Веќе е скоро разденето, а јас само што го изгледав филмот ONE DAY, незнам зошто ти пишувам.. Се во животот се случува со причина, започнува нешто безначајно, тече, продолжува да тече и на крај да заврши/// нема врска, незнам што ми е, но размислував за нешто.
Мајка ми вика дека мозокот најубаво размислува во утринските часови, а јас неколку пати т.е ова е втор пат да се обидам да размислам за него. Еднаш размислував со гордо крената глава од неколкуте настани што беа поврзани со него, ја кренав главата горе, и се смешкав..
Јас сум заљубена во него, неможеш на некој да се навраќаш 2 години, сме немале никаква врска, но тој е мојата копија, мојот љубовник и пријател. Човекот што го прифаќам онаков каков што е, што му водам инат и не му се јавувам со недели, само кога ќе бидам малце потпијанета и ужасно ќе ми биде потребен таа вечер. А тој пак ќе се насмее и ќе го изговори моето име. Му реков пред недела и пол дека го сакам, но не како мој дечко, ниту сакам со него во врска да бидам, но го сакам.. јас знам дека и он мене ме сака толку колку што и јас него го сакам.
Со нетрпение го очекувам неговиот не толку важен повик!! Хахаха, смешно ми е, не сум нормална бе, размислувам за него во 04.52, хахаха опрај се MARY J.