Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
4.923
Поени од реакции
4.036
Можда не сме блиски, ама ме боли како да ми се случило на мене...
Na dobar drugar pochinuvajki tatko sudbina
Pa takof udar ja kine dushata na parchinja
Me boleshe shto nemozham da pomognam
Od tagata da zemam pola da ja spodelam
Da ne ja trpi sam,
A zhivotot e zaeban, site istoto ne cheka...
 
S

smexy

Гостин
Колку е јако коа порано постоеле некои работи кои те допирале а сеа уопште и не се сеќаваш какво било тоа чувство.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.610
Кајгич се менуваат времињата а?

Порано се беше подобро.
Човек можеше да се ожени со жена која знаеше да готви, и тоа подобро од неговата мајка.
Сега човек може само да се ожени со жена која може да испие повеќе од неговиот татко.
 
Член од
13 мај 2009
Мислења
687
Поени од реакции
283
Епа Драга,
Да ти кажам дека мразам дискриминација и лицемерство. Не дека ги мразам само тие два поима (има и повеќе) ама овие два денес ми оставија поголем впечаток. Мислам: „Зошто се обидувате да му ограничувате некому што да прави, да му забранувате некои работи, кога и тој е на ваше ниво?“ Кога кажам исто ниво, значи така и мислам. А за второто: „Не ви е срам да се правите дека сте ми најдобри пријатели кога понекогаш во лице ми се потсмевате (не затоа што сум полош од вас, туку токму дека сум подобар).“ Ако некого ве пофали дека за одредена работа вложувате поголем труд од останатите, сакате да постигнете повеќе, а и да помогнете, има ли некој право за тоа да се потсмева и да навредува? Но сепак се наоѓаме во свет каде што умот не владее со човекот, ниту пак му влијае неговата совест. Под поимот се’ што сака да постигне тој ги вбројува само парите и моќта.
Кајгич, ја сум разочаран малце повеќе, ама нема повеќе да ти филозофирам и да те замарам. Но, верувај морав некому да се искажам. А знам дека ти сакала - нејќела ќе ме ислушаш. :)
 
К

Кики.

Гостин
Драгааааааа уште 5 дена и домче!!!!!
Ај сега озбилно.
уште ништо не сум спремила, а имам уште 5 дена. Едвај чекам да си дојдам дома и да се видам со моите, ама па од друга страна толку ми е жал што си одам затоа што супер си поминував со внучињата тука. Секое утро кога ќе ги отворев очите ги гледав нивните лиценца и го слушав нивниот глас: ајде тето (с)тани идеме иг(р)аме.
И за 5 дена тоа ќе го нема, па ќе треба да се помирам со тоа дека следниот пат ќе ги видам дури следната година или пак таа по неа. Ех, Драга премногу измешани чувства....
ајде поздрав
 
Член од
9 септември 2008
Мислења
115
Поени од реакции
13

Откако ќе помине периодот на самопотценување, следи согледувањето на бедата во другите души околу нас. Се поставува прашањето, кој е достојниот безгрешник кој ќе го фрли каменот на Марија Магдалена? Зар се нашол тогаш, па да се најде сега? Сите наоколу донесуваат судови за други, а забораваат дека со колкава мера ќе судат, со толкава и ќе им биде судено.
Гледам личности што само поради тоа што прочитале две-три психолошки книги, се дрзнуваат да прават психолошки профили на така наречени “нивни пациенти” и да донесуваат залучоци врз основа на неколку факти што ги знаат за личноста. И тие заклучоци се секако апсурдни и светлосни години далеку од реалната состојба. Бедно. Гледаат конус само од една страна и велат дека е триаголник, гледаат цилиндар и велат дека е правоаголник...можеби друг некој со поглед одоздола ќе рече дека е круг, за двете фигури...па кој е во право тогаш? Никој...
Велат дека сакаат да се дружат со cool луѓе, а во нивна околина ги собираат најголемите фејкери или fake-ери....не знам како да го напишам, изглеа треба да ги прашам оние кои по неколку пати во реченицата внесуваат англицизми, затоа што така звучат поинтелектуално (без разлика што на тој начин си го уништуваат сопствениот јазик, тие се кул личности). Морам да признаам дека не ја сфаќам таа пуста дефиниција за кул луге. Како може кул да биде некој што пуши цигари само за да не биде инфериорен во едно друштво. Како може да биде кул некој што седел на кафе со тебе, а кога ќе те види некаде на друго место, врти глава? Ама не ги критикувам таквите, едноставно ги сожалувам тие несигурни срца. Тоа е резултат само на несигурност во себе и недоволна самодоверба. Или, пак, луѓе што плутаат апсурдно низ животот без одредена цел и без знаење што всушност сакаат-и тие се кул...како? Како еден изгубен човек може да биде кул?
За мене кул личности се, луѓе што си го сакаат животот, што доживеале тешки моменти, мигови на депресија и осаменост и се извлекле сами од тоа. Луѓе што не чекаат вечно некој да им подаде рака (зашто еве како се покажува на крајот другарската поддршка...). Храбри карактери што знаат што сакаат и за што се способни, што преземаат акции (а не само што вегетираат) и се стремат кон своите цели, со волја поголема од сите пречки. Се случува и таквите да дочекаат пасивен период од разни причини. Тогаш од пријателите ја дочекуваат првата осуда дека се слаби карактери. Такво е тоа непишано правило, ако паднеш трчајќи, сите гледаат да те прегазат и да стигнат први на целта... А први на списокот се најблиските. Го знам тоа и спремна сум на таков тип разочарување (не дека не сум го доживеала до сега, туку тие никад не завршуваат).
Сите судат во однос на сопствениот референтен систем. Читам по форумов, една типка пишала во дел од постот дека слуша рок и метал, и некој одговорил на тоа со- се гледа дека си паметно девојче по музиката што ја слушаш. Зар?! Од кога според правецот на музиката се оценува нечија интелигенција? Ама не, тоа го пишал затоа што и тој самиот е одреден во тој правец на музика. Аххх кога ќе сфатите дека уметноста и припаѓа на душата, науката на разумот, а вербата и љубовта на срцето! Постојат вкусови, а не музика што вреди и не вреди. Музиката не треба да се разбира и толкува на длабоко филозофско ниво, туку да се чувствува.
Велиш дека си се заљубил, но твојата љубов не е возвратена. Ги споделуваш чувствата со нив, а тие ја оценуваат како опсесија. Зар љубовта само кога е реализирана е љубов, а кога е невозвратена е опсесија?
Се повеќе ја согледувам бедата во другите души околу мене. Дволични личности што пример, имаат негативно мислење за одредена личност, а се спремни да отидат на неговата викендица во Маврово, само затоа што-тоа е Маврово....Си ги сметал за блиски, а тие те бришат од списокот и на твое место ставаат фејкери...Нема да оценувам нечии постапки, во оваа демократија секој си има право на избор, и како што тие го искористиле нивното, ќе си го искористам и јас истото.
Коцките ги фрлија тие...јас само ја завршувам играта.
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.890
Поени од реакции
2.481
Д.
денеска станав порано и скоро цел ден сум зафатен.
кревав, влечев, туркав и сега сум капнат :cautious:
сакам да гледам добар филм и да се одморам ко што треба.
инаку полека им ги откривам вистинскте лица на луѓето околу мене ;) трпам, трпам и на крај се знае....БУМ......
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.559
Поени од реакции
9.577
Еееј не ми се верува. После месец и 5 дена конечно ќе дочекам слободен ден и ја. Капнат сум ако ми веруваш. Утре мислам има цел ден да го прележам.
Те Сакам. <3
 

Chanel

I feel like a tiny bird with a big song!
Член од
22 мај 2011
Мислења
478
Поени од реакции
307
Драга,
А да ти дадам јас тебе еден пријателски совет, онака од искуство? А, што велиш? Па да бе златна, во врска со љубовта. Не се заљубувај! Никогаш. Само тоа немој да го правиш. После се е ѓабе, верувај знам што зборувам. Еее не ги слушав јас кога ми зборуваа мене, па еве 1 и пол година си се мачам. Лошо е, лошо.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
27.909
Поени од реакции
52.322
Кајги братучед ми ме пресмеамл вечерва...:D
Какво ни е здравствово лелеееееее....
Пред некое време имаше проблеми со грлото и отиде да се испита.
И сега му даваат резултати откако прво дал крв ииииии:
Докторот:Немате проблеми со грлото, ама Ц (и врти со главата ко да збори со некој тешко болен)...
Братучед ми: Што Ц?
Докторот: Имаш Хепатит Ц
:pos::pos:
Братучед ми и тетка ми пребледеле, одма го однесле да му дадат терапии.
На тетин ми кога му кажале му се стемнило...
И кога после виделе дека резултатите не биле негови :pos::pos::pos:
Ауууу колку сум се смееел хахахахахахахахахахахахахахахахахахахахахаха
И на мајка ми и е роденден денес, покрај роденденов на нашата мила република.
И пишав пораче вечерва и многу се израдувала. Заплакала од радост :)
Алиииииии пак ми е тешко на душава кајгиииии:(
Сакам една личност да е крај мене, ама е далеку од мене...
Сакам да ја гушнам ама ќе почекам некој ден...
Ме ебе животов од сите страни. Ама ако, тоа што нема да те победи те прави посилен. Цел живот излегувам посилен од неправдите, но еден ден мислам дека срцево нема да ми издржи...
Како и секогаш насмеан, ја чекам и секогаш се надевам на подобрата иднина:)

EDIT: Најбитното го забораив бре :D
Прееска покрај тоа што ќе се угушевме од смеење, ќе за угушевме и ради кретените што им текнало во 12 навечер да прскаат против комарци. И тоа со камиончиња, и такви што испуштаат отров поставени на висина од околу 2 метра. Ги затруја сите улици...
Уште се осеќам како да во секој момент ќе престане да ми чука срцево. Да им ебам мамицата у пичка да им ебам:mad:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom