Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
29 ноември 2014
Мислења
990
Поени од реакции
3.949
4 работи кои никогаш нема да ми бидат јасни:

1. Кој ги изградил пирамидите во Египет
2. Да ли Атлантида некогаш ќе биде пронајдена
3. Океј ли е Annie од песната Smooth Criminal
4. Зошто македончињата паѓаат во екстаза и делириум на Хајде од Теа Таировиќ?????
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.599
Поени од реакции
6.014
Драга,

колку повеќе работам со луѓе, толку повеќе сакам да работам со животни. Не се зафркавам. После цел живот образование, универзитети, јазици - секогаш најтешкиот пат за мене, другите биле заковани со летви, се што сакам е да работам со животни. Доволно ми беше од луѓе. Кога би имал опција за кратко да се префрлам во Швајцарија и einfach да чувам крави на планините, баш тоа би го направил. И да - се друго што е ох вау попрестижно, пореномирано би оставил. Впрочем, сега ќе разгледам да видам дали некој бара да му ги чуваат кравите во дер Швајц. Јас, воздух чист, планини, крави. Толку. Па ако треба и ич нека не заработувам, колку за живот ќе има.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Ќе ги отпретам сите горештини од твојата глава,
ко суво дрво на сува рида реките ќе ги заковам.
Ќе те претплатам на вечна љубов и вечни времиња
ќе те љубам и губам и во пости и пред гости
само да ме сакаш.

Ќе ги поткупам сите човечки сетила и патила.
Сите светлосни преѓи пресијазол ќе ги врзам,
сите денови и ноќи на својот почеток ќе ги вратам,
ќе ти дадам се што е солено и молено
само да ме сакаш.

Ќе спијам во движење, сенката своја ќе ја прескокам
ќе ги затнам сите извори, се што гори ќе отворам.
Ќе направам да не се знае кај е лево и десно,
ќе ти наберам ѕвезди, ќе ти влепам шлаканица
само да ме сакаш.

Ќе ги шпионирам сите крадци на твоите часови.
Ќе ги исфрлам од употреба страните на светот
и светот, по црна ноќ, одмижанка ќе го истрчам
и ќе те фалам и кудам под сите небеса
само да ме сакаш.

Кај ќе стасам ќе разделам топло од студено,
на шеќерот ќе му забранам да се споредува со тебе,
не ќе оставам растојание што ќе биде меѓу нас,
со ова што го велам и слепо и глуво ќе исцелам
само да ме сакаш
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.825
Поени од реакции
5.934
Драга,

Знаеш што е најлошо? Што човек не може да се опушти и кога е среќен, затоа што знае дека злото го демнее, го прати и само чека прилика кога ќе го сјебе.
Да ти е*ам животот напатен, да ти е*ам, каде што ти е страв да си среќен.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.544
ДК,

моите очи кога разгледувам Стори и кога ќе се појави реклама.

1627489029189.png


Фак оф реклами.
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.729
Поени од реакции
9.712
Драга,

На све живо што дрифта на кружни, што лупа боксови на она што као демек мери јачина на удар, што свирка од кола по женски и шо руе скутерчиња 20 на саат а го разбудува пола град треба да му се забрани да репродуцира у најмала рука.

Change my mind.
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.599
Поени од реакции
6.014
Meine Liebe,

англиски навивачи Olympian Edition. Плива еден сом и овие урлаат собрани пред телевизор, група на: мажи кои незнаат каде со животот, жени кои гледаат Австралиски реалити шоуа преполни со трдулај ќеси, на кои тие многу нормално се палат. Волот ги натпливува другите, ги вади очилата за пливање а со тоа ја отскрива и својата смачкана фаца. Пред телевизор е хистерија, тела се тресат во најмала рака епилептично, стегање на мускули, покажување среден прст накај камерата. Мајндсет, ние сме главни, ние во се победуваме, никој не е поарен од нас. That is so Србија 90ти. Like chill dudes, you ain't greater than der Schweiz, енд you'll never be. Even better, никој во Швајцарија не прај така, а тој факт сам по себе зборува за луѓето и навната вистинска големина.
Еднаш седевме во виртуелна соба јас, Швајцарец и Англичанец. И сега Швајцарецов вели што сакате да знаете повеќе за Швајцарија? Јас истапувам со, музика. Англичанецов тепа муабет за Ролекс часовници и декаденција (негов термин). На Швајцарецов му се згади од површноста. Му врати дека часовниците ги чувале само за богати Арапи кои идат туристички во Европа. Тоа не е животен стил на просечниот Швајцарец рече. Потоа учтиво ми се обрати мене со линк од преку 20 Швајцарски бендој и негови омилени песни.
До бацките кои стегаа мускули, изгледа Олимпијада? Сега магла, оди спијај со братучедати. После сексајне, истегни една кутија цигари.
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.414
Поени од реакции
19.484
Драа

Прееска ке га згазеше сс точак на тротоар, не мрдаше и не дишеше, исплашено и изморено.Ама после пет минутно галење, зема душу и летна горе на дрва.Среќа што налете ја,имаше 2 мачке блиско до зграде.
Види га бе, штрбаф бот.

IMG-79a1c1e63e8e98bd5612b6367f1d68a9-V.jpg

IMG-e116ec744d6d53ec30425b34e9ee57c4-V.jpg
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.099
Поени од реакции
10.353
Една од најголемите предности на животот во странство е тоа што секој си ја гледа својата работа и си води свој живот.

Не знам дали е од ''Вардар до Триглав'' синдром кога станува збор за прашувањето работи кои не треба да се прашуваат или е нешто што треба да се препише на човековата природа. Мислам дека сите во одреден период од животот сме биле жртви на љубопитноста на другите. Без разлика дали станува збор за женети/неженети, мажени/немажени, со деца/без деца, здебелени или ослабени, на прашањата му нема крај. Хехе, не знам зошто ама во последно време ужасно почна да ме нервира прашањето "Колку земаш, ако не е тајна?". И не, во конкретниов случај не станува збор за прашања директно упатени кон мене, туку само сум набљудувач од страна. Безобразно ми е и некултурно кога го користат луѓе кои спаѓаат во категоријата далечни роднини и пријатели или пак соседи со кои се зачекуваш само на влез од зграда. И ок, ќе одговориш. Ако е минималец следува фацата на разочарување, утешителни коментари, а после извесно време период на дистанца затоа што едноставно не си личност која е доволно вредна за дружа. Ако пак е над просечна цифрата, сигурно си член на некоја политичка партија, бркаш некоја матна работа или спиеш со шефот. И нормално дека не може да помине секоја наредна средба без да ти се приговара за тоа. Демек, "Ајде ајде, не се жали. Што е тоа за тебе, заработуваш толку и толку".

Srsly луѓе, прашањата за сексуална ориентација, политика, религија и заработа се прашања кои се дел од најдлабоката интима на човекот и нешто за кое се дискутира со најблиските личности, освен ако самиот поединец нема проблем да споделува интима со вас. Дури, за некои луѓе и дискусијата со најблиските личности е дискутабилна и е под знак прашалник. Смирете страсти малку, има толку широк дијапазон на теми за разговор меѓу луѓето, а вие сте се фатиле за нешто што скроз не треба да ве интересира. Порано се вреднувавме меѓу себе според знаењето, однесувањето и манирите, а денеска според цифрата која ја заработуваме. Мизерија.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.218
Поени од реакции
22.439
Драга,

мислам дека го добив најголемиот achievement на форумов откако сум член на истиов :eek::oleee: :
dadas.png

После тезничните 2014-2015 години, од закана за бан и инстант блок на профилот дојдов до заследување кое што без двомислување го проследив и назад.

Život piše romane.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom