Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.155
Поени од реакции
23.299
Зошто бе ? Шо ти текна па сега ? Арен план си имав, ае.
А и чудо е колку делуваш на моето расположение.
 

Lux

Inglourious
Член од
25 октомври 2010
Мислења
1.189
Поени од реакции
888
на втори мај полагам на факс професориве почнаа да се дрогираат бе, као коњи
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Драга,
Гледам темава сеуште ми е активна, иако на доста луѓе не им е по ќејф. Тоа е добро и ме радува.:P Но, камо да беше така со се` друго што сум се потрудила да направам во животов.
Туку, до пред некое време мислев дека е лошо да живееш со онаа народната дека после дожд доаѓа сонце и обратно. Си мислев дека така само си штетам со тоа што не уживам доволно во убавите моменти. Но од друга страна, секогаш бев голем оптимист и реагирав солидно добро на лошите, затоа што нели после нив доаѓаат добрите нешта. Откако прекинав да се водам по тоа, мислам дека се докрајчив. Ни убавите работи ми значат нешто, ниту па лошите знам да си ги носам. А не знам како стигнав до тука. Можно ли е да сфатив какво лајно е животов, а притоа истото да е вистина? Е тоа е навистина гадно, и не остава простор да почнеш повторно да размислуваш како порано.
Не знам до кога, но засега заглавена сум во неподносливо тежок момент, а да, ќе ми беше мило да заглавев во било кој друг освен во овој.
А ти што ме потсети на песнава која не си ја вадам цела вечер од глава, еве поздрави се уште еднаш со истата:pipi:

...don't say that later will be better
now i'm stuck in a moment
and i can't get out of it...:(
 
К

Кики.

Гостин
Драга,
сум ти кажала колку мразам шпански серии во приватен живот, така? :sick:
Епа, како за инает, во моментов ми се случува една.:sick:
Да ставам уште едно вакво :sick:?
Не можам да ги сфатам луѓето кои комплицираат едноставни работи, а женско сум. :cautious:
Така Драга, крајно „револтирана“ од глупоста на некои луѓе, ќе си го поминам денот во слушање музика.
Еве ти една :)
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Seriozno, treba da se priberam!
Cetvrto nes od sabajle, a pak mozam da zaspijam na trosedov. Duri I ne znam dali sanjav deka Filip I e brat na Ana-Marija ili stvarno I e. A bolkava na maloto prste me ubi!
Gledam pick of the day I se prasuvam koj gjavol me natera farmerki da oblecam denes.
Slusam palmi sme imale :D
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Ups and downs цел ден. У петок коа ке ме изнервираат, се изместувам од оската.
Деновиве сфатив дека не сум толку силна за да можам да си ги контролирам чувствата. Се тестирав за еден куп работи, успеав, ама ова не можам. И пак се зезнав. Овој пат ужасно ке боли. Ми е страв. Ми се плаче. Се спремам за лошо. Нормално, очекував. Очекувам.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Драга, зошто сите им придаваат толкаво значење на бројките? Зошто за да научат мало дете да собира и одзема прво нешто што го прават е го учат собирање и одземање со пари? Зошто некои луѓе мислат дека може да се опишат со некоја глупава статистика? Зошто?
 

TheGeneral

Арогантно копиле
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
583
Драга, ного е занимливо да ги откриваш ситно-големите разлики меѓу 16 и 26годишни. Знам, безобразно е, ама љубовта стварно нема градници изгледа! :D
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
1.170
Поени од реакции
2.635
Вчера не држеше прсти осеќам , ама нема везе ...
затоа у недела ќе се попраиш , знам уверен сум во тоа
биди ми поздравена :)
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.417
Поени од реакции
16.694
Кајгано,
уш еден оооодлично поминат ден, со фино друштво кое за воља на вистината морам да направам се за да биде почесто у моја близина. Одлично се чуствувам после поминатото време со тоа друштво, па коа ќе си дојдам дома осеќам дека ми фали :pipi:
Инаку денес, полагања, жештини, сообраќајки на секој чекор.
И тоа....
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.658
Поени од реакции
35.294
Кајгич

Во нашава мила и напатена Македонија луѓево едноставно не се научени да почитуваат ред, правила, прописи. Па зар е можно БРЕЕЕЕЕЕ да не се знае да се застане фино и културно во ред, па да си чекаш кога ќе дојде твојот ред, туку мора луѓето да се однесуваат како што туку да слегле од планина, па да истуркаат се живо и диво за да влезат и да завршат работа порано или можеби нивното време да е подрагоцено од моето :cautious:
Оди на лекар, дреми си пред врата и се ќе се најде некоја госпоѓа или некој господин кому времето им е пари, па фино лепо пред целата таа ‘‘чекачка раја‘‘ ќе си влезе внатре, немаат време тие да се мешаат со останативе смртници кои чекаат пред врата.:mad:

П.С. А да се воведе еден закон за чекање во ред? 50 евра казна за оној кој сака да влезе преку ред :sneaky:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom