Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
10 ноември 2022
Мислења
299
Поени од реакции
880
Демек без овој постот со приватната порака не требаше да се скрие?

Ваква неписмена, искомплексирана и исфрустрирана будала како него ретко се гледа. Мизерија во раскош.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.356
Поени од реакции
25.045
Се мислев од каде ми е познат 4 март како датум. Во 2007 година сум направил профил тука. 16 години подоцна, еве ме, речиси секојдневно го читам форумот иако ретко се случува да се наканам да напишам нешто, било што. 16 години да правиш едно те исто може да биде малку здодевно и бесцелно, но за мене лично е рутина која што ме потсетува на нештата кои некогаш имале удел во моите формативни години.

Пред шеснаесет години слушав повеќе музика, гледав повеќе филмови и дефинитивно читав повеќе книги. Можеби имав и поголем ентузијазам за се околу мене. Но и тогаш и сега грижите ми се еднакви. Не научив да се грижам помалку и да не го чувствувам туѓиот товар или товарот што го носи иднината или одлуките што (не) сум ги донел во минатото. Лежам на плажа, гледам фудбал, играм на плејка или пијам кафе во Дрип, и не успевам да сум мирен ниту за момент, анксиозноста врти на центрифуга, за некое време подоцна да се сетам на плажата, фудбалот, играта или кафето и да си речам Еј колку ми беше добро тогаш, требаше да бидам присутен и повеќе да уживам. И така.
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.601
Поени од реакции
6.020
Кеј,
читав копукот Елон го напуштал Тексас - немало доволно интелектуални кадри (абе немој?), се враќал Калифорнија. Делумно ќе останел Тексас (за ефтина работна рака, хаха).

спотот е од пред три години, секоја руска поврзаност е случајна.


Калифорнија денес е истото она што била и долината Версај кон последните децении на 1600ти, кога кралот Сонце решил да си изгради палата таму. А тоа е? епицентар на моќта на белиот човек, точка на сите случувања, главната улога. Црвено-пилав, мислам килав медиокритет, може да зборува како канта што тропа, но нема ментален капацитет за да понуди нешто повеќе од теорија на заговор или his opinion проследено со мислата agree to disagree, под премистата слобода на говор. И мочаме над глава на вашата слобода на говор. Не живееме во време на Вистина, туку Мислења - од луѓе банални, ненадоградени, необразовани. Како и да е, овај лик порано или подоцна ќе мора да се соочи со својата вистина. Другите ќе одат напред.
Знаењето е моќ (стара грујова). :свиркам:
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.115
Поени од реакции
10.439
Во денешно време секој има право да си коментира каде сака, кога сака и колку сака, и преку тоа се гледа всушност колку нашиот народ е неписмен и не чита книги. Значи правам муабет за елементарни, основни правила на писменост и составување едноставни прости реченици. Фејсбук како да стана збирно место за полуписменост, дезинформации, небулози, теории на заговор, итн.

Инстаграм скроз ја уби оригиналноста кај луѓето. Сите се сликаат во исти позии се трудат да го прикажат својот живот колку што е можно посовршен и поубав. Всушност инстаграм стана показател за распространетоста на нарцисоидното растројство на личноста.

Друга работа што ме иритира кај инстаграм, е тоа што дел од жените сами себе се експонираат на сексуален начин, да не речам се објективизираат, а мажите со задоволство ги следат и им се восхитуваат. Можеби станува збор за драстична разлика во генерации и начин на воспитување, не знам, но сите вие кои сте родители, посветете поголемо внимание на тоа што го прават вашите деца на социјалните мрежи.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.486
Поени од реакции
16.125
Драгае

Србиве се бунат зошто сакаат да им воведат збрана за пушење во угостителските објекти, им кажувам дека во Македонија е одамна така, не ми веруваат. Покрај оваа забрана, би го земал и нашево здравство, зошто какво и да е, спејс шатл е за ова овде.
 
Член од
15 јуни 2020
Мислења
240
Поени од реакции
905
Вчера седам со еден другар и падна нешто дискусија колку пари била платината. Момаков бара на гугл, наоѓа таму на гардијан весникот страната и не сакаше да стегни accept cookies, му било страв од такви работи. 5 минути скролавме на затемната содржина за една реченица да прочитаме, исто како да бараш х копче на порно рекламине .. нешто како еволуција на дарвин, ама обратна:pos:
 
Член од
10 ноември 2022
Мислења
299
Поени од реакции
880
Кога следниот пат ќе одиш во WC земи едно јаженце со тебе. Врзи го јажето за зглобот на раката од едната страна, и за рачката од казанчето од другата страна. Потоа скокни во шољата. При скокот јажето ќе ја повлече рачката, ќе пушти вода казанчето и со малку среќа ќе потониш низ канализација. Ем ти ќе се куртулиш, ем ние ќе се куртулиме од тебе.
 
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.241
Поени од реакции
7.926
Драга, единствена тешкотија што ја имам од практикувањето кето диета е што не можам пиво да пијам, ама кога ќе размислам така малку за којкур ми е пиво воопшто?
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.601
Поени од реакции
6.020
Кеј,

одиме да гледаме натпревар, играше нашиот град против германскиот Хајделберг. Зад нас седат мајки со целосно озвучување и речиси оркестарски инструменти и разгласи на нив - да ги бодрат синојте. Какво неуморно бодрење, 2 саати, мислам дека потрошија повеќе енергија од синојте на паркетот дури да заврши играта - ова не е шега.
Во еден миг една германка (богата) толку се разгневи дека нашиот тим читај(синот), за малце ќе изгубеше (на домашен терен, претставник на една од најелтните населби), истата почна да испушта неартикулирани звуци при секој пропуштен гол. Турканици, паѓање на паркет - па трча една медицинска сестра или физио дама, ко во Беј Вач, целата сексилјава да им помогни на играчиве, а тие германци ко германци (мраз) одма че рипни на нозе и се да го боли, само контакт да избегни. Во еден миг ова мајкава толку ржеше зад нас, што една од ќерките на една колешка италијанка се врти и ми вели, ма ке сучеде?? АХАХАХХАХАХА
Уште една потврда за љубовта на релација мајка/син. Ниту таја него че го изневери (ко другиот тип на негови моми и љубов што ќе ги има во животот), ниту тој незе, ко мажоти.
Сума, убо си поминавме. Нашиот тим победи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom