Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.177
Поени од реакции
8.806
Од понеделник ќе ве замарам со слики од плажа вас што ве имам на фб. Како мало дете се радувам на одмори. Една недела се пакувам, нема да спијам сега до тогаш.

Јас, летото го обожавам. Можам да се печам 12 саати на 40 степени.
Бронзен преубав тен, едно лефтерно фустанче и топ си, а не кога ќе ми текне боди, хулахопки, хеланки, па пантолони, јакни, џемпери, волнена чорапа, бледи ко крпи, замрзнати мрсули, водени во чорапата, смрзнати прстите.

12 месеци лето нека е.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Едвај чекам понеделник, да ги лајкам фотките на Хоупче.
Bring it on dear, слободно пушти и бикини фотка, нема да се жалиме. :D :love:

Ја си планирам одмор, а уште немам добиено амин од работа. Глава ме здоболе од гледање хотели и апартмани, што ќе испадне, Бог знае. :(
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Кајг,
иако со пивски стомак ќе речат дебел, важен е духот, подобар е од сите други присутни помлади шланг мушкарци,


ете што значи да се има душа и харизма!
и ДА, има храброст да носи спидо слип купачи, а не како другите млади што носат купачи широки шорцеви до колена!

:bravobe:
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
ДК,

Само жените плачат за права и дека се дискриминирани, ама секаде каде што сум работел беше забрането за маж да отиде во кратки панталони или 3/4, а за жени дозволено сукњи и фустани. Класична дискриминација, мора бунт за ова!
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.419
Поени од реакции
7.757
Се повеќе и повеќе гледам книги/цитати од типот - зграпчи го денот, клубот 5 ам и такви други глупости.

Друга работа која е многу интересна. Истите тези за morning routine се креирани од индустријалисти, менаџери, капиталисти и такви entrepreneurial ликови кои сакаат да ја искоренат креативноста и генијалноста во модерниот свет.
Огромни мозочишта ала Да Винчи, Тесла или Едисон имале контроверзни ставови и пристапи кон спиењето кои директно се косат со овие . Ретко надминувале над 5/6 саати сон, во скроз чудни дури и луди sleep pattern-и.
Друга работа, мечтаењето или daydreaming… уште една одлика на генијалци… Power naps и така натаму. Сите овие ствари се гледаат негативно во едно брзо и динамично капиталистичко општество.

Сега, ја не тврдам дека е ок и убаво да се работи/креира навечер цел живот, но мислам дека премногу постои оној капиталистичкиот стереотип базиран дека ете “кој рано рани, две среќи граби”. Што праиме со фактот што нема никаква бучност навечер и парадоксално, постојат луѓе кои се мотивираат и кои црпат креативна енергија кога сите други спијат?

Постои нешто што оние капиталистички “екстровертни” менаџери не го разбираат, а тоа е тој чуден спарк на креатива и зголемена когниција кај интровертните, пред се креативни ноќни птици.

Мислам, како овие луѓе од “5 ам клубот” знаат дека нешто е врело, ако не го допреле?
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.536
Поени од реакции
14.669
кога ќе те мавни магнезиумот после добра физичка активност
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Драга,

ептен ретко сонувам, пред три дена сонував како јадам сам крем, како мачкам на леб.
Следната вечер сонував како ми доаѓа целосно гола една колешка од работа со која делам канцеларија на работа. Страшен сон, ме разбуди грмењето надвор и ми го прекина сонот.

Камо среќа да сонував нешто позитивно. Не ми е привлечно да сонувам гола колешка која е на 41 година и има сопруг и деца дома.
А стално колешката ми се убацува во разговор на работа со секакви муабети....
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.572
Поени од реакции
5.976
Драга,

бев да шетнам низ град, низ трговски помина една со напрчени цицки. Никој не и се пулеше. Мене умот ми рече, сељак не зрпај! ама очите упорно зрпаа дали зрпаа, во тој миг не беа под негова команда, под команда на цицките беа. Од двете гордо напрчени дарови на природата беше движена нивната моторика. Сега сум дома и ми се еба.

Океј на други поозбилни теми, во врска со животот и како луѓето имаат тенденција некои работи да ги прикажуваат како злобни, само затоа што ним не им одговараат. Не се што тебе не ти одговара е по дифолт злобно dude, chill. И мене секој ден ме пери шефицата, па не значи дека е злобна жената. Ги пери и другите, it has nothing to do with me. Или не? Како и да е, што вели една северно-америчка интелектуалка тие го гледаат Каин, ја Абел, oder so.
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.572
Поени од реакции
5.976
um Gottes willen, hor auf, Jude zu hassen! Кралството на Данеил е постаро од Грција.
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
667
Поени од реакции
1.412
Драга Кајгче

Слободен сум еве веќе неколку дена.Ни работа,ни сабота.Ни ропство,ни капитализам.
Партали се направив последниве 3-4 дена со секој можен порок што постои на планетата Македонија :D.
Убаво е човек да се исклучи на периоди.Времето сепак се трудам да не ми поминува тотално безвеза,документарци од Адам Куртис се изнапукав деновиве.
Живејте го животот мудро.

The ultimate hidden truth of the world is that it is something we make and could just as easily make differently.

-David Graeber
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.004
Поени од реакции
57.043
ДК,
Јас само да им кажам на дечките што го листаат форумот од 4G да не ја отвараат темава.
8,5 гига ќе ви летнат за глупави гифчиња.


#НајкорисенФорумџијаЗа2021
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Често ја посетувам зоолошката и низ годиниве навистина има позитивен напредок, но денес некако ме замисли состојбата на животните.
Ако ја тргнеме на страна дискусијата дали воопшто е правилно да се затвораат на тој начин, од денешните видувања би го издвоил следново.
Тргнав со голема желба да ги видам пингвините, кенгурите и слоновите, бидејќи не сум ги видел досега.
Ми се наруши сликата за тоа како изгледа слон и пингвин.
Слоновите бледи од прашината во која ги фрлиле. Едниот стонираше, другиот со главата се маваше во вратата. Никаков знак дека имаат свежа боја каква што сме гледале по телевизииве.
Не знам што пингвини се ова, ама дефинитивно не замислував дека изгледаат вака.
Кенгурите ставени во исто место со ноевите. Беа згужвани како бакшиш на краевите, додека исчупаните ноеви не следеа во чекор, очекувајќи храна.
Од нилските коњи немаше ни трага ни глас. Се прашувам дали пцовисале. Си отиде и едната жирафа, а другите личеа дека уживаат на дождот.
Ако нешто е атракција, тоа се фоките. Две три одења по ред, они го земаат приматот.
Некогаш најголем хит беа мечките, лавовите и мајмуните.
Сега мечките се за греота. Фрлени во два кафези, оставени во заборав. Заурдени, сместени во вирови со кал (какви што има и во другите места), личат ко да им е подосадно од пратеницине на седница.
Низ кафезите еден куп стаорци кои им ги јадат јадењата на другите животни.
Лавовите и тигрите секогаш спијат, оптегнати на голема далечина од местото за посетители. Мајмуните ги испопреместија и сега немаат доволно простор за интеракција со посетителите.
Змиите исти од времето, а под нив затворени глувци. Прилично симптоматично е дека глувчињата стануваат храна на нивните соседи во иднина.
Ламите мрзеливи, не можат ни да те ркнат, а прв пат гледам камили со паднати грбки.
Во оваа атмосфера на исцрпени животни, на кои изгледа времево и сите промени им влијаат и полошо од нас, мора да се издвои и белиот волк. Сам во кафез, шеташе лево - десно како хорсајлија и така непрекинато.
Разочаран сум дека лемурите ги однеле предалеку од посетителите, уживав во нивните шари.

П.с. пред 4 години Вардар газеше во Струмица. Денот ќе го памтам по еден прелош сомнителен хамбугер, купен од улична сендвичара на 40 степени, расипана кола на автопат и преноќување во Штип кај другар. Остана легендарното дека јадев бурек во 1 вечерта со литро црвено вино. Две недели имав стомачен вирус, 39 температура, од шоља не станав. Никогаш да не се повтори!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom