Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Не сфаќам по кој терк на работите, "интелектуалната" работа толку повеќе се почитува (и платежно, и општо), од "физичката". И двете ги ставам под наводници ... затоа што за физичка работа треба и мислење, а интелектуалната е многу повеќе од она како луѓево уствари ја работат, просто како шема налик таблица за множење.

Некој нека ме убеди како некоја типка што работи канцелариска работа, на фотелја, на топло и на компјутер (според тоа како ќе каже компјутерот) и евентуално принта, хевта, прави одлуки (како таблица за множење), е поквалификувана да добива 10 000 денари повеќе од некоја што работи во производство на нешто (треба да има рефлекси, ум, да стои на едно место или да се движи, да контролира како испаднало и да одговара ако машините/алатите не биле ок, или направила само еден погрешен потег со рацете). И двете треба да носат битни одлуки. Грешките и на двете повлекуваат парична загуба. И двете се од општествена корист. Единствената разлика меѓу нив е што едната отсекогаш сакала да биде во "јаките" кругови и пазела што зборува и како се облекува, а другата немала толку желба и самодоверба за тоа. И двете на пауза со своите колешки ќе зборат за глупости, од типот, најситни озборувања за најблиските дома или за тривијалности, како лак за нокти ... Им се восхитувам и им симнувам капа на луѓето кои работат "физичка" работа.

upload_2014-10-31_11-52-58.png
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Кајганче!
Ако претходниот месец ми беше тивок, спор, на моменти досаден, со поретки излагања поради секојдневното дремење над напорниве наши закони, Октомври испадна сосема обратен. Изненадена сум зошто обично ништо добро не ми носи, вообичаено се застапени меланхолиите, слабата комуникација и социјализација, мрзеливоста итн итн. Иако се уште имам одреден хејт спрема истиов, задоволна сум од тоа како пројде. Особено затоа што исполнив уште две цели и со полна пареа одам напред според планираното :noze:.
Ноември еве го наsира и уште од сеа ми дава некои ветувања дека ќе биде одличен со претстојното интервју за работа. И покрај толку позитивни работи, не сум многу воодушевена и опуштена туку, напротив, чекам Марфи да се појави зад аголот и да ми плесне шамар, два колку да ме потсети дека не ме заборавил.
Ноември, be good to me и прости што немам стикерче/слика со што би ти дала поголема важност и би добила лајкови на фејсбук зошто одамна на луѓево токму тие им се приоритет :гик:.
А ти Кајганче, остани дружељубива и гостопримлива за секој тип на човек и нечовек, зошто и онака немаш некој друг избор. Само немој да претеруваш и да се опушташ, има фрикови кои погрешно ќе те исперцепираат :icon_lol:.
Toodles :pipi:
 
Последно уредено:

perez9

расипано јајце
Член од
30 декември 2013
Мислења
1.041
Поени од реакции
990
Сите ја знајме колку е за грев, можи да банира, казнува, бриши мислења,теми ама никош нема да го избриши мислењето шо го имаме за незе, не дека ја хејтам, ама ко ке напраен сеир на нејзина сметка нека се одбрани, сама си дала повод, а не кукавички да бриши и да дава опомени.
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.046
Поени од реакции
13.539
драга кајгана...

и јас сакам да знам што е муабетов и за кого тоа се збори горе над мене...

него денес лајкнав два три поста на еден дечко на фејс. според тоа што го имам читано тука низ љубавните проблеми....страв ми е сеа да не помисли дека му се пуштам!!!
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
драга кајгана...

јас мислам дека знам што е муабетов и за кого тоа се работи малце погоре над мене...

него денес ми лајкна два три поста една девојка на фејс. според тоа што го имам читано тука низ љубавните проблеми....изгледа ми се пушта!!!
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Ди Кеј,

Ова е еден од оние денови во кои што навистина посакувам да не бев фиромјанин.
Ми стигна меил од Liverpool FC дека имаме карти за на пролет, за Ливерпул - Манчестер Јунајтед а јас пусти фиромјанин, немам пари за виза...

Што има кај тебе?
Кисс :*
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.143
Поени од реакции
23.248
Ова е еден од оние денови а во последно време се повеќе во кои посакував мисирот стварно да не е фиромјанин. Да не беше, ќе си бркаше магарето во енглеска а мене мирна глава, а сега ќе си тера марагеро во пп како алтернатива.
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Бејби,
Јас си стигнав назад во Америчката дома :D It's good to be back.

Сега можам да кажам дека мислам дека Скопје изгледа ок. Не дека го сакам барокот нешто многу многу, ако ме прашаш мене, јас сум ти поише за модернистичка инфраструктура. Ама, искрено, не изгледа лошо. Барем се` се уклапа заедно некако. Бев во 2 музеи и стварно се супер направени. Темната атмосфера особено ми се свиѓа :) Водичите се ок, а и ефтино многу. Знам дека луѓе јадат гомна, ама мислам дека е ок што се гради увелико. Само сакам нареден пат кога ќе дојдам да биде се` готово по можност :D
Исто така можам да кажам дека дефинитивно не би се вратила да живеам во Скопје. Убаво е вака да дојдеш да го посетиш, да видиш се` што е ново и убаво и да пробаш да го игнорираш она лошото зашто не сакаш да се нервираш за краткото време што си таму. Да излезеш да се видиш со луѓе на кои реално си им фалел, а и со оние со кои знаеш дека ако си останел таму, ќе си се видел може 2 пати во 2 години и тоа на поминување на улица. Во секој случај, (скоро) сите ти се радуваат кога ќе те видат. И убаво е чувството да знаеш дека им значиш на луѓево. Негативните работи сега за сега ќе ги изоставиме :D

Нешто што сфатив додека бев таму е дека беше многу лесно да се вратам на старата јас. А искрено, не ја сакам многу многу. Поинтересна е и позабавна, ама ѝ помина времето. И не само што беше лесно да се вратам на старата јас, мислам дека да не си отидев, ќе си останев старата јас. Во Скопје никогаш не би се изградила како личност. Како заради начинот на живот, така и поради луѓето кои ме опкружуваа. И мило ми што си отидов, зашто сега многу повеќе си се сакам себеси и личноста која што сум.
И кога сме веќе кај личноста, неможам а да не се прашам зашто луѓево сфаќаат после 2/3.... 6 години дека сум ок човек и дека им значам и дека не требало да го направат тоа што го направиле? Кај им беше паметот пред тоа? Јас сигурно нема да седам и да чекам на некој да му текне дека уствари ме сака и му значам. И да, криво ми е што го боли што си одам и му е тешко и ќе му фалам. Ама, каде беше кога мене ме болеше и патев и плачев? Си излагаше со другарите и се заебаваше и ич не му беше гајле... Епа, извини, ама неможев јас да чекам со години да созрееш и да станеш човек со цели во животов. Си најдов личност која си сфати од прва дека не треба да ме пушти и дека вредам. А ти, се надевам ќе си најдеш некоја, зашто заслужуваш да бидеш среќен.

А сега, време да се фокусирам на работа и селење. Или обратно. Ама така нешто :D
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.146
Драга...

... Македонска појава која цел живот кружи околу мене, бескрајната потрага да се најде нешто за поефтино, за да се исценкаме, и ако налета и таква можност, да се земе за бесплатно. Луѓе кои се смеат на луѓе кои на интернетот кликаат на "You're the 100.000 visitor, click to win a free wallpaper", се истите луѓе што кога ќе им стигне порака од мобилниот оператор во стилот "испратете бесплатна порака и вклучете се во можноста да освоите бесплатен автомобил!", одма трчаат да пратат со помислата "ај што знаеш, може ќе ни се потрефи среќата". Истите тие константно бараат и поефтини понуди, побрз начин да стигнат до некаде, се, се само никако да не се плати вистинскиот износ, она што се бара од тебе. Дури стигнав да видам дека постои нова социјална мрежа која им плаќа на корисниците да ја користат. Слободно идете таму, линк ќе ви дадам ако сакате. И после, кога ќе видиш дека си се заебал, ќе пцуеш, ќе колнеш, ама кога ќе се пружи нова можност, пак истото го правиш. Будала една!

Драго мое Македонче, сфати веќе еднаш. Никој не сака од длабочината на срцето да ти подари љубов, само за тебе, личност која не ја ни познава, да ти даде нешто бесплатно. Секој си има корист од тоа. Секоја generous понуда си има доброизработен план зад себе за да си стекне некаква корист од тоа, при што ќе те заебе. А знаеш зашто го прави тоа? Пошто знае дека си доволно глуп да паднеш на истото, и упорно да се трескаш од земја, пошто твојот лаком гз е посилен од твојот слаб мозок! Пошто знаат дека си толку мрзлив и смотан, што не знаеш дека не можеш да седиш на гзот дома, да не мрднеш со прст, и некој да ти дава пари за тоа! Затоа и секад ќе те стрижат ко офчичка, па откако ќе ти порасне волната, пак ќе те начека некој и ќе те истриже, дур еден ден не умреш од студ!
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
1.082
Поени од реакции
447
Добро бе можно ли е ваков баксуз да сум на 10 дена пред роденден у пм нека иде све преку таквото веќе ми се уништија сите планови и се :mad::mad::mad::(:(:(
until then i don't really fucking care
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Сите ја знајме колку е за грев, можи да банира, казнува, бриши мислења,теми ама никош нема да го избриши мислењето шо го имаме за незе, не дека ја хејтам, ама ко ке напраен сеир на нејзина сметка нека се одбрани, сама си дала повод, а не кукавички да бриши и да дава опомени.
Не мислиш дека е малку за грев тоа што вака јавно прво цмиздриш, па велиш дека е за грев, па после велиш дека не ја хејташ ама потоа свесна си дека некој друг прави сеир на нејзина сметка, бараш сама да се одбрани (зошто би продолжувала со офтопик и би паѓала на ниско ниво) а не кукавички (кукавички бе, мислиш со меморандум треба барање да достави) а брише и да дава опомени (дадено и е доверба, тоа и го прави)?

Доста бе со тоа цмиздрење, како да не сте изглегле да се соочите со вистинскиот свет па 2 казнени поени или избришано мислење прават да ви се сруши светот и да мислите дека цела администрација на форумов е против вас.

НЕ СТЕ ТОЛКУ БИТНИ. Всушност, не сте ВООПШТО, никој не е!

Бубамаро, извини за цитатов, знам дека ќе поминеш преку постот на Перез како ништо да не се случило ама јас не можев.
 

perez9

расипано јајце
Член од
30 декември 2013
Мислења
1.041
Поени од реакции
990
Драга К, не е цмиздрење ако си го кажиш твоето мислење, за кое ,кажала ти или не, секако го имаш, и не се само 2 поени шо посекоја цел мора да ги имаш без разлика дали реално си ги заслужила, лајк ај кер
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom