Драга Кајгана (виртуелен дневник)

A

Aexil Kong

Гостин
Драг универзуму,

Поради полицискиот час и послободното време почнаа мислите повеќе да ми доаѓаат и наеднаш ми дојде една интересна (барем според мене).
Мислата ми вели, ете, тоа што мечтаеше, сега периодов конечно сите млади скоро се изедначија во поглед на искористување на секојдневието. Оние кои имаа афинитети кон журките и излегувањата и дејт-проводите сега се приближно еднакви до останатите млади луѓе што претходно беа без можност да си го дозволат тоа поради финансиски/социјални/територијални препреки. За овие втората група, ваквиот живот им е редовна состојба без разлика на карантини/вонредна состојба и во вакви состојби се ментално истренирани да издржат без последици.

:)
 
D

dobramuzika

Гостин
драга, ова требаше да ми биде прва година како возам тури со точакот по селата, ама со сета оваа ситуација ми се оневозможи тоа, ајде, битно на работа одам со точак, а и трештам спид метал по дома.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.646
Поени од реакции
13.103
Лапај си Civ 6 за беспари од Epic Games. :roker:
И DLC Gathering storm за ~35$ :sekc:
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.709
Поени од реакции
9.541
...убаво рекол Давид Ике....Ние станавме стока која сама себе се чува и не дозволуваме на никој да биде поинаков, а камоли да го напушти стадото. Секогаш кога некој ќе даде поинакво мислење или поинаку се однесува, многу брзо ќе биде изложен на напад од другите кои ќе почнат да го исмејуваат на безброј можни начини!

Човештвото дојде пред катаклизма, дојде на работ на духовно и материјално пропаѓање.

дали ни има спас:(
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.137
Поени од реакции
107.443
Отсекогаш мразев кога некој ќе ми побараше малце од сладоледот и кога ќе земеше голем гриз, онака пола сладолед ќе ми го изгриза, ќе ми го ебе меракот начисто. Обично кога јадам сладолед на стапче прво си го грицкам чоколадото, па после внатрешниот дел на сладоледот, па затоа ме живцираа/т вакви работи. Гриз од сладолед бе... :гомце::tapp:

Не ни осетив дека пројдоа 3 неработни дена од што чмаам дома како утка, ти ебам и карантин и се. Денес за прв пат правев панцероти, не дека е квантна физика да ги направиш ама сепак нејќев да ги утнам и сакав да испаднат добри. На крај испаднаа и боље него што очекував, особено што на почеток ја утнав мерката за тестото па додавав брашно и пар други состојки. :D Ако некогаш живеам во куќа има да направам огромна летна кујна во дворот, со скара, со фурна, со летниковец, со сите нишани, затоа што ненормален мерак имам за готвење па таков амбиент би бил идеален.

Последниве две недели почнавме да играме серва во маало, ем е безконтактен спорт ем е забавен, таман погоден како мерка за коронава. :icon_lol: Ми се вратија спомени од детството, значи кога бев апла копиљ, 8-9 години, имаше по 10 парови за серва, ако изгубиш можеш комотно да си отидеш дома затоа што никад нема да дојдеш на ред. Ова секако го зборам од аспект на гледач на серва, зашо со 8 години сигурно не сум играл со постарите, али муабетот ми беше колку многу се спортуваше тогаш и колку луѓето беа насочени кон такви работи. Сега децава или се со мобилните во раце или на компјутер дремат, постарите се по кафичи и кафани, а игралиштата и терените си зјаат така празни.

Приметувам дека одприлика негде од генерација 90-та, до кај 96-та/97-ма, се последните нормални генерации, луѓе кои се уште спортуваат и имаат колку толку понормални навики. Еве како што реков периодов играме серва, абе ниедно дете нема барем да гледа бе, не мора да сака да игра, само да гледа, ништо повеќе. :tapp: Имам роднини во село Ранковце, од Крива Паланка, им направија тениски игралишта од оној проектон на Грујо што беше 100 тениски игралишта, значи две игралишта имаат, два терени за кои не се плаќа за да играш, се што треба да направиш е да отидеш со своја опрема и да играш, ништо повеќе. За жал тие терени служат за фрлање ѓубре на локалните Роми, за пиење навечер во летните денови и за ред други непотребни работи. Абе да ми напраат таков терен кај мене нема да се тргнам од истиот, по 25 саати дневно ќе играм тенис, здравје ќе си земам од играње, али јебига кој ми е крив што не живеам во Ранковце. :icon_mrgr:

И така постов тргнав да го пишувам само за сервата, а на крај искочија панцероти, тениски терени, залутани генерации, уште 5Г мрежата и вонземјаните ми останаа неопфатени. :D Кога сме повторно кај сервата еве апелирам сите што немате што да правите и што ви е досадно по дома, соберете уште 3ца, нацртајте едно поле за сервис по своја волја и свои димензии (ние со чекори меревме) и играјте серва, ем добро ќе се испотите ем ќе се социјализирате, па кога ќе поднаучите може да дојдете кај мене во маало да ве преслушам. :ROFLMAO:
 
Член од
3 април 2020
Мислења
905
Поени од реакции
508
Кајги, овие денови сум изместена од колосек и повторно од истата работа.Си мислев, дека се дошло на свое место,оно било затишје пред бура.У пм!
 
Член од
14 март 2014
Мислења
473
Поени од реакции
1.163
Кајги, не знам што е полошо: гневот кој живее меѓу луѓето или луѓето кои се гневни сами на себе?!
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.732
Поени од реакции
24.354
Јас: моето дете ќе има апсолутна слобода да избере што сака во животот од идеолошки и религиозен аспект, ќе дадам сѐ од себе да не да му влијаам и наметнувам свои гледишта во никој случај.

Исто јас кога бирам облека за неродениот син:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom