Викенд..пријатна домашна атмосфера. Бидејќи живеам на последен кат и не пречам на никого, од време на време практикувам на тераса да правам скара (секако на електрична).
Таков беше и денешниот план....мераклиски го измаринирав мевцето уште рано сабајле, попладнево си излегов на тераса, пивцето ме чека....месото до мене. Ја палам скарата и за кратко време гледам силно вжарување на еден дел од греачот. Инстиктивно во скок се тргам назад и имаш експлозија. За скарата ич не ми е гајле, среќа што не летна некое парче од греачот во мене, а за месото лесно е, ќе оди во тава.
Тоа беше пред пола саат, а уште неможам да се си дојдам на себе....ме стресе моментот кога експлодира.