Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.832
Поени од реакции
7.554
ДК, очекувај вака кога Македонците ќе ја примат вакцината од Србија (1998 хумор кој може да предизвика паѓање на под, а може и да не предизвика)

- Уџите молим вас. – Ааа ма ми ни смо за уџиџавање.

- Звачу полиције! – Звај, звај!

- Пошто су вам пуканака?

- Јесте се сместили? – Смо се, смо се.

- Од дакле сте? – Ми нисмо од тукле.

- Јесте шетали око пазарчета?

- Доџи! – Не доџувам.

- Од што су ме стезале чевле, пало ми е неарно.

- Колико година има ваш син? – Пола осам.

- На штанд за сладолед – Колико топанака хочете?

- Ево готвим манџу у кујну у велику тенџеру.

- Из дакле се зовеш?

- Македонец незадоволен од собата во хотелот кај што бил сместен, оди на рецепција:

„Извините, али нешто није у реду са собом. – Па шта да ти ми радимо?“


Македонците - Кад сте стигли? Анџак смо стигли.

- Где је мали лопов? – Ено га избегао је.

- Па кад ме је један кучак лавнуо, сав сам се испрепадао.

- Србинка на пазар во Охрид: Шта вам је ово? Охриѓанка: Губи (Јуфки) се. Србинка: Зашто да се губим лепо сам питала шта је ово?

- Конобар! Може две ракије и једну салату од зељку?

- Ово је моја мама, а ово је мој оцат.

- Пази цапнучеш у виру.

- Од које фамилије потечујеш?

- За мене једну питу са сиренцетом.

- Ишла сам, ишла сам и кад сам шланула у блатото, сва сам се избербатила, и остаде ми штиклата.

- Го шетaлa некојa бaбичкa внукот нa пристaниште и нaишол некоj Србин и ѝ викa: jao бaкице што је лепa Вaшa цурицa; и бaбaвa: ниjе цурицa ЦУР jе.

- Поздравите маму вам вашу.

- Где станујеш ти? – Па стануем околу 7, 8 сабајле.

- Полицаец во Србија запира Македонци за непрописно поминување преку улица, а тие се бранат: „Сви су преминули, па и ми“.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Не знам како беше точно онаа поговорката за гулабот, врапчето, гранката и раката. Обично кога пробувам да ја кажам ја утнувам. Ама како и да е дојде моментот за една одлука па можев да ја одберам посигурната опција и да си викам дека е добро, дека толку е можноста.

Најверојатно можев. Ама не. Јас пак морам во донкихотовски стил да се спремам за нова борба со ветерници. Па ако ги победам ќе можам да се фалам дека биле џинови.
 

Trent Alexander Arnold

Stamford Bridge, Fulham Road, London, UK, SW6 1HS
Член од
30 јули 2020
Мислења
914
Поени од реакции
4.145
јадам секој ден смоки,чипс, чварки, пици, хамбургери, крофни, чоколадо, пијам ракија, пиво, кока кола и слабо спортувам у задње време.. и не сум 250 кила. 85 сум.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
ДК
види го ова...


Ова се вика комплексно размислување... План Б ако нешто тргне наопаку...Страв ми е да помислам што планираат за тие во четвртфинале...
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.410
Поени од реакции
42.664
Сношти го вадам кучето да моча некаде околу 2, завршува работа набрзинка и одма се враќам горе. Само што излегувам од лифтот вртам лево да фатам накај станот и гледам некое девојче 14-15 години одприлика, во пижами, со ќеса во рака стои напикана во еден ќош близу вратата за Emergency exit.

Појма немам кое беше девојчето, мислам дека прв пат ја видов ама мора да признаам дека извади се од мене. Буквално како на Том од гифот подоле.





За момент помислив дека сум во некој лош хорор филм и дека само ќе ми се насмее и за секунда ќе се појави пред мене со уста отворена колку што сум долг и широк. Цела среќа кучево повлече накај нејзе да и се израдува демек, ама оваа се уплаши повеќе и од мене и се стутка уште толку во ќошот од страв.

Јас и повторив 2-3 пати "не се плаши, ништо не ти прави" (можеби и на мене си викав искрено :D) и шибнав накај вратата инстантно. Ми требаа 5 секунди да го погодам клучот за да влезам внатре, ама добро е, на крај преживеав. Сега кога ќе размислам, можда и била изгубена и требало да и помогнам, кој знае...
 
Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763
Кајги,

Ме стигна најлошата казна за човек ко мене, ме легнаа у кревет 3 џиџани прцули со големина на јаболчиња. Од човек на нозе наеднаш лежењето ми се виде мачно. Утрово во кревет појадував, мавнав брзински туш и пак се вратив во кревет, примам некоја терапија која ме поти ужасно а и така ми е прежешко. Ми се плаче! Ама силна сум, не се давам. Вечер ќе ги видам дали се добро, дали се смириле, дали ќе издржат уште бар 1м на топло. Јас мислам ќе издржат, мора да издржат, кај тргнале уште не спремни. Сопруг уплашен, до даске, пеперутка ѕирка чат пат кај мене дали сум добро, 6ти месец заминува полека полека. Мислам дека она акање во четвртокот беше пресудно, ама не смеам да зуцнам, инсистирав да излеземе да купиме гнезда божем еве ги кај се, дојдоа сите 3 и без гнезда останавме по дома. Бар да купев, да не ми беше мака. Среќа не ми успеа планот петокот, иначе од Сити мол директ сосе ќебенца у Систина ќе ме носеа. Па плачење, па кукање, па триста инекции, една ноќ во болница и цурих дома, на лежење.

Вака од хоризонтала да ви кажам животов е многу досаден, конентрација за читање рамна на обликот на мојот стомак. Под чергиче да ја барам. Молам за милост да ми дозволат бар по 1 на ден да се симнувам во дневна на муабет, дури се нафаќам да спијам и на софа до крај, само да не лежам у спална, али не. Ќе лежам, само да не го гледам уплашен толку, да не се случи нешто лошо. Кога го виде извештајот на електронско утрово мислам малку му се слоши, ама не направи никаква гримаса, онлајн шопинг и дебитна ќе трпат за доброто на нив. Најсреќна ќе биде пеперутката бидејќи со секое карго ќе стига и нешто за неа. Денес има дури 3 достави, сите ќе ги отвара она и ќе и дадам мали задолженија, за да не осети дека нешто не штима, засега мисли дека одмарам за да нема никаков проблем со бебуши.

Да му ја дремнам пак а?
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Ех да му се сневиди, какви луѓе постојат......фатени во рацете, богами и во мозокот.
Ми се јавува сабајлево братучетка ми......со фамилија отишле викендов на Шапка во некоја викендица.....ама вчера наврнало снег и не можеле да си дојдат за Скопје. Преспале и ноќеска таму.
Ми вели.....дојди со службено возило, имате на работа теренци.....одглави не, те молам. Јас велам океј, ќе земам теренец и ќе дојдам. Возам натаму и си велам, гарант ептен многу наврнало, ги завеало. Во Паџерото полна опрема, за по секакви услови......дури пред да тргнам ја проверив и куката со сајла.
Стигнувам на Шапка, полека се качувам према викендичките.......да има снег, но ништо страшно.
Се наоѓаме, им ја гледам колата.....го зачистиле кровот, прозорите и толку. Пред колата снег до фарови.....не пипнале.
Искачам од џипот и се смеам.......му велам на маж и.......добро бе пријател, една лопата за снег да позајмеше од некаде, да покопаше малку пред и околу кола......да зачистеше, да ставеше ланци и фино полека со моторно кочење ќе се симнеше до главниот пат......јас мислев преку кров сте затрупани.
Исто му велам, си видел дека врне појачано снег, си требал да ја симнеш колата доле на време.....ама господата пешки ќе требале да одат до викендицата.
Ме гледа бледо.....копук. Како тоа да си ги извалка рацете во ладниот снег, богами и да се запоти малку......полесно е да се надува работата и друг да ти ја заврши.
Им ја закачив колата со кука, ја повлеков метар ипол и му велам ајде вози. Ме гледа и ми вели ама снег има надолу........му велам, е ако има снег, ставај ланците и вози полека.
Ама цреп си е цреп......ниту тоа не беше способен да го направи. Јас седнав во нивната кола, за да ја симнам пола километар до главен пат, па после пешки да се качам до горе по џипот и нив да ги спуштам.
Свашта на овој свет.
 
