Драга Кајгана,
Последен ден во Орландо
Но да почнам со ред
Вчера успешно си го сокрив роденденот на ФБ, само 40-50 (од нешто над 1111) пријатели ми честитаа, што ми е посебно драго, за разлика од последниот пат кога ми беше јавно објавен роденот и ми стигнаа миљон честитки и од луѓе што ги знам и од луѓе што не ги знам. Вака многу пофино, само оние кои навистина ги сакам и почитувам, освен едно девојче, ама нејзе ќе ја запознаам, еден ден, ми се чини убаа
Исто така го ѕирнав In Time, моооошне интересно филмче
И гледав Орландо-Бостон, навивајќи пред ТВ за Бостон бидејќи и се омилен тим на Рокенрола, ама после 3/4 сум заспал
) Се разбудив некаде на средина на следниот натпревар Лејкерс-Вориорс, ама бидејќи денес имав напорен ден, само изгасив ТВ и продужив со спиење.
Денес беше мошне забавен ден. Почнувајќи од шоферот на бусот со кој бев до Дизниленд. Поранешен војник на us army кој служел некое време у грција и ми се пожали дека тоа узото било опасно
Исто така се пофали дека има жена украинка, нормално, многу убава, и пие алкохол како украинка
Енивјз стигнав во Disney University, место во кое ги подготвуваат новите кадри за работа во тематските паркови и бродовите на Дизни. Направивме обиколка низ Меџикал Кингд’м и на крај добивме нејм-тагови. Добив и копија од бродот на кој ќе работам, само мнооооогу помала верзија, играчка
И како што на претпоследниот ден во Мајами потрошив 70$ за гупости, така и сега на последниот ден во Орландо потрошив 70$ за глупости
Додуша освен чорапите 4 за 15$ (немаше поефтини од тие што ми требаат у продавницата) и шорцот за 15$ другото се беа сувенири, што за мене, што за драги луѓе. И ДААА... си купив нова маичка со која ќе бидам највечи шизик на следната собиранка на која ќе се појавам, ќе биде изненадување