Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Драга Кајгана,

  • Од времево имам главоболка и не ми се спие. Уште пред 2 саати облеков пижами ама никако до кревет да се дочепам и да легнам...Ај да го напишам ова и и бегам...
  • Мојот бивши очигледно нема ни срам ни перде...Се осмели да ме викне да се видиме викендот, демек да сме помуабетеле за све што ни се дешавало периодов па после да сме иделе на забава имало таму во некој локал...Прво ме стави на мисла дали да идам или не и му реков друг ден..И прееска пак ме праша, демек тој друг ден бил вечерва...- И му реков НЕ...Што мајка барам повторно со него? Да си направам пак хаотични патешествија со него...? -Не, фала...А и не сакам, не ми недостига, не ми значи ништо...Мисли он сум заборавила како помина нашиот последен состанок...Ете му бев на отварање на локалот пред месец и нешто и таму се понашаше како тотален кретен пред цела толпа од спонзоруши, новопечени бизнисмени и вештачки ликови какви што ептен мразам...Нека си брка работа подалеку од мене...
  • Имам една ситуација too good to be true повторно! :D И сега роварам да најдам пукнатини, празнини, недостатоци итн...
  • Ај чао...:sleep:
Едит- на каков игнор сум ставена од дотичната јавна личност, тоа не е могуче... :) Но тој мене игнор, јас него, па ако сака од дијаманти нека е правен...
 

Mr. Mojo Risin'

Porka de Majorka
Член од
14 септември 2008
Мислења
3.491
Поени од реакции
4.334
Драга кајгана.
Ја видов денеска после дооолго време.Аман не се издржуваат тие секунди додека ја гледам.Тешко е,а и болно,но што ќе се прави..кога нема никаков ебен излез,ќе се молам да не ја сретнам повторно во идните 5 6 месеци а богами и повеќе. :/ дамн!!
 
Член од
2 август 2011
Мислења
383
Поени од реакции
653
Драга К,
Се сеќаваш на деновите кога ти се жалев дека не ме прмаат како ЕВС волонтер? Тие денови се минато. Вчера ме известија дека ми е одобрен ЕВС во Финска, откако претходно бев одбиена од истата организација каде што аплицирав. Нема да се лутам, да бидам злопамтило (како што сум по природа, знаеш) поради тоа што сум втор избор на организацијата, туку ќе внимавам да не ја испуштам оваа шанса и да ја искористам максимално.

И за крај реченицата која ја доживувам како вистинита во последно време, кажана од еден светски патник:

„Once you've got the travel bug, it becomes very hard to stay in the same place for too long"
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269


Лондон. Чај од нане. Чадор со ноти на него. Космонаутика денес. Земјава е диско топка. Танцуваме со чевли во различна боја. Допирам небо. Бестежинска состојба на едно време - невреме. Гушкања. Силни, силни, додека не запре здивот.

До наредниот живот.

 

~ Everything.you`re.not

Salvatore`s girl
Член од
8 април 2012
Мислења
106
Поени од реакции
421
Драга ,

го мразам времево ! Периодов и лани врнеше.. многу врнеше .
Не, немам заборавено колку проклето ми фалиш ..
 

*LittLe heart*

*најубави очи-ЗЕЛЕНИ*
Член од
14 јануари 2008
Мислења
751
Поени од реакции
289
Драга:pipi:
Подепримирачко време амин.....баталив факс денес одмарам, спијам, се излежавам....

Уште еден месец, само уште еден месец и започнуваат авантурите....(y)
Ме чека средбата .... очи во очи со амбасадор пред мене веќе напишани прашања од некој друг и некоја квази чиста формалност. Неверувам дека тоа е она што јас го замислував за себе, но изгубена сум во сите тие амбиции и планови можеби се ќе промени, можеби ќе ме однесе таму каде што јас сакам да бидам цело време.
Мислев дека некои работи се изгубија ама за моја среќа повторно покажуваат знаци на живот, само што овојпат јас нема туку така да ги пуштам да исчезнат.

 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.735
Поени од реакции
7.983
... најавна шпица.

Искрено веќе незнам ни самиот што сакам, само знам дека луѓето не чинат, сите се кој од кој.

... сакам да се изгубам некаде, да ме снема, некаде во планина, подолг период... друго чаре нема.

... одјавна шпица.
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Lele znaci 3 cador vo rok od nedela den. Tret...
Ke pocnam da placam, ubaviot go nosev denes poso drugite 2 grdi gi nemase :(
Ubaviot :(
kretenka edna glupa! Aj ako ne I glavata izgubi ja negde. Ti se pluknam.
Tri! So vrne be pa ova vremistevo, da moram cador da nosam?!?! Glupavo!
Ae, se iznervirav -.-
 

PokerFace

I'll never be the same..
Член од
30 март 2009
Мислења
1.212
Поени од реакции
623
К, и новчаникот отиде! И последното делче што остана да ме потсетува на него отиде. Погани луѓе!
Тужно ми е, ми се плаче.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.321
Поени од реакции
7.372
Драга Кајгана,

Денес бев до Дизниленд. Потпишав некои овластувања и ми дадоа на некои џиџња и гага карта за цел парк за наредните 3 дена, ама... не ми се шета сам. Плус тоа огромен е Дизнилендов. Од еден до друг тематски парк се патува со бус, а чекањето бус мене ме потсетува на ЈСП 66, така да заеби. Плус тоа и онака утре имам скоро цел ден обука, а потоа ќе бидам барем 3-4 месеци на нивен брод.

Денес напраив прошетка по маало, каснав у Бургер Кинг, и влегов у 1 аутлет за спортска опрема. Видов многу убави адидас за 80 долари што кај нас ги продаваат за 160, ама немаше мој број, а на готовс ми беше кредитната картичка. Имаше и дрес од Коби Брајант, ама не е итно да се дадат 90 долари за дрес. Кога ќе заврши сезоната можда ќе го начекам и за 60 :)

Синоќа гледав Селтикс-Никс. Извонреден натпревар. Никс пукаа тројки ко Тајван на Стрит Хуп, и нормално победија, ама она што ми е поинтересно е Спринт халф-тајм рипорт со Баркли и Шек. Неверојатно е кои зевзеци се и двајцата и како цело време се р’чкаат. Ќе останев да гледам и Спарс-Лејкерс, ама морав да си легнам за да станам утрово во 5:30.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Драга,
Хајлајт на денот ми беше моментот кога си ги барав наочарите 20 минути, и сфатив дека ми се цело време на нос :D Денес особено се истакнувам со интелигенција :D Сестра ми ми збори за фискални политики, ја и кажувам дека сликав орео :D
Еве ти уште едно зелено човече, just for the fun of it :D
Глеам нешо мање-више сите се жалат на темава (осим Тончи, 'штујем (y) ), c'mon guys, grow a pair :cautious:
Бидете ми добри. Да цитирам една персона-ипсилон
одам сега јас дечки, се читаме покасно
... 15 минути покасно откако никој не ме рецнал ...
ајде дечки, се читаме покасно
... уште 20 минути откако никој не рецнал ни 1/4 % ...
отидов јас дечки
Од кај потекнува зборот дечки бтњ?
Ајде о/
бидете ми така и поздравени дечки
Н. (за вас денес ексклузивно од не баш центарот на Берлин, со iq пониско за 100 поени од редовното)
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.507
Поени од реакции
5.818
Кајги,
Доста ми е од луѓе кои се мешаат во се и сешто. Луѓе кои се пикуваат секаде, и буричкаат по туѓи работи. Човек од грешки, учи. Еднаш ми зеде пари од чанта ама уште еднаш нема да најде, дали таа што беше во соблекувалната ми ги зеде парите и се обиде повторно да најде нешто? Повторно чантата ми беше отворена ама не пола како претходниот пат, туку сега цела, ах проклета крава, дали нема срам, како воопшто ги троши тие пари кои ги зела.
Зашто секој не го живи својот живот и му е поинтересен оној на другиот, ако се случувало на повеќето со долги врски да им се стави крај, не мора да значи дека сите тие долги врски се осудени на пропаст,а тоа зависи од многу фактори за кои појма немаат оние кои зборат. Од врска до врска има и тоа каква разлика, би им ги затворила устите на тие што зборат дека не било можно со еден цел живот да поминеш, сигурно ќе сум го изневерела, или он мене, бла, бла..... Не викам дека немало падови во врската, но сме ги поминувале заедно, треба да бидеш доволно храбар за да поминеш и да го задржиш она кое си сигурен дека вреди, не сакам со други да ме споредуваат, за мојата врска они можат само да сонуваат(зашто не веруваат), а јас да ја живеам истата. Ма кој сака, што сака нека збори, јас ќе си терам по мое:pipi:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom