој си има корист од тоа. Секоја generous понуда си има доброизработен план зад себе за да си стекне некаква корист од тоа, при што ќе те заебе. А знаеш зашто го прави тоа? Пошто знае дека си доволно глуп да паднеш на истото, и упорно да се трескаш од земја, пошто твојот лаком гз е посилен од твојот слаб мозок! Пошто знаат дека си толку мрзлив и смотан, што не знаеш дека не можеш да седиш на гзот дома, да не мрднеш со прст, и некој да ти дава пари за тоа! Затоа и секад ќе те стрижат ко офчичка, па откако ќе ти порасне волната, пак ќе те начека некој и ќе те истриже, дур еден ден не умреш од студ!