Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
Продолжи да одиш. Секој чекор може да е потежок, но не запирај...глетката е прекрасна на врвот! (y) браво бе
 

Gea

месечинка
Член од
11 октомври 2011
Мислења
217
Поени од реакции
720
22, последен ден од летото.
Лето...темен тен, коктели, вештачки нокти, кратки фустанчиња, авантури, романси, ноќи без сон, излет на прекрасни места, семејни дружења, смеа, радост, љубов...нови пријатели, нови хоризонти, нови погледи кон светот!
Па, не беше лошо!!
Освен фактот што немам сексуљав албум Лето 2013 на фб. Простено ми е? Ама нема врска што не постирав фотографии 24/7 од мојот здрав режим на исхрана, убаво ми беше. Топ ми беше.
Стареам. Јаболче, на пат да ја добијам вистинската посакувана боја. Можеби, а можеби и не. Можеби ќе си останам слободен дух, безгрижна и вљубена во светот. Во камчињата, песокот, водата, дрвјата, мирисот на крофни, цимет. Можеби сеуште ќе сметам дека најбезбедното место за мене е помеѓу мама и тато, па во сред ноќ ќе им се вовлечам под прекривката, како што правев како малечка и сите чудовишта исчезнуваа. Сега, проблемите ќе исчезнат? Барем за кратко? Јаболче, ама секој сам треба да се соочи со чудовиштата и со светот!!

Есен.
Вам не ви се допаѓаат обоените листови кои паѓаат на земјата? Не ви се допаѓа мирисот на костени кога поминувате низ град? Не си велите дека на враќање ќе си земете пошто моментално се брзате за на состанок? Не ви се допаѓа кога потскокнувате за да ги избегнете вирчињата? Или кога го споредувате мило Скопје со Венеција? Кога шетате по Ленинова со драгиот кој ве прашува дали ви студи? Кога наликувате на Рудолф, со црвено носе, а тој мисли дека сте многу слатка и ве прегрнува? Или пак кога љубената ве погледнува со поглед кој зрачи со нежност, ви зборува со поглед, а вие сакате да го запрете времето, паѓањето на листовите, дувањето на Вардарец кој ја разлетува нејзината коса?
Не ли ви се допаѓа мирисот на капучиното кое ви го припремила мајка ви, мирисот на цимет кој ја исполнува цела соба, а вие сте внесени во некоја книга?
А сите оние шарени и прекрасни марами и шалови? Девојки со црвени палта кои гламурозно чекорат по градските улици? Дечки со привлечни мистериозни погледи?
Преполно Скопје? Дијалекти, луѓе, лизгави сокаци низ чаршија?
Јас, обожавам!
п.с. Мислам дека оваа есен ќе си се снабдам со гумени чизмички...или евентуално - чамец. Ах, есен!
 

~Bunny

Magic wand...
Член од
13 септември 2010
Мислења
902
Поени од реакции
1.266
Драга,

Во колку наврати ти споменав дека љубопитноста ќе ја убие мачката? М?
Покрај мачката и јас ќе настрадам. Да да. Море ако така ми треба.
И кришка со ајвар ми треба:D
 

Anne.

~ Happiness In Slavery.
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.284
Драга,
Денеска го беревме грозјето и моите ме оставија дома да спијам. Не ме разбудиле да идам и јас, само за да имаат направен ручек кога ќе завршат. А толку ми се одеше. :( Требаше да им го пресолам јадењето, 1-1 ќе бевме. Штета што ни јас не сакам сол, па се спасија.
И денес во ништо не им помагам. Друг пат пак нека прават такви работи.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
163
Поени од реакции
323
Драга...

Понекогаш мора да ги прифатиме работите такви какви што се бидејќи сме немоќни да ги промениме истите. Треба да ги прифатиме и донесените одлуки , иако на моменти ни се чини дека не биле оние вистинските... од проста причина што за некои одлуки постои збор " доцна " е за промена. Едноставно треба да престанеме со прашањата за тоа што би било кога би одлучила поинаку ( не дека не ме интересира), но едноставно нема простор за нешто да се смени. Можеби требаше да мислам малку повеќе додека беше време. Можеби ќе бев многу посреќа да имав и храброст за некои одлуки.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Раур раур раур раур :icon_lol:, нашата култура вика вирус а американското домородна вика дека со повраќањето се исфрлаат злите духови :icon_lol:. Не знам потоа се чувствував олеснето некако заминаа злите духови првин на врата па на фрижидер па потоа дури во шољата :icon_lol:.


 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Драга, си се шетам ја така денес по паркот и одеднш какво шетање бе седам веќе 3 дена дома не сум мрднал нигде од кревето до вецето и до компјутеро ми се најдолгите дестинации. I'm sad. Овоа не се трпе, aма веќе почнувам да газам на десната нога и од утре ќе почнам да шетам. Im strong bastard.
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
ДК
Успеав од лигавата розова соба да направам нешто што ме отсликува мене - бело и сиво, без премногу тракатанци. Уште неколку детали и готово.
После цела недела, конечно најдов време да прочепкам повеќе по нет, интересни работи се дешавале :)

И за инат на еден форумџија (ќе се пронајде самиот): Не сум Ѓумбир. Точка. :D
 

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
ДК
умрев од работа денеска нека си еби матер...форсирам во наредните 2 недели да завршам со сите обврски, како работата тука, дипломската и некои други нерешени работи.
Зедов машинка за бричење од Лук оил од тие ремингтон и пцујам од прееска се живо и диво, поголемо срање од ова немам видено. Ниту бричи ниту абер си има.
Туку утре да одам пасош да вадам оти овај до 13 септември ми важеше, а и личната карта за 1 недела оди курбан :(
Само незнам како оди постапкава сега дали има гужви или не за пасоши и за колку време излегува.

П.С ми падна пломба од забов утре пак кај чичкото со бел мантил треба да одам....ич не го сакам чоеко ако е ептен забеган ама то машината во потсвеста ми брчи. :(
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom