Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.341
Поени од реакции
7.453
Драга Кајгана,

Еве веќе месец дена сум на одмор во Македонија помеѓу два договори на брод.
Скопјеа се менува цело време, што на добро, што на лошо.
Моите главни луѓе се уште се ТоБ.
Синоќа бев на концерт у МКЦ. Елементал дојдоа пак во Македонија и беа предобри, исто ко пред 11 години, пред да заминам на брод за прв пат.
Да наздравиме за тоа

p.s. Драга Кајгана, сум стиснал лајк на пост од @DenaM на некоја страна претходно имаше ставено трака од Енја, за додека го пишувам постов да постира Прекасно... Дали сум нормален?
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.600
Поени од реакции
6.019
Wieder ich key,

во Дојчланд и Швајц ако сакаш да си банкар има две патеки, едната е Штудиум (Факс), другата е Аусбилдунг (ова се преведува ко обука/надоградба). Има разлика во бројот на години што ќе ги поминш во учење и се разбира во надлежноста и обврската после завршување - и платата. Од време на време в Банка ни идат практиканти што се решиле за Аусбилдунг, најголемиот дел ќе се на шалтер и нема да си имаат многу со одобрување кредити или финансиска политика, помалку главоболки сепак солидни примања. Некогаш учениците се за нигде. Некогаш се розев швајцарски дијамант од Генф - 3 месеци ја имавме честа да делиме 8 работни часа со една златокоса девојка. Смислата за хумор и беше остра, ова ми падна во очи уште првиот ден. Добра смисла за хумор, честопати оди во пакет со висок интелект си велев.
Енивејс, ни беше познато дека училишните класмејтс не ја прифаќаат добро. И ова сериозно и ја мачеше главата, иако сите други возрасни го гледаа како нешто небитно. За нас е небитно, за неа не. Јас и кажав дека ќе го надмини тоа, во животот ќе дочека пријателства и луѓе за какви што не ни сонувала. Schwer zu glauben, воопшто не ми веруваше. Иако во неколку наврати ни кажа дека со нас го живее најубавиот период од својот живот.
Денес дознав дека една професорка и рекла дека е преглупава за било што во животот, за било која професија (ова таа не го сподели со нас). Некои луѓе се едноставно несреќни и горчливи, зар не.
Нареднава недела јас и една италијанка ќе ја носиме на вечера во еден од најдобрите ресторани овде. Место каде меѓудругото се служи и месо од крокодил :ROFLMAO: - ова во превод значи, има од пиле млеко.
Ќе и дадеме до знаење дека кај нас, се стекна со почит. Ќе истурка далеку во животот, посакувам Бог да и го покажи правиот пат и да ја опкружи со прекрасни луѓе. За пријателства, да најди зрели, лојални луѓе - како неа. Да се на нејзино ниво на ментален развој, да не мора да се снижува за да се вклопи. Туку уште повеќе да созрее, до максимумот.

Снимано во (официјален назив):
Слободниот и Хансев град - Хамбург.


 
Последно уредено:

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.588
Поени од реакции
81.177
Сериозни се "машкиве" со тоа пантолоните над глужд? Па уште карирани бе... :facepalm:Кај мене кај што живеам овој тренд го доживеа врвот пред 7-8 години, можеби не пиеја луѓето смути, ама имаа пари и редовно одеа на одмор во Сирија и Ирак...генерално добри дечки беа, мирни, ама одамна ги неам видено :unsure:
 
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.229
Поени од реакции
7.883
До тој степен навлегов во фудбалската кежуал култура што дури и филџанот од кој пијам кафе е Burberry, не може да имаш следено фудбал/кежуал/навивачка култура а да не знаеш за култното Burberry капче и неговите шари.

IMG_20230320_152423.jpg
ec051e797a09f14481d8ea444e4a3e0c.jpg
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.816
Сакам да бидам искрен сега:

- Мислам дека денес го видов Кунташе. Стварно, не се заебавам.

Знам дека сите сте во исчекување и неколку денови немате никаков абер и сметам дека ќе ве смирам со известувањево.

Личеше на Кунташе и жената што го водеше личеше како да е најбоља у тетоважи. Ваљда беше он, океј е, све е у реду со него. У Капиштец ги видов. Стварно. Еве, Флеш нека потврди дека денес се шетале таму.
 
Последно уредено:

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.424
Поени од реакции
19.545
Ако имала вуну под мишке што личиф на мескички љиљаци, значи она е.
Ивана многотешкашки тату мајстор.

Како може бе да крстиф куче да се вика Кунташе. КАКООООООО?!?!?!?!?
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.122
Поени од реакции
28.871
Кајги...
Очигледно дека деновиве нешто важно се случувало во позадина чим народот се занимаваше со тоа како се вика некое куче, обилно наседнуваат на вакви пробни балони.
 

Kanye.brt

Пропо
Член од
29 ноември 2019
Мислења
746
Поени од реакции
1.026
Пролетните денови нежно куцаат на нашите врати
се буди чуството кое ги разигрува срцата на секој човек
а јас со нетрпение ги чекам есенските дни, во кои припремањето ајвар е во ек
 
Член од
1 октомври 2022
Мислења
300
Поени од реакции
581
Меси се решава да оди во локален ресторан во Аргентина луѓето дознаваат за тоа и цела Аргентина се собира пред ресторанот епилогот Меси едвај жив стигнува до кола...Јас имам решение за проблемов што го има Меси ...Меси дојди си во Македонија тука никој не те чепка ма нема никој ни да побара да се слика со тебе оти тука сите се поголеми од Меси...тука некој Македонец ко ќе го види Меси прво шо ќе помисли ќе биде...абе кој Меси јас сум појак од Меси нека дојде во МК нека работи за минималец и нека преживее од први до триес први,тогаш може ќе го заслужи мојот почит а може и ќе се сликаме ако му дозволам.
 
Последно уредено:
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.229
Поени од реакции
7.883
Еден куп има што ќе му речат "царе, најдобар си и ќе му намигнат", меѓу тој куп сум и јас.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom