Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
11 март 2023
Мислења
1.448
Поени од реакции
1.849
Никогаш не сум видел некој да се поправи преку гнев, туку секогаш преку љубов. Тогаш, тој е спремен дури и на жртва. Значи така треба да постапуваш. Земи се себеси за пример? Како се смируваш – со викање или со љубов?

свети Јосиф Исихаст
 
Ф

Флеш

Гостин
Факинг го мрзам ова драга ....


Кога немаш пари, знаеш шо сакаш да купиш ...

Кога имаш пари , збунет си и не знаеш шо сакаш да купиш ....

Немаш пари,едноставно немаш опции ...
Имаш пари,имаш пуно опции да бираш ...
Дали едно,дали трето .

Иначе најтешка поука . Не си сигурен,тогаш одлуката мора да е НЕ .
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.600
Поени од реакции
6.019
Ко че има пари чоек, че си купи Ланкастер за бронзени бицепси (и глутеус.хехе.ком) летово, и знае дека не направил грешка, без разлика на цената. Производот не остава простор за полемика. :anco:

Нека не лажи името. Можда е крстен по градот и династијата во Англија - познат како лулка на Тудорите. Но! (следува податок од витална важност за целокупното битосување на сите луѓе и оние што се трудат да бидат тоа, кхм) - брендот е чистокрвен француски, или поточно кажано ројалти француски - се произведува во Монако. За тој луксузен.бронзено.златен.Ст.ТропеЗ.отсјај, Ланкастер ќе ве снабди со: секаква врсти кремови за Корпер и Лице, масла, спрејови - кои го чуваат тенот еден месец после сончајне, и за оние најочајните ко мене (шо неможат да фатат бронза), емулзии за самопотемнување (ова ми е ептен Трамп потег, знам).
Како и да е, да живеа европската бронзена кожа! Ај исплакнете очи со сполјерот доста ми ги гледате тоа турците со жолтосани бради по тоа жмаро телевизиите таму.

Фан(бој) факт, Линда ја остава Канада во 96та. Како модел во пензија(?), се сели во Вила на Свети Тропе. Таму живее до кај 2003та. #Биографии #Што #Ми #Значат.






 

Лаик

Романтичар
Член од
4 август 2018
Мислења
1.423
Поени од реакции
3.127
Последниве години приметувам еден од многуте феномени (пошто како река надоаѓаат и кој ќе им најде ред и крај на сите процеси кои паралелно не шибаат што по телото што по духот)..

-Машките рокаат тетоважи со цркви,манастири и по некој светец а немаат во нив ни Д од духовност а ни В од вера...

-Жениве пак од друга страна објавуваат слика од некоја светица на која и е денот кој црквата ја слави..и што е најтрагично мислам дека се идентификуваат/поистоветуваат и тие со таа светица(као демек и они се на нејзино ниво :cautious: ) на онаа која име носат,и воопшто немаат поима дали е од православна или католичка вера..обично се најуфилмани оние на +40 т.н мамини принцези на кои им следува менопауза за пар месеци...која глупост и прелест невидена јеботе...
 
Последно уредено:
Член од
11 март 2023
Мислења
1.448
Поени од реакции
1.849
Тетовирање на цркви, манастири и по некој светец, е по мене најпрост тренд за докажување. Не знам дали ова се случува само околу мене, но луѓето што имаат таков вид тетоважи се обично шлајмот во општеството. Дали тие сакаат да го прослават Бог, или само да привлечат внимание од другите? Мислам дека преовладува второто. Тоа се најчесто луѓе кои се подложни на многу пороци, на алкохол, на коцка, на обљуба и желба за материјална корист.. луѓе кои Бог го имагинираат како стар дедо, со побелена коса и брада.. Тоа се најчесто луѓе со изгубени вредности.

Но! Кој сме ние да судиме.. кој е толку безгрешен за да му суди на другиот. Премногу очекуваме од луѓето. Превидуваме дека секој човек се наоѓа на одреден степен од духовниот развој. Друго,го познаваме лично или не, човекот кому судиме?.. Најчесто лично не го ни познаваме човекот, тоа би требало да е доволен факт за да застанеме. Посебно кога не ја знаеме целата вистина. На крај, судењето и осудувањето не дефинираат нас, не тој што го судиме.

Ќе речеме дека не судиме, туку дека критикуваме и заштитуваме. Но, за таков подвиг потребна е и просветленост на умот, а очигледно повеќето тоа го немаме. За благотворна критика е потребна сострадалност, а за сострадалност е потребна просветленост, а дека сето тоа сигурно недостасува се гледа од некултурниот и самоуверен начин на обраќање.. - Митрополит Струмички Наум.
 
Член од
11 јуни 2021
Мислења
361
Поени од реакции
792
Како да поддржиш македонски бренд кога едно блузиче е 1600 денари? :confused:
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.901
Поени од реакции
17.546
Од толку заебанции и разни глупости што ги имам учено колегите и странци да кажуваат на македонски вака по Германија, а ги имало многу, најомилена ми е на еден колега Романец, го научив да скандира Вардар Скопје, не работиме одамна заедно, го гледам викендот во дискотека направен лом со некоја матна романска екипа, уште од прва кога не виде со брат ми почна да урла, ги натера и неговиве да викаат, така не сум се смеел од душа одамна.

ПС: Почнува лето, а јас уште останав заглавен во минатото.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom