Кајганче!
Не бе, не е можно ја да сум окезена 24/7
.Чудно ми паѓа зошто секогаш се јавувале измеѓу моите изливи и искрички, а сега ги нема.Изгледа дефинитивно ги искоренив
Убав живот живеам Кајганче, имам скоро се што ќе посакам, не се жалам, не сум огорчена и цело време ја носам насмевката на мене заедно со симнатите 13 кила
Спојлериве не ми пречат освен во моментите кога претставуваат одлична можност за некого да ме нападне и да ме преврти од голицкање.Заклучок: Мартина симнувај ги и нив!
Мислам дека повторно ги живеам моите тинејџерски години, но овој пат многу, многу подобро.Го искористувам секој момент, секој допир и насмевка со умерена доза на разум и емоции(океј освен вчера, вчера стварно не знам што ми стана, се швркнав скроз
).
Патем, морам да прекинам да се враќам во 6 саат дома, не дека не ми се вари кафе за моите пред да одат на работа али Кајганче, со полузатворени очи многу потешко и поспоро иде тој процес.