Драга,
внука ми е срце.
Денес малку ја шетав и ја сретнавме нејзината наставничка по англиски и детево ја поздравува : „Hello teacher! " -
Прво одделение и гајле нема. Наставничката се изнасмеа и почна да ја фали, а мене некој да ми го видеше лицето во тој момент ќе мислеше дека мене ми е дете.
Кога си дојдовме дома одма почна да и вика на мајка ми: Лелеее бабо, па тета ме шеташе таму каде што шетаат наставничките.
Драга, знам дека во последниов месец многу повеќе време им посветувам на нив ( не дека порано не сум им посветувала), ама тие навистина се добро друштво, а и уживам во времето пред да ги фати пубертетот. После ќе почнат дечковци, излегување со друштво, па нема да им бидам толку интересна. Сега се интересираат за тоа како дишиме, плачеме, се смееме и слично, а јас уживам да ги научам и да ги поттикнам да учат уште повеќе.
И така Драга, напорниот ден помина кога ги видов нив.
Ајде поздрав (знам дека многу ти пишувам за децава, ама тоа е - многу си ги сакам)