Драга Кајгана,
Станувам од спиење и гледам на телефонов ми пишува дека е 09:26 и си викам, супер што се врати времево, сега е 08:26. Да бидам искрен се израдував дека ќе имаме еден саат повеќе.
Кога одам во кујна на обичниот саат гледам дека покажува дека е 10:26.
Тогаш ми текна дека телефонов сам си го менува времето и дека ништо од моите планови дека е 08:26
Еден член тука во економија и за мобилни темите се знае да ти каже мислиш којзнае каков експерт е, а на улица кога ќе го сретнам ако прв му кажам здраво или прашам нешто ок, ако не се прави дека не ме познава.
Во живо ако правиме муабет за некои теми ќе треба сам да си зборувам.
Драга,
Некој колега ја застанал мајка ми целиот потресен да и пренесе дека ме гледа во кладилница
Мајка ми се изнасмеала и му кажалаа дека најдобрата другарка ми работа затоа одам, тој уште не помирен демек женско сум била.
Во негова чест денес Манчестер ќе си ја гледам во кладилница и пиво ќе си пијам
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.