blue ladybug
Фанг ловер
- Член од
- 5 февруари 2013
- Мислења
- 5.210
- Поени од реакции
- 11.803
Драга,
Уживањето ми стана другарка. Најдобра, најверна, најлојална.
Дестинација со светлосни години далечна од мене, јас ги уживам нејзините зборови. Ги впивам еден по еден, ги следaм патоказите jасно. Без прашање, без приговор, без одбивност, без бунтување. Покорност кон речениците кои доаѓаат кон мене, кои се наменети за мене. Само за мене. Мои се. Засекогаш и ќе останат мои.
Сонцето се појави денес. Ја продолжи топлината на уживањето, ја зголеми, ја направи ооооогромен балон од сапуница. Еве станува уште поголем, се зголемува од топлината на каминот до кој што седам.
Ќе пукне кај и да е. Ако не вечерва, утре секако. За тоа ќе го уживам до последно, колку што можам најмногу. И не, нема да жалам воопшто.
Штета што ќе остане да биде само балон од сапуница. Вистина, штета.
Другарка ми сепак ќе биде тука до мене.