Драга Кајгана (виртуелен дневник)

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.472
Поени од реакции
7.273
ДК, од кога памтам, дочек на нова година и се поврзано со денот ми било анти еуфорично, нормален ден, се мења бројка во календар и сѐ тоа.. Едино сум се радувал на пакетчето од моите, ама и тоа веќе го нема солиден број години. Затоа вчера, втора година по ред, јас им однесов рачно направено пакетче со работи што ги сакаат, како еден вид фала за сите пакетчиња они што ми ги дале и многу јако беше да ги гледам како буричкаат низ ќесата да видат што сѐ има :pos:.
Ручек, божиќен филм, ова она, во десет пуштија Преспав новогодишна, од Преспав инаку не можам ништо да сварам, се вратив дома, не ради тоа туку така и беше првичен план и затоа уствари дојдов да пишам, еден од најдобрите "дочеци" ми беа вчера, Curb Your Enthusiasm S11 E07-E10, се скинав од смеење, да поживее уште долго Лери Дејвид :cuc:
 
Член од
21 септември 2011
Мислења
638
Поени од реакции
1.741
Драга.

Прва или втора година средно, не се сеќавам поточно.
Час по македонски јазик.
Писмена работа.
Тема: Новата Година.

После некој ден исто час по македонски јазик, ги земаме оценетите писмени и нормално се чита пред цел клас најдобрата и некоја послаба или необична.

Од необичните: меѓудругото...извадок

" Зимска ладна ноќ. Целото семејство беше дома, во топлата соба. Сите со нетрпение ја очекувавме Новата Година. Во тишината на ноќта некој тропна на вратата. Јас знаев дека е Новата Година. Се стрчав да отворам. Ја отворив вратата, Новата Година беше на прагот. Влезе во нашиот дом, а сите ние радосни ја пречекавме..."

:pos::pos::pos::pos::pos:

Секогаш кога иде Нова Година се сеќавам на овој час и на другарчето од средно.
Одамна го немам видено, се надевам дека е добар.
Да си живо и здраво другарче.:)

Среќна Нова!!!

:):)
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.780
Поени од реакции
7.517
Најубавиот прв ден утрински од секоја година. Надвор е штама, автомобилите не брмчат многу, повеќето спијат, се гледа виенскиот концерт.
Лабаво, кулиранции.
 
Последно уредено:

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.864
Поени од реакции
34.908
2021 и 2014 за мене лично се години што ни на најголемиот душман не му ги посакувам да се десат. Да ги избришам неможам, да го вратам времето и да сменам некои работи и тоа неможам. Ми останува само да се помирам и да прифатам дека еве, можда некаде таму далеку така било пишано да биде.

Во наредната само здравје посакувам за сите, другите ствари сами по себе нека си дојдат. Прелазот од 21ва во 22ра го поминав со "The Thing" на Карпентер, и со повремено отварање стори на разиграни бели млади цициња кои рипкаа и се веселеа. Фала ви кукли. :backa:
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.794
Поени од реакции
17.162
Среќна нека е на сите, бидете живи и здрави, нека извини секој член со кој сум разменил груб збор на форумот(kano ultras1988 Inglourious Basterd владе мкд и со уште некој) а ги имало многу во оваа бурна година. Многу тешка на секое поле а во исто време и толку убава, исполнета со многу лоши и добри моменти, мислев дека ова е таа година кога се што сум посакувал добивав но не било така, дали така требало да биде или пак бато Сусаро е најреалниот лик за кој знам, останува да видиме.

Останете добро, се гледаме на собиранка некогаш, добар е многу форумот за секојдневие, фала му на Ацид :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom