Абе.
Нит празник, нит бутур.
Цел ден мислам на мачакот што го најдов со скршена карлица
Го натофтав во ќебиња, му оставив млеко и го скрив под балкониве у населба. Дома не смеам да го донесам.
Утре, ако е живо ( те молам, Мачору Врховен Богу) ќе го однесам на ветеринар.
Немам ебан денар, ако ми побараат.
Ама сакам да го спасам.
Цел ден ми е шашав, како детски ракопис.
Ми се јаде пастрмајлија. Пола саат пробувам да се логирам на Фб, и нејќе, па заглавив во гурманското катче овде.
Чудесии.
Ме боли стомак, пијам млеко со несквик, и не ми се гледаат филмови. Сама во соба, мислам што да правам утре со кутрото животинче.
Кај ме најде сабајлево да ми пукне срцево од тага што не можам веднаш да го однесам на ветеринар!
Се надевам на најдоброто, го очекувам најлошото.
Така ми е кога сум мачкарка!
Е ајде пријатно сега.
Медс, цела во думи.