Не беше така одамна кога во финале на СП Италија ја тепаше Франција...
Како фан на Франција бев реметен од сите другари кои во ова финале навиваа за Италија. Пет минути по крајот на мечот, дремам дома ко мисир и се нервирам за изгубениот меч, надвор 100 степени иако беше скоро полноќ, па морав да седам со отворени врати. Кога слушам песна од надвор и гледам дека другариве доаѓаат да пукаат сеир
Зошто ти го кажувам ова?
Пошто ја пееа песнава, само со милион утнати зборови
Аџете коркоро ала трискоса банге ла роса банге ла роса
Close enough
Тоа е моментот кога немаш појма од текстовите на странските песни па си лупаш свои зборови
Сепак никој неможе да го надмаши промашајот на еден што е најголем стап на светот за Англиски и кој место ole ole ole we are the champs пееше оле оле оле а хандуче а хандуче
Гледајќи го животов се каам што не сум живеел во Екс Ју
Друже Тито ми ти се кунемо, ќе сум трчал штафети, ќе сум дупел Бугарки и Маџарици кои ќе ме гледале како да сум Бил Гејтс, ќе сум патувал по целиот свет за ич пари, ќе сум ширел братство и единство, Вардар ќе играл пред полни трибини во првенство со Ѕвезда,Партизан, Хајдук, Динамо, а не ко сега со Турново и Ренова
итн...
Со тие пари со кои татко ми шетал низ цел свет сега неможам ни до Драчево да отидам
Кретен глуп, сега дури сваќам зошто постариве комшии ми викаа дека тогаш поубаво се живеело ама не сум можел да сватам пошто сум го пропуштил тоа време. А јас ќе се топорам немало слобода нан говор, немало ова немало она. Еми од слобода на говор не се живее, туку од пари кретен еден
Песнава страшно ми го крева адреналинот
Се замислувам како цепам со некој скапан автбус по автопат, ја имам токнато до даска, главата ми е извадена низ прозор и им се кривам во фаца на сите што ги гледам по патот
Да знаеш што ќефови сум кога на некој ќе му текне да ја испееме комуњарскава верзија на химната на Комити
Не ја имавме пеено со години, и конечно пред некое време некој ја запеа, за да се напалам ко млад мајмун пред парење и сам да се издеравам како нетачен
...Вардар але але але алееее, Вардар але але але алеееее ДА ЖИВЕЕ ВАРДАР И МАКЕДОНИЈА!...
Него што ми беше муабетот...
Мора да пораснам некако... Ептен имам црви во газов, распуштен сум како килибарна лисица да ти ебам... Немам осет кога правам глупости... Кај ќе ме примат да работам негде, со вакви будалаштини
П.с. се оправи времево и се изнаиграв баскет. Последниве 3-4 дена едно 12 саати имам играно...
Ко и секое лето си го напукнав прстот...
Ете ги сите мускули почнаа да ме болат, а тоа ми се допаѓа, време е да се симне зимскава наслага
И денес цел ден сум одел со шорцевите облечени наопачки...
Али кое машко ќе ти примети таков детал
Затоа другаркиве од маало ми се скапаа од смеење
П.п.с утре ги вадам железава <3