Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.354
Поени од реакции
4.857
Каков бед е кога треба да отвориш нов прелистувач само за да можеш да пишиш на Кајгана. Му треба сервис на компјутеров исто како и на мојот мозок. Порано црпев енергија и инспирација од секојдневното, обичното и досадното за денес да се втопам и да се претворам во тоа. Еден обичен ништожник кој тврди дека е нешто по различно зошто има само такви мисли, а да го прикаже тоа го нема никаде. Ова не е бед, ова е нешто сосем различно. Ме акна од земја, ме преврти околу неа, ме истреси добро од глава до пети и пак ме врати назад. Додека делев совети на околу, се фатив за нивното оро, а јас и орото сме два различни поими. Имам 13 минути за да го исчистам црнилото од главата и да се напијам една ладна чаша Пепси. Што е полошо од колоквиуми ? Да се заљубиш за време на колоквиумска сесија. Ама зато ќе се отворам овој Петок како Синди ли беше ураганот што удри во Њујорк ? Пеер ми помина. Две години условна не се мала работа. Не е мала работа и на 19 години да и се правдаш на мајка ти од што си раните на рацете хаха. Колку сакам да се изгубам онака, ама не можам. Cafe del Mar ме вози веќе 47 минути. Ми рече дека се ми е погодено, затоа и прашањето било на место. Не знае каде сум бил и низ што сум поминал, но нема везе пошо тоа е вистината. Се ми е погодено, не барам ништо зошто се што ми треба го имам. Имам луѓе кои ме бараат некаде во ноќта .. Звучам контрадикторно ? Па да. Веќе не знам што е добро, а што не. А сепак сум веќе над се и го живеам тоа што го практикувам. Позитивна енергија. Чим некого ти фали, значи некого сакаш и се што треба да направиш е да не ја испушташ од рака. А таа го има нај убавото лице и нај привлечните обравчиња кои некогаш сум ги сретнал. И замисли јас ја имам привилегијата да ги бакнувам и мазам, да го бакнувам нежното вратче и да ја гризам за нејзиното увце. Си се насмевнувала некогаш ко будала кога ќе видиш нечија насмевка на слика на ФБ ? Не тато, не сум насмеан зошто води Јунајтед, туку гледам во неа. Си прекинала со гледање на фудбал за да и вратиш на порака ? Јас пропуштив цело полувреме... Си ја фрлила цигарата за да можеш што побрзо да ја бакнеш ? Јас не ја ни запалив. А да не ти зборувам па за нејзината насмевка .. Ахх кога ќе видам дека е задоволна. =)))))))) Таа е единствената на која и дозволувам да ми ги тормози очилата и имам доверба дека кога ќе ми ги враќа назад нема да ми извади око хаха.. Сеуште сум за неа мистериозното дете од сокачето, да не ти кажувам како се запознавме. За неа го минувам цел град во рок од една минута, ради неа ОNE ќе ги направам богата корпорација. Јас сум нејзиниот Рентон, таа мојата ни ваму ни таму. И никогаш нема да и кажам дека ја сакам, туку ќе и докажам. Дали тоа јас се заљубив ? Не ми се верува. Поарно би му верувал на политичар од колку на жена и тоа многу тешко да се промени. Ако ми даваш, место приказна дај ми крила за да одлетам од тука и да речам - Кој ве ебе сите. Одведи ме далеку, местово е претесно за мене. Па,па патувам мозокот ми е направен како шпанска серија со турска синхронизација.
На стариот денес му е роденден. И класика, тој ме полни мене со подароци место јас него, а се со што е задоволен е да учам и да не забегувам со тетка Мара. Топлината во домот се осеќа на километар, а ладните лица не кажуваат ни емоција. Но, ни се гледа во очите. Изгубени во околина каде порано те ценеа ако си културен момак, воспитан од чесни родители, а денес статусот ти го бројат парите кои стојат позади презимето. Па затоа сме на самото дно, спремни за престап, зошто не можеш веќе да го гледаш тоа што веќе ти станало секојдневие. Зад насмевката стојат тажните очи, зошто веќе се изгубило се, а се бара само човекова почит. Buddha Bar ги превзема моите мозочни фреквенции, сега се е различно и ми се пред очи убавите денови којшто следуваат. Мојот чесен образ ќе стои на врвот на Хималаите додека целиот универзум пропаѓа во бездната на својот материјален егоизам. Јас духовно ќе бидам зацврстен. Додека телото ќе гние, ЈАС ќе пристигнам онаму каде што и не можам да замислам.
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
502
Поени од реакции
113
Драгаа мојаа,
незнаеш колку одамна не сум ти пишала и да ти кажам ми зафали малкуу! јас си пишувам есеиии и ова ми е последен ден од месецов да се замарам со школооо :D
а сега ќе спијамм драгааа. Добра нооооќ :love:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Кајго,
држ ми среќа.
Ако биде, частам. Ако не биде, ми е гајле.
Што е најважно, I love my life.
И психопатите во него. But that's just me. And they just love me.
И така, се мислам кој филм да го гледам, нешто забавно.
И се радувам на утрешното ми кафе со Velvet She и Шкорпион.
Can't wait, драга!!!

П.С.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.320
Поени од реакции
7.372
Драга Кајгана,

Вечерва попив корпа од кинескиња :(

Цимерот ми вика, нова е на бродов, не се откажувај. Ќе ја прашам пак дали че се фати со ја. У меѓувреме да пишам дека ни ја сменија опремата у теретана, и ондак то. И решив да положам испитите за унапредување. Моментално иам ТоБ луѓе у менаџмент па ќе пробам да ја искористам приликата.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Драга Кајгано.

213jjvp.png

Mислам дека го отупеа веке.Што ме заболе мене дали победил?Се интересира ли тој дали ние студентите сме ги положиле колоквиумите?Не?Епа и мене не ме интересира.
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Драга Кајгано.

Прегледај го приврзокот 52023

Mислам дека го отупеа веке.Што ме заболе мене дали победил?Се интересира ли тој дали ние студентите сме ги положиле колоквиумите?Не?Епа и мене не ме интересира.
Па зошто пишуваш мислења и правиш мемиња за него ако не те интересира? :)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Passed down to you....

...во друга, подобра прилика...

So says Saladin...
 
Член од
14 април 2007
Мислења
1.812
Поени од реакции
1.047
Уфф како ми се гледа некој добар филм или серија.

Ај уш малко да помине колоквиумската :)
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Драга К.

Абе биваше ли мојов фелинец да е толку подол и расипан? :) Абе најубавата пепељара шо ја имам дома, и ја чувам за посебни прилики кога грото од друштвото ќе наминат на кафе и цигари (и така е големка, за свих има место), и мислиш направена е од драгоцен камен, да видиш шо убаа индиго боја има(ше)....

Биваше ли бе да ја скрши? И седи пред скршеното, ме гледа и мјаука ко да вдишал хелиум, едно гласче како пушти ...


Ааааа неможе вака. Нема веќе лабаво. Сега мора да лупнам некоја остра казна ...


..... Нема .... нема ..... да добие зајачко една цела недела! Ете! Ај да го видам како ќе издржи само со говедско, пилешко и риба. Ма нека цркне ако сака, шо го рецкам? :)


Он мене пепељари ќе ми крши. Он на мене. Pffff :rolleyes:
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Шкорп, ќе речев, мамата, педерска работа ова со пепељарава, ама....:)

ДК, нешо кинеска музика, инструментал, флејта...али, не?

Терион му е мајката, а?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom