Многу сум среќен кајги
Иако вчера немаше место од телото што не ме болеше, сум се виткал од болки, сепак си излегов со девојката, ја изненадив до максимум и си поминав најубава вечер
Денес, дербито на македонската лига.
Комити со инвазија на маџари. Прво кркнав ќотек од желкине, па ми го скинаа дуксерот, па губевме 80 минути и на крај......
И на крај 1-2 за делириум
Солзи ми потекоа од радост!!!!!
Уште повеќе се осетив горд што покажавме дека сме група број еден во Македонијава и им ги затнавме устите на критичарите!
Моментот го долови и и моето дело на враќање накај дома. Застанав сред булевар дури поминуваа коли, за да го спасам едно повредено маче, кое беспомошно лежеше на асфалтот
Има моменти кога стварно се гордеам со себеси