D

dobramuzika

Гостин
од работа наместо со кола накај дома се упатив пешки кон градскиот ни паб, еден и единствен, пабќето, лупнав две скопски - точени и пешки си дојдов до дома, заклучив дека сум фатен малку и дека треба да си сварам дупло турско на огин.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.816
Го ставам тука, со надеж дека ќе го видат повеќемина.
Пазете се и ова се појави кај нас.

 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.331
Поени од реакции
6.236
Искрено се надевам дека следен пат кога ќе ми стаса известување за темата „Пост на кој сте се насмеале“ ќе отворам и нема да видам двајца како се расправаат за баналности туку пак ќе ги гледам легендарните членови на фан клуб Интер со уште полегендарните постови.
Фала чао пријатно.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.479
Поени од реакции
16.099
Драга

Што ја спомна членот над мене не само во таа, туку во низа теми се спама со оф топици и глупости за кои порано се јадеа казнени и банови...
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.256
Поени од реакции
1.966
Ко да не ми се доволни нервозите од луѓето,мора и уредиве да ми кинат живци.
Жити понеделников...
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Кајгано,
Не дека не знаев, ама денеска добив уште една потврда дека животните се попаметни од луѓето!
До ограда хранам една млада шарпланинка, родена од напуштена кучка, во двор имаме еден осумгодишен таков. Покрај дамата се мува еден повозрасен мал лопов, напуштен изгледа.
Драмата почнува во Петок сабајле кога Шарпланинката не си го изеде лебот за доручек. Така и следниот ден, вчера веќе ептен капна. Заклучивме дека е затруена и дека ќе се оправи пополека. Утрово кога сопругата отиде да ја нахрани ја нашла како стои потпрена на шипките од портата и со зината уста и покажува нешто. Внатре пола уста зафатена со заглавена коска.
Веќе имав такво искуство со моето куче, па веднаш отидов, отвори уста пробав да извадам коската, тешко. Се вратив по моторцангли, при повторниот обид на двапати ја извадив коската. Господичната стоеше мирна со отворена уста како на забар. Добра е сега почна да јаде и да лае!
Ај таа имаше проблем, ама напуштениот господин пес, за три дена ни трошка не и зема од нејзиното следување.
Камо среќа луѓето да беа барем блиску до поведението на животните :(
 
Член од
1 април 2020
Мислења
142
Поени од реакции
836
Dear K,

Back to bla... to the jungle!

Ми фалеше градов. Многу. И иако изутринава бев на раб на паничен напаd, сепак... ова веќе е мојата дома. И така ја чуствувам.
Додека се молев се' да биде во ред и да минам без проблеми во позадина случајно одеше песна од Сиа. Од прва не укапирав што си мрмкам под нос, но после го процесирав текстот. И да, ми помогна да се смирам. Затоа што- да, аген, јас можам да се справам со се'. Се'.

Месец дена и на исто место.
Пак се' се бранува во мене.
Погледот вредеше. Студот кој го изедов не толку. Ама можев да облечам нешто од горе. Дуксерот и хелнаките, мирисот. А и таа половина чоколада која ја оставив пред заминување помогна.
Ако го занемариме фактот дека тренерките ми се тесни. Хехенце нат. Мора под итно да почнам да трчам. И пливам. Ако ги отворат базентите. Се надевам дека.

Гледам дека работите ми се случуваат кога сум спремна да ми се случат, не кога сакам.
И така можеби е правилно.

Многу работи ми се вртат низ глава.
Теорија треба да се спроведе во пракса и да стане секојдневие.

П.С. Куферот на сред соба страшно ми смета.
Хауевр, не сум сигурна дека ќе се распакувам оваа вечер.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom