Драга Кајгана (виртуелен дневник)

D

dARK_ElementaL

Гостин
К, што да ти кажувам ма, досадно. Де се работи де не се работи. Малку виски малку кока кола.

Ај веќе кога сум тука да те update-ам.

Вчера се испиздив со брат ми асално. Нешто што му го собирав веќе доста време. Стварно ме извади од такт ќе дојдеше и до жестока тепачка за малку моиве да не реагираа. Парче имаше да го напраам, атоми да летаат од него.

Да не забораам да ти речам нешто за најважната работа на Планетава, гласањето. Слабо драга, ни гласам ни ме занима. Кој ги врти. А и моиве дома конечно се откажаа од гласање. Видоа нема ништо од истото и баталија.
 
J

joli1

Гостин
Постариве викаат дека младите не сакаат да работаат ради тоа што се мрзливи, а не поради било што друго.

Како некој што работа од мали години и како некој што од пред некоја година се рачуна како полнолетен, на сите другари и познаници сум им велел доколку немаат потреба да работаат уопште да не се нафаќаат, поготово не кај приватник.

Џабе, овде работодавците уопште не ги ценат работниците, поготово младите со кои обожаваат да играат мајтап и да ги преместуваат од едно место на друго, да ги држат прекувремено на работа, да не им даваат слободни денови и платен одмор, да ги плаќаат минимално, а истите да им ја вршат работата перфектно. Ако се побуниш ќе бидеш сменет, поготово у град кај што незапосленоста е на највисоко ниво во државата.

Што се сум трпел и сеуште трпам за мали пари ми доаѓа да на самиот не шамар него ќутек да си дадам.

- имам работано за ништо / 8 саати дневно, ова како многу мало дете, газдата ми плаќаше според тоа колку он сметал дека имало работа дента, некад само 50 денари, некад нешто повеќе. без слободен ден.
- имам работано за 200 денари / 8 саати дневно, физичка работа, без слободен ден.
- имам работано за 400 денари / 8 саати дневно, физичка работа како и работа со клиенти, у пола година имав ослабено околу 25кг, само еден слободен ден неделно, некогаш ни тоа.
- имам работано скоро 2 месеци секој ден прва-втора, втора-прва, без слободен ден, сам на смена у период кога странците беа дојдени и имаше ПРЕМНОГУ, али ПРЕМНОГУ работа. За два месеци работење без слободен ден имав добиено само околу 50 евра повеќе, а здравјето ми беше толку сјебано што буквално на работа на мој 18 години ми паѓаше притисокот и нонстоп се осеќав како да ќе се онесвестев. Да знаев дека ќе добијам толку немаше ни да работам, ќе си дадев отказ.

Ни сега не е идеална ситуацијата, работам за нешто малку повеќе од тоа што е минималец, фул работно време со еден слободен ден, но и тоа некогаш го нема. Самата работа е многу одговорна пошто работам со пари и една малку покрупна грешка ми се неколку дневници, а да не зборувам за тоа што клиентелата со која работам e невоспитана, безобразна и агресивна, па не само што има сериозни вербални конфликти често, него морам и да глумам психолог и да дифузирам ситуации за од вербален да не стане конфликтот физички.
BTW, самото место каде што работам е место каде што новозапослени доаѓаат и си одат утредента бидејќи не можат да го поднесат тоа темпо на работа и клиентелата која е бизарна.

Денес, таков полумртов и уморен одам на работа и ме пречекува колешката која ми вели дека нема годишниот одмор да ни биде платен, т.е ако сакаме да имаме годишен одмор ќе мораме да ги жртвуваме унапред слободните денови кои ни следуваат секоја недела.

Ропство, што?
 
Последно уредено:

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.340
Поени од реакции
7.453
Драга Кајгана,

Одамна немам пишано тука.
Од пред некој ден сум пак сингл енд реди ту мингл. Мислам кога врската е почната онака од досада и во меѓувреме истуркав 2 договори на брод и пак ми беше онака... поарно официјално сингл.

Денес после пола месец поради мала повреда повторно возев точак, 9км и фино ми е :)
Сега под туш па да продадам некоја полиса за животно осигурување после тоа :)
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.641
Поени од реакции
27.885
Еве ги "делот од граѓаните" што би рекол Филипче,у сред пандемија на бензинска пумпа.Инаку тоа во кофата е течност предвидена за чистење на ветробранското стакло за тие што не знаат
IMG-76f6834a5a03d80c50cf5b1f2b66cd2c-V.jpg
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.577
Поени од реакции
81.134
Свативме дека овие што шибаат со електричниве тротинети по тротоариве се нетокму и им фали некоја жичка во мозокот, али некои решија да одат чекор понатаму и да превезуваат малолетни деца со нив... Свашта :popce:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom