Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Честит 11 Октомври, македонски народе! Датум кој многу предавници сакаат да биде заборавен, а американизираната педерска младина си игра мајтап со овој празник и не го ни споменува.
Моја препорака е кога ке одете Крушево и правите слики на гробот на Тоше, ѕирнете неколку метри поназад, има и други гробови. Видете, прочитајте чии се, година на раѓање, година на смрт. Сите деца по 20, 25, 30 години кои свесно го дале животот за идеали. Против асимилација, од оние кои денес им плаќаме пари да не асимилираат иако со пушка не успеале. Деца кои не седеле по социјални мрежи, форуми и не кукале колку е сурова, тешка и депресивна реалноста, туку самите пробале да се изборат за поинаква реалност, а не да се откажат од своето за ронка корист. И успеале!
Да живее Македонија!

И никогаш не сум напишал нешто од овој тип јавно на интернет, но едноставно ми излета. Можеби и малце изиритиран од амеби како оној ретардот Костич.
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.254
Поени од реакции
1.964
Кајги,некои да поминуваат време мозгајќи како да се исправат неправдите во државава колку што го поминуваат гледајќи спорт,државава ќе беше понапредна и немаше будали да го водат орото.
Доста зјапате во екрани,и онака е штетно за видот.
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.206
Поени од реакции
5.056
Аххх леле се присетувам на моментот кога една познанинчка ми рече дека сум боледувал од таканаречените ,, типични машки комплекси"...тоа беше добар момент
 
Член од
12 октомври 2021
Мислења
5
Поени од реакции
12
Не знам дали некад сум размислувал да се селам од Македонија. ОКеј е животов, не да ми е катастрофа, али не сум размислувал за оваа тема. Иначе би стапнал во секое село и населено место во Македонија.
Да ме вработиш и за 300 евра пак нема да се лутам. Ќе ги направам од 300 евра повеќе. Ферари да ми дадат ќе останам во Македонија нормално. за 25К евра па и да не зборам. Газда ќе бидам тука. :D
Ми треба овој народ и ова убаво парче земја.
Не велам дека сме одлични, но имаме простор за подобрување (ние народов од Македонија) Може менталитетот да се надгради со текот на времето. Има, има паметни луѓе уште од Скопје и Македонија.
Вие што мислите да се иселувате, иселете се ама вратете се за 10 год.
Македонија не е дното на светот, сепак е Швајцарија на Балканот. Има поубави места за живеење во Европа, точно, но и тука можеш убаво да живееш. Во Македонија живее најтоплиот народ. Мојата фамилија се македонци, пријатели, другари, девојка. Топол народ е, убаво е.
Сигурно ќе ме пука носталгија ако се иселам од тука.

:tvg:
 

volare_g

Nediplomiran i nedokvakan
Член од
28 февруари 2014
Мислења
681
Поени од реакции
1.701
Tazen den :(
Supermen vo narednoto comic edition ke bide bi sexual , i ke se smuva so "young coming out gay student". Yes deka sinot na Clark Kent kw bide ova , ali kako be moze ova da ne e isforsirano, ebate opstestvo za site , da mi ptosti LGBTMQYTZH zaednicata.,
 

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.667
Нема по каурско од шетање гушнати со девојката негде низ прв крак и кога ќе налетате на убав смештај да викате - е едно вакво да си купиме, па старите ни се у пензија ќе го користат они ако ништо друго.

Уствари има, она саламана на јаженце што ја ставаат по кафани божем гаќи на жица да се сушат.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.182
Поени од реакции
8.809
Пфф шетање.
Исполегнати на сенка на море на ќебиња и мајка ти се дери кирооооо излези од вода печени се пиперките. И ренда сирење на доматите во пластично од сладолед. Тоа ни е личен печат, какви салами малами.
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.572
Поени од реакции
5.976
Драга,

во факултетските дни редовно се дружев со битолчани оти ми беа топ. Кога ќе ги прашав дали сум менталитетски огорчен и зол, ко прилепчанец, тие ми велеа, не, ти си само директен и искрен ко сите други прилепчани, таа промена ни годи. И на мене ми годеше да се дружам со битолчани, факт е дека имаат полаган, поопуштен пристап кон животот.
Се до пред некоја година кога одново не се најдов во друштво на прилепчани. Неможев ни да замислам колку ми фалела таа пргава смисла за хумор и споделување на многу многу повеќе од она што би требало да знаеме. Пример професорката по германски ни раскажа една случка за еден момак, 90ти, таа била студентка. Момаков им рекол ќе ве носам Охрид со една другарка нејзина, тој таму имал хотел/вила. Овие му рекле, ок, идиме. И сега се печеле на плажа и оваа се свртила накај другарка и, па и рекла: мори, овај че не еба. Шо мислиш зошто не донесе овде.

Не видела дека типов само што пристигнал на плажата и бил одма до нив. Аааа немојте така, јас не сум таков, јас реков че одам Охрид па ако ви се иди идете, секако бензин за пат че давам. Леле кога се вцрвенив од страм, ни вели, цела ден ни беше незгодно да му се испулиме после таа случка.

Тоа не е се, во студентските денови кога студирала јазици во Скопје, рани 90ти, живееле во иста зграда со Марјан, бившиот ни градоначалник и Љубчо Џорџиески. Овај вториов се мочал од тараса и општо редовно ги флешнувал комшиите. Уште тогаш му фалеле 2 до 3 штички и по некоја шајка.
А некој поп кој сега бил многу побожен во Бигорски, тогаш бил студент и на врата имал клаено натпис, "гледање Беверли Хилс - 150 денари од 30 минути." Уште тогаш трансакциски му работел умот.
Полна беше анегдоти и случки. На враќање од Дојчланд, ќе и купам бештимт нешто убаво. Една badass, опасна прилепчанка.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.665
Поени од реакции
4.387
ДК

Нешто што највеќе ме нервира(читај ме курчи) е цензура, а поготово глупа цензура. Ми се избаци некаде по нетов мелодијата од Нигас ин Парис и си ја пуштив на youtube и гледам N**as in Paris.

Прва работа е што цензура на било кое уметничко дело(без разлика дали е квалитетно или не) е ептен глупа работа.
Второ и побитно е контекстот, било што извадено од контекст може да е навредливо или расистичко, а во обратен случај каде што јасно е дека не е, самата цензура е навреда на интелегенцијата на тие што би требало да ги заштити.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.860
Поени од реакции
34.895
Во исчекување на мрна вакцинашите, хемиските лаборанти и секаков друг вид на ковид експерти, да се префрлат во темата за Косово и да ни објаснат малце за геостратешката политика на Србијa, конфликтот шо се дешава и за регионот во глобала. 3..2..1 ... GO GO GO!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom