Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
30 јули 2014
Мислења
5.087
Поени од реакции
15.931
Ќе си земеш стар одмор, ќе си планираш дека ќе го распоредиш денот, па ќе си станеш сабајле, ќе трчаш, ќе спремаш здрава храна, ќе учиш за сесија, ќе одиш во теретана, ќе изгејмаш нешто, ќе се дружиш со сите, посебно тие што не си ги гледал доволно колку што требало и си сакал, ќе направиш барем 2 тури низ Македонија до некој манастир или убаво место што не си го видел.

У реалност само ќе се гледаш со тие што не си ги видел, ќе пиеш како последно да е и ќе поебеш плата на пола од месецот.
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.256
Поени од реакции
1.966
Кајги мори,што си имала аристократија мори,бре,бре,бре...
Она не било млеко,кашкавалот не чинел,ваква клима не чинела,онаква слабо греела и километарски реферати небаре се на аукција,протести-гужви биле,ау,бау... :pos:
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.899
Поени од реакции
17.542
Ова се тие денови кога музичарите од секој жанр направиле хитови, само штета што сум антиталент за музика :(
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.052
Поени од реакции
12.936
Онлајн новинарството е тотално надвор од контрола, порано беше смешно и се фаќаше сеир кога некое 12 годишно дете за бесплатно (или да биде админ на страна) го наместиле да пишува на спортски портал па српските презимиња со Ч на крај ќе ги наредеше, ама сега владее општи хаос насекаде кога се во прашање онлајн медиуми и веб портали, до степен да е трагична работата, почнувајќи од нашата драга енциклопедија.

1. Иста вест со 4 различни информации околу бројот на загинати на еден настан. Се работи за масакрот во Велика Круша и сега почнуваме:

- англиската верзија:
1623456851918.png
- руска верзија
1623456923493.png
- албанска верзија
1623456944803.png
- српска верзија
1623456974364.png

2. Продолжуваме со нашите медиуми, отварам Фб и одма прво ми боде очи ова:
1623457122842.png

Дали копираат од некој темплејт и ги мрзи имиња да менуваат, дали се изгубени во простор и време, па ниту проверуваат што објавуваат ниту ништо. Чувствителна вест е побогу, некој со саати ја барал/се грижел, за да не може некој 5 секунди да провери како се вика девојчето...

3. Што е форава, мислат дека двата термина се литературно прифати, па да употребат синоним да не се монотони, ја слушале ли песната од Метак 1980 дур ја објавувале веста па им се увртело?
1623457317551.png

Абе на 16 години кога пишував за еден спортски веб портал за 3-4к месечен хонорар, кога ќе направев грешка не можев да спијам од што ми беше непријатно, одма ќе корегирав, дур корегирав пот ми течеше да не видат многу луѓе дури стигнам да променам, ова тотално куроболие си владее кај сите насекаде, сеедно им е, што повеќе коментари и кликови толку подобро, што пишува не е ни важно.
 

Attachments

Член од
15 јуни 2020
Мислења
240
Поени од реакции
905
Дк, не знам како треба да се постапи со мајстори или општо со луѓе во животов во државава. Пред некоја недела ми се расипа соларното на куќата, излегов до чаршија да му појдам во продавничето од 2 квадрати шо му е на плочникот, здраво здраво ми се деси ова и ова почна да ми течи на покрив, немам вода гледајте прајте да дојдите до вечер да не се напрај поголема беља... готово другар, дај ми број, имам монтажа во 3 саато, кај 5 ќе ти се јавам сигурно за да не останите без вода. Иди 6 саато жив пес нема да се јави на телефон, звонам јас никој не се јавува, сестра ми лута пипер му звони на телефон, никој не се јавува.. му пишува на фб страната: здраво сакаме да порачаме два колектори, и то копилето од газда хоштаплерско и пишува: готово нема проблем. Е сега ќе видите да ви ебам племето му вика сестра ми. Му пишува ако не се нацртаат за 5 минути, ќе се викнат екипите од телевизии за проблемов и да се прочуја тој свињата дебела шо игри игра. За 20 минути идат како попарени двајца млади, едниов од нив истиот шо појдов пред 4 саати за да му пријавам, и ми вика: другар да не беше сестра ти, јас че те забораев... па пичкати чорава да не треба за уши да ве влечкам, мајката в дуп да ти ја ебам, шо ме прајш будала пред сестра ми па и со нејзе да се расправам дека сум неспособен да ве донесам. Нејсе, се среди проблемот, сменија то жиците шо беше, 1000 денари и вика на сестра ми.. ШО?! му вика, дај ми фискална дека толку кошта нештово куриња!... видоја дека нема пари да добијаат и фитка да ги нема.
Другата ден одам до продавница да земам туш батерија со стариов, се расправаме му викам дека нема од пазар да купуваме, фалшни се, ќе одиме од салон за санитарија... зедовме то чешмата росан српска, ме убедуваше таму продавчката дека се квалитет и има 5 години гаранција и лупнавме 3.300. Ја мести дома мајсторов, пушта вода и се закочува круглата. Ајде палам патиките назад, ме праќаат во магацинот, таму тој батето ми вика: мора да ја остајш, нареден четврток ќе ти се јавиме пошто претставникот од фирмава иди да се види убо шо како, ќе ти дајме нова оти сега моментално немаме. Помина тој четвртокот никој не се јави. Појдов во петокот, продавачката ми вика: не е дојден магационеров, дојди кај 5 саато. Одам пак назад, го начекувам него и ми вика: заборајвме да видиме шо беше со туш батеријава, али еве земи нова..
Не знам како треба да постапам со луѓево, дали треба со пушка да влегувам кај и да одам, дали имам толку грда и наивна фаца па си играат курташак, дали треба пред влегување да му викам разговорот ќе се снима како и сл. Стариов ми вика, синко ти си наивен нема да завршиш работа, сето е ретардирано не можи со крсто на чело да си. Арно имаше пишано погоре Ricky, ќе треба и јас unicycle да си купам пошто и онака сум кловн. Сметав дека има тро од тро останато луѓе во државава шо знаат да сврзат 2 и 2 и кога ќе речат ќе се јавиме и ќе завршиме работа, дека и то ќе го напрат. Али не, отсега друга приказна ќе се игра со мене, заби покажување и за кусур од 2 денари. Ќе му ебам матер на секој шо нема да напрај то шо ќе му биди кажано а ме засега мене. Ветувам.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.405
Поени од реакции
9.276
Драга, очај сум не знам дали ти кажав ова време што ме немаше бев до хрватска имаме една вила на море, демек да убијам депресија ама не, се вратив за два дена, ајде ме вика друштвото стандард ко секој ден еден чивас со колите нагоре, абе не не пак нешто ми фали. Дома седам, реновиравме нешто 400 квадрати мало беше за двајца само се удиравме се сопнувавме, ајде 1200 дојде не е многу, еве пијам од она пивото од Германија што треба да излезе сега летово и гледам низ прозирната вода на базенот и размислувам кој ќе идел утре во фирма, кај па мене ме најде татко ми да ми ја остава не можам да идам да ги гледам репрезентацииве, треба во канцеларија со она пурите од Америка чичко ми колата што ми ја купи што ми ги прати за демек да тргне бизнисот на страна што си го отворив сам со братот абе камиони нешто ова она да возат за нас ситно нешто нема врска, лом сум. Вечер кој ќе идел на тоа приватна забава што им текна, па стриптизерки ќе имало, танчерки од Романија, бело ова она, не знам како да ги откачам.... И тн и тн, исто се сетив на урлам во канцеларија и со женска ми го гледавме филмот, јако е стварно.
 
Член од
12 јуни 2021
Мислења
8
Поени од реакции
20
Вчера возам и гледам змија згазена, застанав со врата над нејзе, за малку не се исплакав и си продолжив, си викам и јас имам една таква змија. После дома си викам како не ја земав супа да си направам, ама ми текна дека сум веган па пак ми дојдоа солзи на очите.
 
Член од
15 јануари 2020
Мислења
471
Поени од реакции
1.488
Живеам до гимназија Нова и во моментов имаат Graduation Day. 2 пати ја пеат Македонската химна и 2 пати ја прескокнуваат строфата со Делчев, Гули и Сандански. СЕКОЈА ЧЕСТ.
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.600
Поени од реакции
6.018
Драга,
спомнал некој овде досега дека Италијанките се веројатно најубавите жени во Европа?
Имаат ли овие луѓе нивна верзија на Македонско девојче? Италијанско девојче?
Толку е убава што сакам да и оставам шливка на вратот. :love:
Се шалам бе. Доволно би било и за раце да се држиме со саати, ништо друго.

 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.238
Поени од реакции
22.434
Драга,

со измешани емоции сум на тага и радост па дојдов да ти покажам една слика пред да истресам некоја глупост и да направам непромислен потег како 90% од македонските ``новинари``.

Без разлика на фудбалските квалитети, човечките му се извонредни.

КАПИТЕНИШТЕ !!!!! :love: :ljubove:
 

SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.032
ДК
Завчера ми било 10 годишнина постоење на форумов.
Ова со Ериксен ме натера да појдам и да си го гушнам синчето.
Дедо ми велеше: "Гости сме на овај свет".
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.600
Поени од реакции
6.018
Драга,
мислев дека форумов го допрел дното, па прочитав тема со наслов - Како да направите машко дете?

Да ја тргниме настрана целата неболуза, бабинидеветини, догми, турски адети.
И да речиме дека тоа што е напишано - it works.
Што ќе биде тоа, свет од само машки деца? Стварно неможам да си објаснам како некои луѓе функционираат со себе и своите амеба умови? Ало стоко? Ти знаеш подобро од природата? Ти ли ќе си играш кур-ташак со природата.

Во иднина, ќе ти се обраќаме со Драги, пошто поќе ќе бидат машки. Звучи језиво до бескрај. Ама нема врска. Батали Универзумот и мајка природа. Не знае таа. Ние знаеме. Посебно ние во Македонија (и во Турција.) - од кал да е, маж да е.

Ако е вака како вие што сте замислиле, и ако е точно тоа што Дарвин го напишал дека нон стоп еволуираме за животот да продолжи понатаму, тогаш свет во кој мажот доминира е воедно и свет кој е зрел за Хермафродити - ко полжавите. И кур и путка, јер живот тече далје што би рекол Дарвин.

Во Црна Гора пак (некој споделил податок во темата) дека веќе диспропорционално биле повеќе мажи (јеееј), проблемот ги загрижувал. Како така бе, па нели вие само машки сакавте? Од каде сега проблем? Неможат да си најдат жена? Ќе седат стари ергени?
Па жената вреди исто толку колку и мажот бе стоки, затоа ја има. Само вие сте си пикнале во главата дека мажот вреди повеќе. Затоа ќе си седите стари ергени. Пошто тврдите дека сте попаметни од природата. И го правите тоа многу гласно.

Таму некаде во просторот низ кој се движиме во моментов - Универзумот со Црни Дупки вшмукува цели планети, ѕвезди, галаксии - негови грешки можеби? Некои грешки ко диносаурусите?
Ќе ја проголта и оваа грешка. Рано е.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom