Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Ф

Флеш

Гостин
Уште го чувам стариот статичен компјутер кој го земав во средно, пролетта 2006 од АмЦ поранешно за 40.000 .... Не мислев ништо тогаш освен гејмање и интернет.

Вчера го симнав од таван. Се мислев дали да го фрлам или не . Факинг 2 рам има меморија :pos: И windows 7ца ..... Го упалив,среќа уше ми е тука Quart CRT мониторот . Си работи уше ок ама ко 2ка автобус кој минува две станици едно 15 минути успорено ,си пушта у своја брзина . Бавен ессс фаааккк .

Ми текна у друга соба е внуката . Иде накај 3 години и глеаше Кокомелон .... Ко секта се со каналов . Не се издржува повеќе ....

Ај да пренаменам стариот компјутер нека пушта цртани и музика. Врши работа сепак .... Мало дете ... Ќе врши работа пак си велам .... Греота да го фрлам. Од 2006 ми е ... И први песни,и торенти,и гејмање, фактички моја прва љубов е кај шо изгубив невиност.


Шо реков у први реченици. .. Не мислев ништо тогаш освен гејмање и интернет .... Не мислев дека нешто мор најдраго како прв компјутер ќе оди во наследство кај внуката. Се надевам дека ќе расте и љубовта кон технологијата за компјутер и гејмање. Секако дека не може да врти AAA јаки наслови моментални ама мерак че ми биде да го батали тоа КокоМелон секта канал и да ја видам .... Циццооо види Кантер 1.6 .... Ајде една партија.... И не онаа кантер странска туку македонска верзија....


Шо ти значи предавање традиција и наследство..... Почнува со гледање Кокомелон :pos::ROFLMAO::чда:


 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Драгче, денес сме у Мексико.

Трет пат досега во истово место, али прв пат отидов до птичарникот (ваљда така се вика) и додека женската на влез ми наплаќаше влезница помуабетив со неа.

Од кај си ми вика, викам Македонија. Ја прашувам знаеш ли кај е, вика не.
Најблиску била до Унгарија и Словачка и било доста евтино таму. И викам у Македонија е уште поевтино, бујрум.
Како се вика ја прашувам. Џојс. Баш мексичко име и викам на заебанција. Се изнасмеа. Нејзините го читале Џемс Џојс на времето и по него го добила името. Интересна цура, а и слатка. Ме изненади со Џемс Џојс.

Мексико, Мексико, изненадуеш позитивно.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Кеј,

Некој портал ја споделил колумната на Венко што почнува со „Кои сте бре вие и од која дупка излеговте? Вие, неписмените а возгордеани (колку понеписмен, толку повеќе се цени!)...“

И на крај вика - преВземено од новамакедонија.цом.мк

Океј.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
ДК,

Постепено навлегувам на првата декада од моето форумење. Се приклучив, најмногу поради Литература, која беше многу поактивна тој временски период, некаде во залезот на златните времиња на овој форум. Имав привилегија тековно да ги читам тамошните дискусии, а и во дел да земам активно учество. Постепено го проширив својот корпус на интерес и на други подфоруми, кои сега се помалку или повеќе неактивни.

Оваа декада форумов стана мое секојдневие, читање, дружење, информирање и дебатирање. Но дебатите на форумов се релативно лоши, дури и кога периодично ќе се развие некоја поинтересна дебата, дебата која ќе предизвика одреден интерес, истата мора да биде уништена од некој член кој ужива привилегиран статус кај самите админи. Имав за цел да раздвижам одредени подфоруми, како Литература и Музика, да ги вратам назад активните членови кои некогаш поминуваа доста од своето време низ тие теми, па и да го развлечам корпусот на дебата, во Политика и вести, од дневно-политичките препукувања и кон поактуелни, поларизирачки и попопуларни теми за кои има интерес, но за жал немаше реципроцитетен интерес. Мислам дека, барем периодично, успеав во својата замисла.

Форумите се убава алтернатива за социјалните мрежи, но мора да се има одреден унифициран стандард за дебатирање на соодветен форум или на соодветна тема. Губењето на тој стандард предизвика драстичен пад на квалитетот и интензитетот на дебатите, па и целосно мртвило на одредени форуми, а со тоа постепено се загуби и мојот интерес да ги гледам, активно или пасивно, текавните дебати. Повеќе не се пронаоѓам на оваа платформа. Воедно ова е мојот последен пост на овој форум, мојата последна активност.

Се надевам дека слободното време ќе го трошам (по)продуктивно, ќе започнам со долгите прошетки низ природата од кои бев лишан поради студеното време, кои се одлична рекреација и разонода, во друштво со некоја интересна книга. А имам и неколку проекти низ домов кои ќе ми бидат извесна преокупација.

Сакам да ви се заблагорарам на сите, со искчучок на тетките, за секојдневното дружење, за одвоеното време за дебатирање, за смеењето, забавата, па и за сите филмски, литературни и музички предлози. Се надевам дека ќе ми останете во добро здравје и во добро расположение. :love:
 
Член од
4 октомври 2019
Мислења
434
Поени од реакции
710
Koga me faka najgolemata depresija za nazad vo Mk strav I anksioznost, samo vleguvam vo temata blam drzava ili sozivot vo makedonija ili toa kriminalni grupi vo Mk... togas imam nekoja nadmokna sila sto imam samodoverba da prosam I da spijam na klupa nemam strav... probav so site spiritualni alatki no ovaa e najdobra zatoa sum beskrajno blagodaren na ovoj forum..
 
Ф

Флеш

Гостин
Драа

го читав Волшебникот погоре и ме потсети да си видам и ја од коа сум, знаев дека сум крај на март негде ....

Денот ми минал на 23 март ..... Зачленет на 23 март 2009 година .... Цели 14 години досеа член сум тука ....

Забораив да пишам дента ..... Цел ден ми помина у чешкање на @confusion со тажни емоџиња :backa: , иначе денеска сме 25 март шо значи 14 години и кусур 2 дена или така нешо .... Имав тројка математика не бе бива за тоа ....


 
C

confusion

Гостин
Да, можам да потврдам дека @Флеш само ми помогна да заклучам дека форумов е збирштина на владини и невладини полтрончиња, навлечени на државна и партиска цицка без никаква работа освен да бидат јадни, дебели и тажни луѓе со или без агенда.
Како изгледа тоа, па еве вака:
Screenshot 2023-03-25 194012.png

Затоа и државава се иселува пошто што останаа вакви бактерии од луѓе со кои треба да дебатираш, дискутираш, општиш или најстрашното живееш. А форумов не е никаков исклучок и затоа и ќе продолжи да губи квалитетни луѓе како Дамби место вакви тажни појави.
Како и да е, доволно имам кажано на оваа тема, а ти @Флеш само продолжи да се бламираш, изгледа уште не си го опипал дното, али на сигурен пат си.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.937
Поени од реакции
35.328
Репрезентативна пауза, најнепотребното нешто на светот.

Напрај ги таму ко тенисот, од тој до тој ранг директ у завршница. Другите кондом репрезентации 2 недели пред почеток нека играат некои нокаут фази и ајт у три лепе, и онака служат за гол разлика само.

Фифа и останатите фудбалски мафии сериозно треба да размислат за прекинување на овој џиркус, или барем да го намалат да не одзема термини на сред сезона.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom