Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
23 мај 2013
Мислења
2.206
Поени од реакции
5.056
Како за добра ноќ, една поучна мисла од Толстој.

Осуждение другого всегда неверно, потому что никто никогда не может знать того, что происходило и происходит в душе того, кого осуждаешь
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.146
Добро утро драга...

... вака сабајлечки мотовиран за фитнес и workout ми текна на една прича поврзана со форумов. Можда @Джонтра Вохохолта може да се замара со тоа што некој напишал тука, али јас ја имам офлајн причата за споделување.

Се договараме со другари баскет да играме едно убаво, топло неделно сабајле, малце да се истрчаме и испотиме, а и да не го фатиме ептен жешкото. Сабота дента се договараме нели, арно ама крц, петорица сме, фали човек, никако да најдеме...

И ми текна чекај бе, едно време зборевме за баскет тука, има двајца луѓе што ми доаѓаат на ум. Првиот е срце човекот. Не пошто е некој добар лик, шалабајзер си е, туку пошто сака да стане кардиохирург, @Dr.House. Арно ама докторов полагал таа недела и морал да се спреми, сериозни се медицинските испити јбг. Вториот е главниот лик у причава уствари, мистер @KembaW. Го барам, се договоривме, вика готово шефе, идам утре, таман од карши игралиштето живеам, кец на десетка шо ми се јави. И таков среќен им викам на другариве, најдов човек, одличен е, игра баскет, физички спремен и изграден, не е некој утепан као мене, башка мнг добра душа има, мравка не би згазил. И реално, ептен добар човек е Кемба, кој го запознал знае.

Fast forward 24 саати, се наоѓаме ние пет, Кемба го нема... чекај, чекај, ај ќе дојде, тропај со баскетот, прај лаф муабет, го нема нигде. Ѕвонам, не крева. Проаѓа поише од пола саат викам ај ќе играме нешто 2 на 2 ќе се мењаме, проаѓа уште пола саат, ете ми ѕвони телефонот. Кемба вика извини брат, се оштракаф ептен у Салун вчера, ама нема гајле шефе, идам.

Доаѓа Кемба како Исус, risen from the dead. Ама дефинитивно не таков блескав како у оној што го пуштат на МРТ на Велигден и на Божиќ. Овој Исус беше жолт, пребледен, тешко дише. Пробува да игра, трча, ама се тркала по терен, не знае кај тера. Едвај гледа, пробува да пивотира ама мислам ќе се онесвести коа бара кај да пушти пас. Башка што касно почнавме, почиња да удира сонцето јако, да пече по терен, го прашувам другаров дали има пакет за прва помош у колата за не дај боже, кај и да е ќе рикне човеков. Ова не е Кемба што го знаев, кутар и зомбифициран, ти доаѓа да му скратиш мака од жал.

Изигравме шо изигравме, и рековме доста е. И сеа го знаеш оној момент коа фудбалска екипа води на тенка разлика у клучна утакмица, коа судијата конечни свири крај? Знаеш каков е изразот на победничкиот тим, оној relief што го имаат? Епа, коа реков дечки ај доста е, тој relief зголеми го за x100 пати на лицето на Кемба.

Сакам да верувам дека спасив живот тој ден. Пошто не знам уште колку ќе издржеше човекот да не колабира како коњ на запрежни коли. АМА! Каков и да беше истетеравен, дојде достојно на зборот, го испоштува договорот и го даде својот максимум (што реално иако не е многу, пак и ваков Кемба е пожив од мене и моите спортски способности, како што знаат тука сите многу).

Заради тоа увек ќе го поштуем Кемба и пак ќе го викнам на баскет :uzi:
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Слика6795[1].jpg d... prazna mi e glavava, bev cel den nadvor i zaboraviv da uplatam loto sefte posle 30 g. vecerva ke vidime dali sym spasil 80 denari ili ke treba da dadam osumdeset denari za jaze.plan mi bese da gi pisam ovie cetiri koloni.



Слика6795[1].jpg d... prazna mi e glavava, bev cel den nadvor i zaboraviv da uplatam loto sefte posle 30 g. vecerva ke vidime dali sym spasil 80 denari ili ke treba da dadam osumdeset denari za jaze.plan mi bese da gi pisam ovie cetiri koloni.
JE....mi ostanaa 80 denari vo djeb,,,,edvaj edna trojka samo vo prvana kombinacija.
 
Последно уредено од модератор:

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.294
Поени од реакции
13.156
ДК,

без оглед на се,беше огромно задоволство да се гледа уште еднаш,Тајсон во рингот,макар и на егзибициски меч!

Респект!
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.302
Поени од реакции
7.434
Кратка хорор приказна:

- Митко Стојановски, искате да уд'лжите паспорта си?

- Да господине Блгарчета...

- Този Стојан Стојановски е ваш роднина?

- Татко...

- Виждан е на протестите срешту нас...

- Ама, ама...

- Ти си б'лгарин по корените му! Дајте ми веднага паспорта си! (му го кине пред очи)

Сега Митко нема каде да бере малини и да вози камиони, сега на Митко му е доведена егзистенцијата во прашање...
 
D

dobramuzika

Гостин
јас постови му посветувам, а он вакви работи ми праќа во пп "Ќе си ги трпиш морону еден, стоко мрсна дебела неподвижна иди пиј пиво и навлези уште подлабоко во очај" :( ништо драга кајги, ништо од љубовта, јас му ја давам, тој не ми ја возвраќа, среќно понатаму анон :(
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.862
Поени од реакции
6.369
ее драга драга да је срече , била би самном али ти се нечее , пееше големиот Чолич некогаш........... ја сакам ... најмногу , ама е анкциозна... ја сослушувам, единствено со мене прави муабет за тие длабоки проблеми кој ги поминува во последните години, супер е се.. и од никаде некаде и доаѓа да плаче... незнам повеќе како да постапам, како да и помогнам, се мислам дека треба да и бидам дечко и така ќе и помине анкциозноста ???... но има едно големо но , но што ако така навлечам на мене само товар ? Товар кој моментално не ми е потребен бидејќи сум во подполен еквилибриум , во зен моуд сум ... толку ојачав психички и физички што не сум сигурен дека ми треба личност која психички не е на мое ниво ... од друга страна би жртвувал... за неа ... но под услов да не ми се наруши мојот еквилибриум кој го градам со години ... видечемо драга.... видечемо. здравко чолич легенда како и да е .
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
@dobramuzika е одлично типче бтв, не знам дали се сеќава дека се видовме еднаш на натпревар на Вардар во Велес. Изгубивме контакт, ама се сеќавам дека се најдовме тогаш, после доручек во Маринела :D Ти ебам короната, ми скрати одења на скара во Велес. Како би згрмил една маринелка сега, да не можам да се поместам од стол после тоа.

Туку, како некој што секогаш протестирал против неправди, после 20-тина учества на најразни протести (од навивачки, политички, за општествено добро, за образование, за стечајци), дојде време да си ја браниме населбата. Раштиман оркестар, едно 3-4 години ни требаше да сфатиме дека има нов ДУП за населбата и дека ниту тој не се применува, бидејќи градителите со финти и во договор со општина почнаа да градат огромни градби. Ама, секој почеток е тежок. Ги здружив сите маала од населбата, будење лека полека :D Еден протест бидна, а од тогаш се работи за правно да се добие битката. Ќе си играме шаховска партија со општинарите. Па, доста беше плашење и страв од кревање глас. Како пички сите знаеме да гракаме на социјални мрежи, а на дело никој не сака да се замара да придонесе за промени. Од цело друштво, ниту еден не дојде на првиот протест. Од мое маало, од сите на моја возраст, дојдоа само девојките, машките чекаа да видат како ќе помине, па сега да бараат да има нови протести. Тешко оди организација, особено кога во најгласните имаш мешавина од уметнички фаци од една страна и навивачи од друга страна. Потешко е да одржиш рамнотежа меѓу нив, затоа што секој знае да придонесе на свој начин. Најважно е дека почнавме една нова дружба меѓу луѓе кои досега не сум ги ни знаел, со оглед на тоа што се од сосема друг крај на населбата. Иако моменталните фрки се случуваат далеку од мене, наместо да седам како цреп како секој класичен македонски граѓанин, прв отидов на повиците од тамошните жители. Му викам на тој инвеститорот, како што нема утакмици, има мамицата да ти ја ебам :pos: Бегај од овде, да не ти ја опнам една...
Се пикна во дупката, чекаше да дојде полиција да го вади. Абе бетер шипци сте вика, во Чаир немаше вака да ми прават. Абе мамицата, не си ти крив, тие што ти дозволиле да градиш се за стап.
На овој народ му требаат борци на улица, независни од партија, ама му требаат и интелектуалци да го кренат гласот. Човекот кој не зависи од партии, може полесно да крене глас. Ама кај нас овие користат од политика, се заседнале во тоа професорските фотелји, ги мрзи да живеат. Имаме и такви во населба, место први да ја бијат битката на правно поле, како професори од УКИМ, тие коментираат на ФБ и на крај живи ги нема. Затоа и УКИМ е таму каде што е, таа мрзливост за промени со го прави своето.
НеИсе...
Ќе видиме што ќе излезе, не е дека бараме нешто што не ни следува, само ретко кој успеал да се избори за победа. Го претворија Скопје во ќенеф. Градот убав, пак ќе никне, жими куров ќе никне.
Ќе никнат уште 1000 други згради, секоја зелена површина се претвори во зграда. Се досели цела внатшреност, се иселија сите од Скопје во странство, ги оставија градовите да се напоилнат со шипови од сите планински села и од Косово.
Приштина и Тирана за Скопје станаа Лас вегас, тука шеташ низ Центар и само забулени девојчиња гледаш и некои ропаци шконски што снимаат тик токови. Отиде и Скопје, официјално. Порано можеле да сонуваат за Градски парк, сега се распространија како бубашваби насекаде. Ти ебам политиката, ти ебам предавниците што си го продадоа газот за партии и сите копуци што како слепци одат да поддржуваат некоја од двете издајнички партии.
Не ни се криви ни татари, ни грци, ни албанци, градовите не ги опустошија овие, туку такви олигарси кои си правеа што сакаат во цел град. Па уште ќе сме ги жалеле, да го ебам Ѕинго и цела фамилија негова. Ебаа мамата на цел народ во Источна Македонија.
Абе сум се решил да се посветам целосно на животот во Македонија, сум пропуштил шанси да се преселам во Холандија и Германија, за на крај некој да ме ебава тука. Да ни зацрни живот во иднина, децата да немаш каде да ги пуштиш да играат во иднина.
Абе на овие улици душата сум ја оставил. Сме растеле надвор, сме оставиле цел живот на овие игралишта. Уште се сеќавам кој каков сендвич јадел на пауза од партии во жмурка. Кој јадел кифла со крем, кој јадел само чајна, кој се давел во мајонез, кој му ставале само патлиџан во сендвичот итн. Раце сум искршил од играње џамли и играње на тапка со сликички. И на овие места сега да ни насадат зградетини, да ни доселат некои богати акмаци или були, НЕ ЧЕ МОЧИ ОВЕ НОЧИ.
Ќе доживееме ли некогаш да се роди херојот кој ќе го крене народот против класните разлики? Да ебеме матер на оние кои не ебаваат 30 години од било која националност? За идеали гинат будали до душа, ќе се жртвува некој за во иднина некој дрипец да излезе и да рече дека оние против кои сме се бореле всушност биле административци тука, не биле непријатели. Оооо бе мушмул еден, да те ебе див вол и тебе и од твојата партија од нашата зермја и на тоа педерчињата од „патриотската“ партија што како кртови се кријат и само грабаат политички поени. Кога некој таков ќе ми продава патриотизам, а накалемил 5 стана, 3 викендици и 20 коли. Па некој поттрчко ќе ми рече, џабе братче, ништо не можеш да смениш. Па кој курац ми продаваш филмови, се сликаш со знамиња за секој празник, споделуваш статуси како си на браникот на татковината? Татковината се сака со дела, со почит кон сите, со општо корисна работа, работа за општествено добро. Нас да не ебе див вол, затоа што сме се довеле во оваа ситуација да не смееме да писнеме против селска багра опинчари.
Убав викенд имав инаку. Ќе прикачев слика како пијам пиво и гледам општинска лига, ама не работи опцијата. Чил <3
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Овие десетина телетабиси од Левица што се вртат на фејсбук ми се како дечко и девојка во дисфункционална врска што обавезно имаат иста слика на профилна.
Следен чекор им е заеднички профил да си направат, и онака сите 10 ликови истите работи ги споделуваат, или еден со друг си споделуваат статуси, никаква индивидуалност и своејасност немаат. Профилите им се импровизирани фанпејџови на Левица и Апасиев, никаков персоналити не можеш да видиш, ништо што упатува кон тоа дека стои човек позади профилот, не можам ни ко луѓе да ги перцепирам веќе, само како спамботови.
Да не беше смешно ќе беше жално.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.034
Поени од реакции
106.826
Хаахахахахаха Џимеј и рендето лелелеее :pos: :pos: :pos: Каква луда приказна е тоа мајко мила. :D Иначе и мене Џимеј ми е омилен лик, маана секако му е тоа што навива за Милан ама па што вика Џонтра никој не е совршен, нели... Човекот да земе во Канта да напише пост би го прочитал од А до Ш без да трепнам, е таков стил на пишување има Џими, до толку ми е читлив. Интересна работа ми е тоа на форумов, има неколку ликови што и да напишат Војна и мир текст ќе ги прочитам без да се сморам и без да трепнам, а има доста што добиваат само скрол и зз. Од некои имам и алергија макар и една буква напишале али тоа е веќе друг муабет, да не забегуваме.

Него, пред неколку дена светот го напушти еден од најголемите фудбалери во историјата, за многумина и најдобар, Диего Армандо Марадона. И не би сега да пишувам срцепарателни постови, само муабетот ми е да им објаснам на тие што викаат наркоман бил таков бил онаков бил. Луѓе, да, Диего беше наркоман, беше блесав лик, беше контроверзна личност, сето тоа стои, ама статусот кој го стекнал како фудбалер никој не може да му го одземе и да му го негира. Да не претерам ама 90% од форумџиите овде не сме биле родени кога он роварел на фудбалските терени па можеме само од приказни, видеа и слики да коментираме, али доволно е и кога ќе ти раскаже некој постар да сфатиш за каква величина станува збор. Човек поради кого се менувале религии, човек поради кој не било ништо друго поважно освен да отидеш на утакмица и да го гледаш, човек кој добил статус на Бог во Аргентина и Неапол. Неверојатна личност мајке ми, срце ми се кине кога ќе умре некој ваков човек што оставил огромен белег во некоја сфера од животот, дали спорт, култура или нешто трето небитно.

Една дешавка за него и Папата, патем отишол Диего во посета на Папата и видел дека плафонот таму во Ватикан бил од злато, а во меѓувреме Папата отворил муабет дека многу жали за сиромашните деца, дека има голем проблем со глад во светот, а Диего мртов ладен му одговорил: Па продај го златниот плафон ебате, реши бар дел од проблемите со гладот, за што ќе ти е злато на плафонот? :) Ретко кој имал муда вака да комуницира со сите, не само со Папата, без влакна на јазик лупал се у фаца, дали е новинар, тренер, брат, сестра, претседател, кур го болело братот си рокал све у фаца.

Почивај во мир дете на ветрот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom