Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
26 јуни 2013
Мислења
2.395
Поени од реакции
10.059
Проблемот е во „претпоследните“ кои уживаат најмизерни привилегии и кои по тоа се разликуваат од „последните“.

-Ивор Мицковски
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
35.467
Поени од реакции
69.379
-Добар ден, апчиња за фанови на Арсенал имате ?
-Имаме, сакате да купите?
-Не, сам ќе си ги создадам.

-Здраво,имате од апчињата за фанови на Челзи ?
-Да имаме.
-Дај ми 3 пакетчиња.
-Сакате да ви ги спакувам ?
-Не, не мора, задржи си ги ти за 2-3 години па ќе дојдам ќе си ги земам тогаш ако уште делуваат.

-Имате апчиња за фанови на Јунајтед ?
-Немаме, ама имаме Аналгин. Не знам баш тие дали би ви помогнале бидејќи не ги барате баш ти..
-ДА ! ЌЕ ГИ ЗЕМАМ ! ОВИЕ СЕ ИЗБРАНИТЕ ИМА СИДА ДА МИ ИЗЛЕЧАТ !

-Здраво, имате апчиња за фанови на Ливерпул ?
-Господине извинете ама тие прекинаа да се прозиведуваат пред 30 години.

-Добар ден, имате апчиња за фанови на Милан ?
-Имаме пар пакувања ама рокот на траење им заврши пред 3 години..
-Супер, ќе ги земам !

-Имате апчиња за фанови на Реал Мадрид ?
-Имаме, 100 денари ви е паковање.
-Дај ми едно, еве ти илјадарка и задржи го кусурот.

-Имате апчиња за глупи фори ?
-Да, имаме. Ќе купите ?
-Не, од тие на dragonsky ќе позајмам.
 

Peja989

Супер модератор
Член од
22 јули 2010
Мислења
28.907
Поени од реакции
70.927
Не бе срце, не си ти за Барса или Реал.
Помеѓу Барса и Реал си за едните или другите. Не дека ги глеаш со Алмерија, Леванте или Елче кога играат.

П.С. Прилепчаниве од форумов се фини луѓе, жими сФе.
П.П.С. Фчера на дипломска кај Крушевчанецов беше интересно :D
 

bokser_mk

Баксуз
Член од
29 јануари 2012
Мислења
1.109
Поени од реакции
1.294
драга до сеа глеав едно филмце на сител 3 заведени добро македонско филмце (серија).... се подестив на скопје коа не беше 2014 со коцката и без трговските центри ... стара добра слика
 
G

Gricko_

Гостин
Знаеш дека глеаш too much порничи, кога Кира Најтли у Ана Каренина цела изнашминкана у триста различни фустани ти изгледа ко Саша Греј. :icon_lol:
Aј на втората слика и да ми заличи на неа не е некој голем кикс.

Untitled1.png Untitled.png
Их, види ја ти Саша Греј си викам се опаметила, видела кај се парите си викам, а и посекси ми изглеа вака. Ко ќе видам на имдб Кира Најтли. :cuc:
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
7.361
Поени од реакции
12.849
Скопје 1984... Алумина, Млекара, Кожара, Стаклара, Хемтекс,Глорија, Газела и .....
Скопје 2014... Аристократ, Бит Хил, Златна копачка, Спорт лифе, Марберт, и ......
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
1.007
Поени од реакции
1.017
Драга
Денес ми е најлошиот и најболниот ден во овие мои 13 години колку пати сум паднал и сум се искршил но денес ми е (n)
Играјќи кошарка 2на2 јас се свртив за миг (зе загледав во една цура :pos:) и кога се вратив со паметот го гледам баскетот како оди директно во мене јас баскетот го фатив што го фатив ама прстот ми отиде во пеколот таква болка немам осетено таква болка беше што направив да го наречам war shout што цело маало во мене гледаше :cool: почекав малку да ми смири болката ја глуп продолжив да играм :facepalm: викајќи ништо не ми е ај изигравме некако дома дојдов го гледам целиот прст отечен бабурка :D ај викам набиен ништо не е па ми се укочи целиот прст ми помодре стана плав и неможам во општо да го мрдам а сега на левата рака имам само два прста другите 3 ми се во завој безкорисни утре сабајле ќе одам во градска па ќе видиме
ај pozdravche
 

Peja989

Супер модератор
Член од
22 јули 2010
Мислења
28.907
Поени од реакции
70.927
Немаше што да се прави па му викам на Томи, дај ќе запалам кола, ќе го свртиме цел град.
Се вративме после неполни 2 минути.

5 луѓе, 2 коли и глутница кучиња беше епилогот од „прошетката“.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
13.734
Поени од реакции
28.836
Вчера, онака посабајле, кај 7 и 15 ѕвони телефонов. На која будала му текнало во ова време да се јавува-размислувам прештрекан додека го избиструвам погледов полека за да видам шо пишува на екранот. Горан братучед........ И кревам, од таму слушам радосен глас-Брат се породи!!! Кажи му таму дома, бев до работа, шефот ми вели, ти Горан слободен си денеска, оди да славиш со братучеда ти (пошто два шефа се во тој оддел, меѓу кои и мажот на братучедава-родилка кој му се јавил на другиот шеф пред некоја минута за да го ослободи братучедчево од работа тој ден)
Супер!!! Станувам од под топлото кебе, сиот во еуфорија, речиси и да избезумив во тој момент колку е ладно во собата, затоа што си легнав заедно со догорувањето на последното дрво, 3 часа пред повикот. Влегувам некултурно во спалната без да тропнам, сиот возбуден, а моиве грчат задлабочени во сонот-Ејјјјјјј вака и вака станувајте. Мераци сето, ајде јавувања наваму натаму, кај вујко ми-дедото, вујна ми-бабата, па мажот од братучедава..........

Се чекаше овој момент многу одамна...... Се чекаше затоа што истиот претставува најбитната промена во животите на вујко ми, вујна ми и братучеда ми, после загубата на братучед ми. Поминаа речиси 4 години, а празнината уште се чувствува и ќе се чувствува понатаму. Но вака патот на секојдневното преживување ќе биде барем подобар и поисполнет со едно мало човечко битие кое ќе внесе радост, нови спомени, кое со својата бучава и бебешки глас ќе донесе ,,музика" во домот, џагор што ќе ја истисне тишината со која се навикнаа да живеат.
И наеднаш нивните ликови како да светнаа за миг, кога одевме на посета во битолската болница. За прв пат во толку години забележав сјај во нивните очи. Се избришаа од нивните лица оние црти кои сведочат за периодот низ кој поминаа. Кога не пресретнаа тие мали невини очиња кои сеуште демнат под налетот на времето без ниту едно запомнето искуство кое ќе биде негација на убавината која е се поретка од срањето со кое сме обиколени секој ден, се достигна и кулминацијата на моево опишување кое не е ни приближно силно како она што навистина и се случуваше.
Во аголот од собата, онака потскриен зад сите го забележав и татко ми, на чие лице навираше по некоја солза, неуспешно сокриена зад затемнетото стакло од наочарите за вид. Знаев од каде произлезе таа емоција, знаев и зошто, знаев и како, но знаев дека во наредните секунди ќе ја сокрие стариот, познавајќи го неговиот цврст карактер со кој ја форсира машкоста, како еден од столбовите во фамилијата. И дури го сликав и снимав малото, со цел да зачувам по некој аудио-визуелен спомен, ми се проврти низ глава една комуникација која ја имавме со братучедов.

Бев средно одделение, пилиштар кој не знам како слушнал за Tom Waits. И го прашав тогаш, кој е старчето, што свири, да подобјасни нешто и да фрли некое цеде ако има. Ми објасни дека го има слушано, но дека ги чува во ракав тие звуци на Том за на старост, затоа што така ја доживувал музиката негова. Го чувал за времето во кое безгрижно ќе пие кафе со внуците, на кои ќе им исполнува најразлични желби за да бидат радосни, весели.........

И така тоа време нема никогаш да дојде. Единствено што може да надојде е само мал спомен од искажани мисли што ќе останат да говорат за една неостварена желба, за која не постои ниту една универзумска можост за нејзино остварување..............А после секое мое размислување што носи горчина, ми преостанува да ја повторам ебената реченица
-Животот продолжува понатаму........

 

Дениција

on my eighth life
Член од
17 март 2014
Мислења
239
Поени од реакции
898
Знаете кога боли најмногу?

Не боли кога знаеш дека се гледате за последен пат, не боли кога гледаш дека те преболил и се забавува, не боли кога за неколку месеци повторно случајно ќе се сретнете. Најмногу боли кога гледаш дека те заменил со нова. Кога си станала само уште една. Кога гледаш дека ги прават истите работи што пред некое време ги правевте заедно. Знам дека животот продолжува, но концептот на замена секогаш тешко ми паѓа.

Па и скролаш наоколу и наоѓаш некоја песна од The Smiths и си викаш „Е пи*ка ти матер, уште ти фалеше...“ И си вовлечен во меланхоличната бездна на Morrissey.
 
Статус
Затворена за нови мислења.
На врв Bottom