3 месеци сметки немав платено поради гигантските редици пред пошта и пред банките. Ми стигна опомена и веќе морав да одам и да чекам. Сметки што не можам да ги платам онлајн, се друго така плаќам. Морав со уплатница. Пред поштата застанав.
И секогаш се дешава нешто во редот, ние не сме народ што само ќе си чека ред, кога ќе стигне да си плати и чао пријатно, него вакви сме:
Таа пред мене само што дојдов: 3 саати чекам болна сум од кичмата, со стап се движам, срцето не ми е во ред, тешко дишам, простум не смеам да седам. И се мене ми збореше. И јас што да правам.. Што да правиш тоа е и викам. Зад мене доаѓа една друга ми вели долго чекате? Јас сега дојдов велам. Оваа пред мене почна истиот муабет. Пред неа човек рече за нас било само карантин како што било за велигден од петокот. И се вмешаа пола луѓе ама не беше петок господине сабота беше од сабота почна карантинот. Не, петок беше знам на пазар сакав да одам не можев ради карантинот. Абе сабота беше човече разбери се... Кавги, тензии, заплети, расплети тука некое време дали било сабота или недела.
Тие се караат, еден влезе внатре и му се пуштија, една бабичка почна да трча по него да го врати назад. Алоооо кај одиш ти преку ред ние будали сме тука што чекаме, некултурен еден, поради вакви ко тебе на ова тереџе сме.
Поштар сум, тука работам чоекот греота исплашен. И пак му се пуштија ние на грав не гледаме дека си ти поштар што не игнорираш речи поштар сум и влези. И муабети за него и поштарите не се што беа, Цане кога беше абе за 10 минути цел град го вртеше и се точно на место како шо треба ти носеше, овие што се сега крадци ти крадат од пензијата, од платата...
За тоа време пак една помина по скалите преку ред со трчање. Пак по неа бабата да ја врати. И се враќа и оваа зад мене и вели срам да ви е госпоѓа дотерана стросана а некултурна, будали тука не правиш. И се врти таа преизнервирана, зацрвенете во очите, чад од ушите и излегуваше и мене ми вика мораш да мрчиш така? Немој да ми мрчиш мене не ме знаеш која сум гадно ќе се заебеш разбра? И вика урла. Јас онака како грев некој збор не кажав ми се пушти. А овие другиве па ќутат. И си викам не се расправам си молчев не кажав ни јас дека не и реков така, ама жената не се откажува. Алоооо тебе ти се обраќам, мора да мрчиш за се? мораааааш? И сите ќутат. Не ти реков јас и викам, ама навистина не е фер да одиш така преку ред освен ако не сте вработена тука. Преку ред ќе одам и ми можеш нешто ми вели? И ќутат овие грдотиите. И се качува по скали и ми вика еве гледај преку ред одам види ме... И влезе и почнаа поротниците ама откако влезе, како не и е срам кучка види ја, тешко на тој дома што му е, абе ќотек за оваа, ах како не ми рече мене да ја подберев...
Не се помрдна редот ни за еден човек додека чекав 40 минути, видов еден пак преку ред сакаше да оди и зедов си заминав. Ќе плаќам камати, казни ќе плаќам, да чекам ред некаде, НИКОГАШ!