Драга Кајгана (виртуелен дневник)

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.752
Поени од реакции
10.440
Да дополнам.
Ке го легне бебето и до него со памперси, портокали, 20 чифта кондури, лего коцки ке напише кој месец е. Тоа првите 12 месеци. После од година в година го следиме прогресот на детето, секако во позадина со златни балони и повише гости на роденден отколку на свадба.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.977
Поени од реакции
55.047
Имам еден пријател, до душа познаник, и ете го имам на фејсбук некако преживувал со тек на време, не дека објавува нешто ама ми искача на почетна пошто го тагнуваат. Жена му.
Имаат син, сега имаат и девојче.
Ајде интересно беше 1, 3, 5, 9, 12, 18 месеци кога му одбележуваа и славеа.

Моментално малиот има 41 месец. Не знам тоа колку е у години, не дека е квантна физика ама за инат нејќам да израчунам. Е такви инати ме фаќаат некогаш. :D
И намерно не го бришам од пријатели, намерно ќе чекам и ќе следам до кога мајката ќе му брои месеци на синот. До 100ка ваљда. А може и вечито.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.341
Поени од реакции
7.453
Драга Кајгана,

Во недела треба да се качам пак на брод. Одморов летна како ластовичка. Од интересни настани го фатив само концертот на Елементал. Април е полн со интересни настани, ама морам да се вратам назад на брод бидејќи сум се родил убав а не богат.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.367
1680098388207.png

Ова е најгадниот тренд за „разубавување“ некогаш измислен! Личи ко некој да го исекол газот на некој павијан (бабун) и да и го залепил на муцка. Или ко да и вградиле виршли. Драга, немој ти некогаш да си направила нешто вакво!
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
Драга Кајгана

Слушнав деца како зборат за тридневни екскурзии, екскурзија за Италија, финансии, џепарац и еве давам еден appreciation post за сите родители, за сите кајганџии и кајганџики што се скрпуваат на скапотијава да платат све што треба и да и да ги обезбедат децата за нешто вакво.

Јас не знам како моиве издржале со две деца да да купуваат нива, да прават куќа. Збориме за две работнички плати за луѓе кои никогаш не биле на позиција. Успеале да ни удоволат да одиме на сите екскурзии да имаме секад џепарац. Сега знам колку тоа било жртвување. Се лишиле од одмори, гардароби, штеделе. Далеку од тоа дека со брат ми сме биле размазени деца , сме ја гледале јасно ситуацијата колку и што можеме, плус секогаш сме помагале. Ко вчера се сеќавам први оригинал патики купив во средно 3та година не знам како собрав пари и тоа 2ипол илјади едни плаво бели адидас уште ги памтам како пред очи да ги имам а дотогаш викав да живее битпазар. Фала богу израснавме ценејќи вистински реални работи и научивме да бидеме тука едни за други.

А на мајка ми и купив саат касио и три дена ми збореше скап бил, ама зошто, ама вака, ама така. Јас знам дека нема ништо поскапо од неа и сега кога можам ќе ја разгалувам и ќе купувам се што таа досега не си дозволила.


:cuc:
 
Последно уредено:
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.229
Поени од реакции
7.883
Први орГинал патики што викавме ко помали ми купија за полуматура, ги носев до втора средно, неколку месеци ги носев со дупка на едната патика али нема врска, средно екскурзијата со 50 евра ја поминав, но сепак сум благодарен што и тоа ми го овозможиле моите, знаејќи дека не сме во којзнае колку добра финансиска состојба.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.058
Поени од реакции
11.027
Прво нешто што сум купил оргинал е копачки. Некаде 4то одд, 3 дена плачев за да ми ги купат. Имавме една утакмица после тоа во Македонски Брод и сите се собраа околу мене, мислеа дека Роналдо 9 е дојден.
Први патики некаде 7-8мо одд, ми дадоа од дома 1000-1500 ден да купам се знае од каде, и јас имав мои пари и опнав едни од 5000.
Нормално дека дома кажав дека сум ги купил 1300 ден и им вратив 200ден. :D
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.814
Први копачки ми беа Најки. Тоа ми беа првите Најки. Сите идевме со копачки у школо. Три тона земја и кал имаше увек у училница.
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.424
Поени од реакции
19.545
Ја па како мал имаше акустичну гитару сс едну жицу. Никад не ги стави сфи жице и никад не научи да сфиру, ама сфаки дн она ми беше носач на авиони,а моја соба бескрајно море.
Изглеаф слично нели.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.588
Поени од реакции
81.174
Сеуште немам купено оргинал патики, порано дека немале моиве дома а сум сакал, а сега дека немам желба нит интерес да купам... а и онака повеќето (значи НЕ СИТЕ, туку повеќето) купуваат само за да бидат видени и да им порасне егото, нема врска тоа што се заглавени во кредити и јадат леб и паштета на крај на месец. Патики 6000, тренерки 4000, ајфон 35000, а нема 200 денари да стави бензин на колата. Ајт иди упм...
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.610
Поени од реакции
8.478
Имав едни но нејм копачки со црвена ѕвезда какознакче ама кожа, квалитетна копачка. Ми ги дадоа кога играв за една екипа 3 лига, малку носени...разгазени, имам дадено добри голчиња со нив. И имам еднаш у кафана влезено со тие, железни крампони...сега да те видат со такви на клоци ќе те исфрлат од терен :LOL:
Сум имал и едни најк 90, рибок два пара, лото и т.н...сега носам едни најк, ќе се пензионирам изгледа со овие.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.569
Кајганеровска, одамна постовите во темава си ги пишувам за некогаш да си ги читам и да си ја освежам меморијата. Почнав да заборавам со годините :D

Се пофалив пред некоја година дека со одењето во Македонски брод, ги заокружив сите градови во Македонија, односно ги имам посетено барем по еднаш.
Ете ме и после толку години и пропуштени шанси за работа во странство, останав тука. Можеби правилна одлука, можеби не, времето ќе покаже.
Да направам една обиколка на државата, согласно мемориите кои ми останале од градовите и некои околни села. Голем дел од градовите можеби и никогаш немало да ги посетам ако не беше Вардар.
Куманово, како прв соседен град, не сум го посетил нешто особено детално. Три натпревари на Вардар, сите исполнети со тензии. На последниот отидени на своја рака, навивање без официјално присуство на групата, пораз од кој паднав во депре и ја откажавме кафаната после утакмица. Да знаеа Кумани дека носиме знаме во нас, на 4-ца души од кое едно девојче, мислам дека немаше провокацијата да заврши само со меѓусебно скандирање :D
Имав многу колеги во градот за време на студии, само еднаш бев на кафе кај едниот и на свадба кај другата колешка, пред некоја година. Ми оставил впечаток на сообраќајно хаотичен град, но кој град во Македонија не остава таков впечаток во последно време?
Крива Паланка е град во кој сум шетал многу повеќе отколку во Куманово. Последно бев работно од позиција на „претпоставен“, така што ме изнашетаа домаќините. Акнавме по некоја ракија и пастрмајлија, вафли... За овој град ме врзува и една меморија за првата екскурзија во средно, во околината на градот кај манастирот. Многу алкохол, прво запознавање со поголемиот дел од генерацијата. Не нападнаа тамошни наркомани, ама ги грабнавме со другар кој носеше нож за делкање и ги избркавме. Двајца ги фатија како се ебат во грмушка и ги избркаа уште во првиот месец од наставата. Таму ми е и селото со најинтересно име (Б'с), како и Мождивњак каде што лапнавме казна за брзо возење.
Ако кај Страцин завртиш десно, одиш кон Кратово. Веројатно сум еден од ретките скопјани кој во Кратово бил над 10 пати, а да нема роднини таму :icon_mrgr:
Секако 90% од одењата биле ради гостувања кај Силекс. Никогаш нема да се заборави пешачењето од Страцин до Кратово, кога не не пуштија да влеземе во градот. Запознавање со околните села, јадење сливи и една бабичка што ни мачкаше леб со маргарин. Пцуење по Ѕинго, закани дека ќе се прекинат утакмиците и наслов „Комити правеа зулуми низ Кратово“ кога еден тамошен жител не бркаше со пиштол. Минатата година дојдовме 3 саати пред утакмица за да ја пробаме пастрмајката. Ама, кога ќе ти дојдат 150 гости ненајавено, веќе нема ни ред, ни можност за сите да се услужат. Ни П од пастрмајлија не видовме, а се погоди ден недела, ништо не работеше. Цркнав за јадење, среќа едно чиче пред стадион продаваше кроасани 7 days. Уплав имам од патот кон стадионот. Тесно закривено патче, полн автобус во кој се прави зига-зага и само чекаш да паднете во провалија. Пастрмајката ја пробав после некое време, на туристичка посета во градот. Чиста 10-ка, ептен ми направи ќеиф, а богами и на другите гости. Ќе ги издвојам и Куклиците, интересна градба од мајка природа, штета што не се вложува доволно.
Одиме во Пробиштип. Ако повеќето го посетиле преку Аква паркот, моето одење повторно е поврзано со Вардар, ама овојпат со кошаркарскиот клуб. Гостување на трета лига на КК Вардар, цел град го кренавме на нозе (утакмицата се играше во некој ултра ран термин). Кортео од центарот до салата, ни се приклучија еден куп деца за сликање. Убаво искуство и два бода од поведата во школската сала.
Штип, Кочани и Виница не можам да ги одвојам еден од друг. Покрај од утакмици, сум ги посетил еден куп други пати, особено центарот на источна Македонија - Штип. Како љубител на возење со воз, сум уживал во враќања со воз кој тргнува во 4 и пол сабајле од Кочани. Со навивање во воз после искачање, па комирање до Скопје. Во Кочани сум бил во неколку кафани, сум јадел профи гравче. Сум бил на концерт во Аква дискотеката, сум јадел затворени пици од најдобрата пекара после искачања, сум се шетал на Пониква, прекрасни ливади има. Сум спиел по неколку денови, сме правеле добри вечерни дружења, сум доручкувал на Гратче браната. Последно видов дека и таму завладеа сообраќајниот хаос, улиците претворени во паркинзи. Три пати одам да јадам од италијанската пицерија, ама никако да ја начекам отворена, ебате баксузот. Виница како ривалски град, од мал ме воодушевил со убавиот парк и школото Гоце Делчев, кое на времето имаше шаховски фигури во ходникот и игралиште во кое на едниот гол немаше пречка. На екскурзија во основно, дадов гол за победа на нашето школо против нивното, па се испокаравме дали влегла или била висока. Имам јадено супер тост и сум си поминал топ во Баракуда диското (ако може да се категоризира како такво). Овие три градови ги спојува пекарата „Камел“. Не спасил бурекот од Камел на неколку пати, особено после едно спасување жива глава од Берово :D
И секако, лимонадата од таму или ко што би рекле они, каква лимонада сакаш од лимон (со строг акцент на о) или боровница?
Секое одење во Штип ми е врзано за јадење пастрмајлија во „Мал одмор“. Стандардно нема маса за скопјани, ама ко ќе се јават другариве штипјани, одма се ослободува нешто :) Највеселиот човек што го познавам е од Штип, сто пастрмајлијади, пивофести, пиволенди, питијади сме поминале заедно. Сред црна темница дојде да не земе од Свети Николе (ни се расипа колата) и да не смести кај него да преспиеме. Сме ги поминале сите кафулиња, сум го шетал градот пешки од Исарот до сите споредни улички. Зенделино ми беше хит маркет според неговото име, уште многу години пред да се пресели во Скопје. На Пастрмајлијада сме имале најјака шутка на Амстердам од Рибља Чорба.
Еден град во кој вреди да се издвои само кафаната (Пуже, а која друга?) е Свети Николе. Вака од последното одење со автобус низ целиот град, можам да кажам дека ја има една од полошите автобуски станици, барем од градовите кои имаат станици. Ама кафаната си грми. Стадиончето исто не е лошо, штета што Овче Поле не влезе во втора лига. Прилично пусто место, без многу надеж за во иднина...
Од пустелиите го имаме и Пехчево, со убавите водопади. Само еднаш сум бил таму и тоа на кратко време, по враќање од Берово. Освен другарите од Комити од пехчевска околина, не би можел ништо повеќе да издвојам за оваа пустелија.
Делчево е град во кој не сум бил од екскурзија во 4-то одделение. Бевме сместени во околината на Делчево, но не шетаа и во градот. Сместени на Голак, имавме луда диско журка во подрумот на сместувалиштето. Спиевме сите машки од класот во една иста соба, на кревети на спрат. За часовите по ЗПО, не тераа да собираме лепешки кои ги влечкавме до Скопје.
Во Берово сум бил повеќепати. Последното одење го закитив со прејак помин во МРС и убава обиколка околу езерото и планините. Прекрасна природа, штета што и покрај толку изградени вили и хотели, градот е пуст.
Сум бил и во Митрашинци, а никогаш не пропуштам да удрам слика и од знакот во село Мачево. Ме закопка и како Будинарци со руинирани куќи има скоро 500 жители на последниот попис. За Берово сепак вечно ќе ме држи сеќавањето на еден концерт на Северина кога се направивме дупки и цела вечер пеевме комитски песни пред диското, додека во позадина се водеше тивка војна меѓу пехчевци и беровчани, во која на крајот ние ќе го изедевме стапот. Цела сурија им се собра на пехчевци во караница за девојки, а ние ќе ги браневме додека не се свестивме дека сме тројца против 15 души :D Се погоди еден аеродромец меѓу нив и така излеговме живи. Тоа е кога ќе помешаш пиво, вино, шток и се што ќе најдеш друго по масите. Вечерта не заврши тука, неможејќи да се вратиме за Скопје, спиевме во кола во двор на школото :icon_mrgr: Смрзнавме како кучиња.
Поради лошата состојба, не продолживме на концерт на Цеца во Каменица. Фино градче. Уште еден релативно иселен град, но убаво среден, со неколку фини кафани и топ стадионче. Убав излет се прави и на Калиманци. Заглавивме со колата во кал, едвај излеговме на патот. Добро е кога познаваш локаци секаде и се желни да помогнат :icon_mrgr:
Во Радовиш последно бевме за гостувањето на Вардар есенва. Си го фативме денот од сабајле. Пазарна сабота, еден кајганџија не прати во најголемиот хаос да бараме кафани околу пазарот :icon_mrgr: Во пријателските провокации со локалците, се соединивме повеќе екипи и кортеото од плоштадот заврши во еден ланџ бар во кој буквално се испи цело пиво во Радовиш. Сомуните/татлиите дефинитивно ме освоија. Јадење до умирачка и атмосфера подобра од навивање на бројно дерби. Се пееше со часови, за на утакмицата да не убие сонце и катастрофална игра на нашите. На крај, во депресија паднавме, како пресушената река што можеби некогаш течела низ градот, а сега служеше за чување коњи на тоа јуручкото племе.
Лозово не е град, ама е општина позната по „нема лаже, нема предаје, шпоретот оди кај ќерката на градоначалникот Ацооо“ и Атиџе, секако. Не сум бил во Дурфулија, ама сме мезеле во кафанчето во Лозово, со напуштениот автобус на ЈСП до него на кој пишува КОМИТИ со бел спреј. Сум гледал утакмица и на Работник Џумајлија.
Радовиш имал големо ривалство со Струмица. Центарот на тој дел на Македонија. Ако нешто асално направи зајакот, тоа е средување на Струмица во годините кога беше градоначалник. Немам нешто премногу шетано низ Струмица, надвор од утакмиците. Сум бил многу пати на натпревари, во неколку наврати доаѓајќи часови претходно, што ми овозможило да го прошетам градот. Јадев бургер од улична сендвичара во јули, таков стомачен вирус во животов не сум закачил, мислев дека ми дошол крајот. Убави спомени ме врзуваат за градот, неколку важни победи, особено онаа со Малме. Треба да ја посетам и околината подетално, бидејќи навистина има што да се види.
Во Богданци сум бил на пивце, сум се шетал по плоштадчето и сум бил во топ рибник/ресторан надвор од гратчето. Имав и девојка од таму еден краток временски период, која лажеше дека е гевгеличанка... Сум се шетал до стадиончето на ФК Вардарски и мило ми е што воскресна во трета лига годинава.
Дојраните не се градови, ама особено ги обожавам. Секогаш прекрасно си поминувам. Убаво рипче во едно кафанче кај пазарот, убаво месо во Фук Так. Сакам да се бањам во Дојран, уште во ран мај, кога градот е празен. Секогаш ќе ми остане во сеќавање, бедното детско катче во центарот на градот, каде што еден мал рингишпил беше врзан за приколка од една кола во распаѓање. Уживам да шетам по пешачката патека, делува доста релаксирачки и да вежбам во справите во паркот.
Валандово сум го посетил како мал, бидејќи купувавме делови за сто-кецот кој ни се расипа на еден одмор во Дојран. Го посетив и пред некое време. Решивме дека треба да одиме на благо во градот. Отидовме во единствената слаткарница.
Штура понуда, со цени кои ни ги зачука кога виде дека не сме тамошни и некаква фејк лимонада која беше полоша од степ дринк.
Јужниот дел на државава ќе го заокружам со Гевгелија. Долго време бев како домаќин таму, роднините на бившата ме сакаа како нивно дете. Го обожавав тостот со руска салата од Бекарт и морската храна во Боко. Тук таму ќе отидевме да удриме неколку „лимони“ во казино, а сме го дочекувале сабајлето во диската на поголеми казина. Сум одел пешки низ цел град, сум гледал утакмици на Кожуф, сум одел на Смрдлива Вода. Имаш чувство како да си во Грција, а и климата е таква. Палми и еден куп натписи на грчки за стоматолози и фризерски салони.
Не можам да не го издвојам веројатно моето омилено село. Држава Миравци, сите правци водат за Миравци :D Селце со многу штрковски гнезда по бандерите и два стадиони. Штета што згасна фудбалскиот клуб, делумно по наша вина. Откако го откривме Белиот Рај на патот кон Петрово, редовни посетители сме таму. Секогаш сум единствениот скопјанец што се бања во камен ладната вода со мештаните кои немаат гајле и скокаат од карпите. Миравци има и добро диско (Париз), а јадевме на времето и убава пица со габи во пицеријата која веќе не постои. Секогаш купувам паштети од продавничката сред село и им давам на мачките што спијат на плоштатчето. Го откривме и вештачкото езеро горе на планината и се изнабањавме, го оставам за нареден пат за да удриме поголем излет таму.
И Демир Капија е град во кој не сум бил одамна, иако често поминувам низ него, а последно поминав со автобус, на некаква импровизирана станица. Сум бил како помал и единствената слика која ми останува е дека сум пазарел во маркетот кој се гледа и од железничката станица. Никако да отидам да ја посетам винаријата.
Двата ривалски града Кавадарци и Неготино, исто така не сум ги посетил повеќе од 2-3 пати. Во Неготино сум бил 2-3 пати (без да одам на базенот), од кои еднаш отидовме со воз од рано сабајле и што умревме од досада, завршивме на тура во музеј. Женичката што работеше таму беше изненадена дека некој влегол во музејот и без пари ни одржа цела тура.
Со такси заминавме во Кавадарци, каде што исто така посетивме музејче :icon_mrgr: Среден град, со убав парк, а и плоштатчето не е лошо. Сега е уште понапреднат, што ти значи кога еден град има добар градоначалник. Како помали не носеа на ескурзии во Ваташа, кај споменикот, игравме фудбал на една ливада. Последната посета беше на ракометното финале, по кое се вративме со титулата од ривалскиот терен. Заслужува да го посетам поубаво, покрај другарите кои ги имам тука, многу веројатно за скоро ќе бидам кавадаречки зет, така што не можамуште долго да ја одложувам посетата :icon_mrgr:
Од ривалско Кавадарци, одиме на пријателски Велес. Веројатно градот во кој сум бил најголем број на пати надвор од Скопје. Градот кој за мене (заедно со Прилеп) ја има најубавата скара :icon_mrgr: И пабчето не е лошо. Паркот и амфитеатарот, по реновирањето исто така се фини места за седење. По дедо сум од велешко, така што особено си го сакам градот. Прадедо ми на времето, незадоволен од српските власти ја запалил општината и подоцна умрел во затвор. Бесконечен број пати сум се возел со воз, сум трчал да ги фатам во последна секунда. Сум бил на утакмици и на фудбал и на ракомет, имам другари од кои едниот е Комита, а другиот другаруваше со Чкембари и до ден денешен се зајадуваме :icon_mrgr: Сме оделе на езерото, на костурницата, во секој дел на градот, во диско, на Питијада...
Од велешко, ги обожавам селата во Чашка. Како оди возот, Согле, Теово, Богомила. Се симнуваш во Богомила, се шеташ и јадеш сирењак сред село, маваш пиво и цепаш за Папрадиште или Нежилово. Во второво сум задомаќинет во рибникот, прекрасни спомени ме врзуваат за него.
На патот кон Прилеп, го минуваме и Росоман. Секогаш застануваме да се купат праски од пазарчето, а добро знаеме и дека дел од некогашните „праскари“, станаа Комити, па секогаш сме одлично пречекани тука.
Прилеп е родниот град на татко ми. Ништо не не поврзува со местото, само е роден таму и живеел неколку години. Во Прилеп сум како дома, имам многу другари и со години одевме на Пивофест на повеќедневни ескурзии. Надвор од фестивалот, сме оделе и туристички и на свадби и на утакмици. Вториот град покрај Велес со најдобрата скара. Сме ја терале шемата во Вирус и во кафулињата кај Марко Цепенков, сме играле серва пред зградата на општината, сме кампувале на Могилата, сме оделе на Маркови кули после тешко пијанство, сме се бањале на Салида, сме пазареле во пазарни денови. Колку и да не не сакаат повеќето прилепчани, секогаш сум поминувал одлично во градот, а и сите што ги знам навиваат за Вардар и доаѓале со мене на натпревари :icon_mrgr: На последната свадба имавме „навивачки судир“ на Дирлада, кавадарчани и битолчани, против нас, секој со својата верзија :icon_mrgr:
Неколку пати патувањето со воз до Прилеп, било продолжувано и во ривалска Битола. Ако ги тргнам настрана сите гостувања на фудбал и ракомет, сум имал и многу туристички посети на градот. Сум јадел тос кај Бомбата, пица во Буре, па дури и во Хаш на журка сум бил :icon_mrgr: Сепак, би го издвоил Шумски фенери на патот накај Пелистер, навистина убаво местенце. И добро благо имаше во едно хотелче, на кое не му го паметам името. Да бев битолчанец, меѓу паркот кај стадионот и широк сокак, ќе го одберев првото. Очајна шминкерска атмосфера владее по сокаците, не знам што им е толку привлечно. Имаме патувано од Велес до Битола и назад со воз, само за да отспиеме после искачање во Кочани :D Имам многу познаници и колеги битолчани, се буцкаме константно на навивачки теми. Никогаш не сум ги побарал кога сум бил туристички во градот. Што си е сигурно, сигурно си е, каменот од блиску доаѓа :icon_mrgr:
Еднаш барав помош од еден битолчанец од форумов за каде да фатам бус за Демир Хисар. Немав поим каде е автобуската, па го прашав дали е далеку од железничката. Ми нацрта мапа дека треба само да преминам улица и на средина на улица, со големи букви (ОВДЕ ЌЕ ТЕ ЧЕКАМЕ ЧКЕМБАРИ) :icon_mrgr: И во Демир Хисар сум како домаќин и во градот и во сите околни села. Еден куп членски се поделија таму за утакмици на РК Вардар, го поделив градот на про чкембари и про вардарци. Прошетани неколкуте кафулиња во градот, подобрите кафани по селата, како и Мали Џогани во Сопотница. Имам спиено во најголемата швалерајница во градот, трчано на стадионот,учестувано во настани од областа на културата. Сум муабетел со пациент од душевната, а богами изгледа со таков се возев и за Битола со такси. Демир Хисар е пропаст реално, до тој степен што автобуската се претвори во кафуле. Бар го реактивираа клубот во трета лига.
(End of Part 1, уште постоело ограничување на карактери во еден пост lol)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom