Драга,
вчера ми беше најубавиот Валентин што може да биде. И најубав ден во мојот живот. Заплакав од среќа.
Мислев дека нема да го славиме Валентин и искрено малку бев разочарана, плус глеав Харперс ајланд и најубавиот пар у светот на филмот ми го утепаа у пм се изнаплакав и цел ден бев у некое такво расположение. И туку вечерта, неочекувано-поклонче. Ружа, чоколатчиња од Милка у форма на срце и шолја. А на шолјата-посвета. И ај како да не се расплачеш. Му ја правеле по нарачка, напред има слика од двајца вљубени и има натпис Д & Д и ја се стопив, посветата не ја ни приметив. И кога седнавме на пица пак го зедов филџанот за да го видам поубаво и он ми вика прочитај позади што пишуа. А позади имаше цела строфа, и на крај "Те сакам, Давор". Од очиве поплава. Најубав поклон ever. Срце. Уште се топам. И цела вечер само заљубено го гледав. Убиќе ме романтика.
Инаку, драга, дур ти го пишувам ова, у позадина Онур и рецитира некоја поезија на Шехерезад.