Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Деар кајгано, не е чудо у наредните неколку месеци да се женам за една принцеза од Африка.....како и зошто не ме прашувајте :D
Си се мислам, ако имам машко дете бар да не му се замарам дека ќе има мало куре :LOL:
Што ти е животот, колку повеќе будала се правиш толку повеќе будалаштини ти се случуваат, не џабе се рекло, енерџи флоу вер јоур атеншн гоу.
 
Член од
21 септември 2011
Мислења
640
Поени од реакции
1.741
Драга

Секој ден имам навика да пешачам 4-5 километри насабајле и попладне. Пошто ми е блиску Вардар тоа обично го правам на кејот кај што е фино уредено со пешачки патеки. Така вчера попладне излегувам и одам по одредена рута...и отприлика на половина седнувам на клупите на кеј да паузирам малку. Тоа време обично има доста раздвиженост и поминуваат многу луѓе. Седам така и поминува едно момче што го знае скоро цел град, имаше на времето проблеми со кичмата и семејни проблеми, а многумина му помагаа така што му нудеа некоја лесна работа за да има да егзистира, меѓу другото често го земаа како ноќен чувар на летните отворени тераси.
Гледа накај мене и приоѓа да се поздрави ...разменуваме по некоја реченица, ова она...има работа, нема работа и на крај ми вика
" Еј да не имаш 20 денари?"
А јас со тренерки и само моб. со мене. Му викам немам новчаник со мене.
"Добро, извини," се засрами и замина.
Тој замина, а мене ми идеше да си гризнам од јајцата што не го земав новчаникот:yid:
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Кајгано, ми почна трета сезона од животот - треба да биде интересна и возбудлива.
Треба да е најдобра до сега уствари.
Најбитното е дека шо и да се дешава ти се враќам за по некој збор да ти пишам, да не ме забораиш.

Од утре нови приказни - со надеж убави.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.892
Поени од реакции
84.253
Сакам да го посветам овој пост на мојата професорка од средно (ваљда у средно беше шо знам) што сметаше дека не треба да се вика Честит Велигден бидејќи е тажен ден, дека починал Исус и не се вика честитки за умирање.

Мислам беше истата таа што и сметаше да се вика "На здравје" ако некој кивне
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.084
Поени од реакции
15.920
Без нашето семејство, нашите најблиски, нашите сакани, нашите луѓе на кои сме решиле да им дадеме љубов и од кои ја примаме истата, сме едно големо ништо, мизерни и јадни пси, родени во крв и гомна, храна за црвите на крајот. Знаеме сите што значи семејство, и кое е тоа богатство, но ете. Мајка и сестра во болница, ги закачи ковидот силно, среќата моја ја однела мајка и во Охрид, на викенд. Додека имаме со кого да делиме имаме се, понекогаш кукаме само затоа што сме пички најобични и не сме виделе тешко.
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.965
Ја чуди се зашо ми лајкаат на мислењето во темана Инстаграм, то да било ставено овде.
требаше вчера да одам струшко, Радожда, Вишни, ама се убив од повраќање. Минатата недела ми беше луда на работа... Оваа ќе биде полуда.

ДК, имам 30 години и вчера заспав во 21:30.

То Бобо, легендо! Лечи се со време абдал еден.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Тракава ме дефинира целосно у задњиве неколку дена....прееска трчав по ливади малку, гол да ме фати сонце за денеска и солзи само што не ми потекоа. Животот е убав....мислам дека лебдев.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
ДК
Има ли во оваа земја останато музичари да се соберат сите и да направат нормална песна? Не можам веќе да ги поднесам девојчињава од 17 години на кои пола песна им е оооу, оооу, јееа јеаааааа
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.601
Поени од реакции
6.019
Драга,

не е дозволено овде да се реплицира ама и јас би се надоврзал на муабетот за македонската музичка сцена. Искрено не се сеќавам некогаш да имало толку многу дебитанти на музичката сцена, а да излегува толу мех музика.
Прашање на вкус е, фала богу сите сакаме различни правци, но реално без разлика дали сме ги слушале и колку Тоше и Каролина остануваат константа во македонската музика. За ова не зборува тоа колку години тие опстојуваат, тој додека беше жив и таа сеуште, туку бројот на албуми кои ги издале и бројот на концерти. Луѓето решиле дека ќе се бават со музика и нема алтернатива, за тоа се живее и работи.
А не, јас извадов еден (сомнителен) сингл па периодов ќе ви пеам, можи ќе извадам 2 или 3 песни годинава и можи по 5 години ќе соберам албум. Тоа не е музичка кариера. Од "поновите" само Лозано, толку.
А кога ќе видиш што тоа праќаме на Евросонг ќе ти е јасно дека сме удриле new low во бездната. :pov:

Генерално гледано излегле и убави работи овие 30 години со кои како македонци треба да сме горди, за да не испадни дека само хејтам. Каролина, Тоше, Брејк, Калиопи, Архангел, и луѓе кои прават world music како Тања Царовска и Дуке Бојаџиев.
Автоматски споено мислење:

Малкумина знаат дека Тања Царовска (потекло од Ресен) е задолжена за санудтракот на Троја 2004та со Бред Пит. Смртта на Ахил е македонска песна која Тања и Габриел Јаред оригинално ја спремиле за ending credits и get ready била тргната нецел месец пред премиера, 2 недели пред премиера - само затоа што пеела на словенски јазик, т.е. тест публиката го опишала саундтракот како цитирам "претерано безобразен и храбар!"
Затоа пишува - complete rejected score.


Филмскиот критичар Кристијан Клеменсен од Filmtracks.com смета дека работата на Јаред за Троја е далеку посупериорна од онаа на Хорнер (која ја поставиле 2 недели пред премиера, веднаш штом ја тргнале таа од Јаред), му дава 3ка како оценката на Хорнер и 5ка на Јаред, велејќи дека неговата работа е „извонредна“ и оди до таму што ја нарекува „врв во кариерата на Јаред“.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom