Драга Кајгана (виртуелен дневник)

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.358
Поени од реакции
19.189
Драа

Ама сам се поругаја.Куде мои сам на гости неколко д'на.Штракам га телефон и стана да си напуну воду.Телефон остсна незакључен на астал.Несакајки пред да стану улегнаја сам у тему "Цицки за златен медал" Мама пројде покрај астал и цицке сфетиф у телефон,штрчиф нагоре,очи ке ву извадиф.
Тај задња слика,бш за медаљу,сисурлајке,сифони,цепелини.
Викам несакајки нешто,џабе,не ме вади ништо,којзнае што си помислила жена.
:icon_mrgr:
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.314
Поени од реакции
6.174
И овоа кучкава не е тоа што беше. Лапа храна за кучиња, после кога ќења у двор квичи. Купи и паштета, си го апе јазикот пак квичи.
Од сеа шо викаа К15 ќе и даваме по 50 денари, шо сака нека си купуе нека јаде....
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.991
Стандардно, и оваа година да се испоштува

"ја много сакам сите, екипа, македонија"


Кога најголемите ѕвезди од ентертејнмент индустријата во државата направија едно позитивно спотче што до ден денеска ми буди убави емоции.

Лани реков дека видеово е ептен добро за гледање пошто можеш да сфатиш колкава деволуција се има случено во земјава, па сега и ќе правам анализа на луѓево во спотот

Александар Митевски - се уште активен со Дац. Еден од ретките што уште прави спотови и музика. Видеово е од пред 18 години. Не требаше до сега некој нов Александар Митевски да се појави?

Немам појма која е оваа :/ Кочовска?

Маја Гроздановска - се омажи и толку од кариерата. Очекувано, нема нова Маја Гроздановска на сцената

Атанас Костовски - пензиониран, мислам имаше некоја инволвираност со СДСМ кога беа во опозиција?

Росана (или беше Маријана) - Би требало да не е активна повеќе, најверојатно нема ни да има нови Маријани и Росани пошто тој жанр на музика полека умира

Чинам овие двајца беа некои од талент шоуто на М2?

Дечково ми личи на Мартин Вучиќ. Ако е он, ете повлечен е од музичката сцена, нели, немаме нов Мартин Вучиќ...а ваљда не е он.

Сања - Во брак со Слаткар, освен Дунавка која што е infamous, немаме други манекенки што се познати

Другата Кочовска - Уште е активна, уште има сила како и порано (y) дали ќе излезе нова како неа на сцената во државата? Doubt it

Дарко Панчев - И овој нешто инволвиран со СДСМ беше чинам

Дац и другиов актер што не ми текнува како се вика во моментот - Двајцата активни беа во политиката, чинам и двајцата беа некаков дел од СДСМ

Калиопи - Прави рандом видеа на инстаграм, тешко уште една Калиопи да се појави на сценава

Тарчуловска - Via proxy со мажот инволвирана во политика

Драган Вучиќ - :( :( Ах бе :( :( Нема што да се каже тука што не кажав во постот пред недела дена. Нема да има уште еден како него сигурно :(

Весна Петрушевска - После обид за самоубиство, сепак се уште е тука и е активна. Не гледам ниту еден што би успеал да биде на нејзино место или како водителка (Вртелешка беше ептен гледана емисија на времето) нити пак како актерка позната по комични престави

Никола Ристановски - Сериозно мислите дека ќе има човек што ќе дојде блиску до него од новава генерација? И да има, Никола Ристановски се станува со многу искуство така да..тоа е, ќе се изначекаме за уште еден ко него

Нон-Стоп: Бени беше инволвиран со СДСМ, другиот не знам :/

Владо Јаневски - Се уште е активен колку толку, нема СИДА, нема Корона, има пеено на кампањи за двете партии

XXL - Немам појма кај се овие :/

Илиевски новинарот - се уште е активен. Генерацијата на спортски новинари од А1 се уште е активна така да рано е да се бараат "Нови познати новинари од областа на спортот"

Бенд од Силви бенд - Не знам дали ја утнав жената у спотов до сега, ама ете, се уште се активни. Искрено чисто сумњам дека некогаш брачен пар ќе биде музички популарен во државава

Силви од Силви бенд - Ах, еве ја, со Мартин Вучиќ.

Наум Петрески - Се уште е активен, си пие, си јаде месо, си живее живот. За повеќе See: Марјана/Росана

Дечково ваљда беше од М2? неам појма кој е

Нора Шаќири - Чинам нема некоја емисија оваа?

Мики Црнокрак - И тука нема што многу да се каже, не знам ни дали е активен, ни дали има модни агенции во државава....ваљда Елена Лука го има земено приматот од тоа "селебрити од светот на модата во Македонија", така да, честитки, модата е единственото нешто што не е паднато во овие 18 години, без зафрканција шокиран сум од ова :D Ете, конечно категорија каде што тој од 2002 не активен, а постои замена :D

Мики Јовановски Џафер - Не знам што прави овој овие денови, секако не очекувам во скоро време да чуеме шлагер од типот на Сонце за три светови од било кого во државава

Наталија Грубовиќ - Немам појма каде. За повеќе: See: Сања

Ѓорѓи Крстевски - Не е активен. Никогаш повеќе нема да имаме сцена каде што ќе може да имаме повеќе од 5 машки вокали кои што ќе успеат да живеат само од музика, ама тоа е, се надевам ги заштедил парите од тогаш :D Чинам за Надал навива овој? Кул човек ако е така :D

К-15: Цацко е дел од СДСМ, Васко отиде во Австралија па се врати, Бранко е активен со Фчерашни Новости. Ни во 20 универзуми нема да излезе некој што ќе успее да биде на нивно ниво на популарност (пошто јбг, за жал такво време е)

Ете, или се со политика, или не се активни, или се активни ама смачено им е од тоа да се активни :D

Да проба некој да го направи спотот сега пола од овие ќе се повторат а другата половина ќе престане да биде релевантна додека да се пушти спотот онлајн :D Мислам ајде, замисли ваков спот да се направеше пред една година, у старт Дупер се распаднаа :D



П.С.

Еве, ептен им е досадно на овие во карантинов па ги викнале ракометаркиве да се снимаат, ако, ми се допаѓа ова (y)

 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Жестоко се бориме а не смејме :icon_lol:, аи шо пола џандари пола криминалци и пола обезабедување сме. Има луѓе две во едно :icon_lol:. Дечките помлади викаат ако дојди инспекција ќе ги натепаме, а на сликите пише мемориес :icon_lol:.

 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.564

во неколку минути колку е се отидено во последно време и да не ве чудат идиоти што се палат на 5Г (Г5), хемтрејл и тн и што дури и со факти вие сте будалите а не тие.

Пред скоро баш ја имавме дома дискутирано оваа тема од видеово, т.е како непочитта на родителите кон академските работници влијае на нивната непослушност кон истите во школо.
Многу во погрешен правец отиде се со овие „говор на омраза“, soft language, фејк феминизам, баналности за кои може да бидете судени, „еднаквости на малцинства“, можност секој да искаже свое мислење колку и да е идиотско и да ги запали и останатите идиоти и тн.

Не знам каде ќе не донесе, ама сигурно не во поубав свет.
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Вест која ни доаѓа од Сарај.Жител на Сарај утрово застанал на семафор на црвено,поголемиот дел од жителите на Ѓорче и околните населби говорат за овој невобичаен настан,имено кога се случил настанот имало и репортажа за цвеќиња токму на тоа место,па од Алсат-м телевизија,веднаш побара интервју од господинот со голфот,тој раскажа на телевизијата цитирам „ Тоа беше моја должност јас ги почитувам правилата“,се огласи и Оливер Спасовски кој кажа дека за овој несекојдневен,хуман,човечен акт државата ќе му даде вредносен ваучер од 6000денари,и рече дека треба да биде пример за сите нас како треба да постапуваме.Се огласија и од алијансата за албанците кој решија да крстат улица по него во Ростуше.
Денот започна навистина прекрасно.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Нешто се шушка по медиуми дека Србија, Бугарија и Грција (можеби и Романија) се договориле да можат да патуваат меѓусебно без услов за карантин и тестирања од 1 јуни за службени патувања, а од 15 јуни општо за летување.
Нас во таа листа не нема :(. Се надевам ќе не вклучат и нас, ваљда нема Македонија да служи само за транзит цело лето.
Искрено да си признаам топли денови..на прагот на летото сме..доколку и нас не пуштат да можеме да патуваме за Грција без карантини и тестирања (се нормално како претходни години) -здравје Јули-Август одам. Имам сопствена приколка закотвена во камп, годишно плаќам..не би сакал да остане празна цело лето.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.992
Драга

Бев во продавница да купам нешто и пред мене на каса беше една постара жена, продавачот и даде кеса, а оваа носеше маска, ја тргна малку маската, плукна во прстите и ја отвори кесата. После тоа, бидејќи плаќаше со картичка со истата рака ги штракаше бројките. Да бев на местото на касиерот ке направев сто дезинфекции на апаратот.

Инаку гледам видео во Белгија лекари кои направиле шпалир и како се приближува автомобилот во кој е нивната премиерка, тие и вртат грб. Во Македонија партиските доктори би се степале кој попрв да се слика со министерот и да ја закачи фотката на социјалните мрежи.
 

Kanye.brt

Пропо
Член од
29 ноември 2019
Мислења
745
Поени од реакции
1.026
не сонувам или не памтама ама нокес еден прекрасен сон ама не со хепи енд за жал :mad:

нешто идеме како у школо и доага венко филипче ни држи предавање за корона, уствари на него му требале 5-6 дечки да ги прати на месечината заедно со сонџоку да ги соберат топките и нели желбата да биде да се убие короната. И тука ни вика кој сака да се пријави доброволно ако има некој што знае германски би било одлично таму има луге вика германски зборат, вика сите што знаат германски нејкат да идат, у германија австрија работат ги боли кур за корона, ние викам ке идеме што ке праиме тука полициски часови кантер играме само ај малце да искочиме ионака нема одмор летово, ама немаме појма германски добро ајде и таму се качуваме у ракета не испрака оливер спасовски ни вика со срека бутербешенге обичуго нешто германски вајда, стигаме се симињаме стварно све коли некој скапи со швајцарски таблици и се наогаме со сонџоку и вади тоа радарот вика ваму идеме, у еден трговски центар стигнавме голем и тука не приметија едни луге и почнаа да не бркаат ни е бегаме се разделивме сите на звучници викаат стојте предајтесе (тука малце се исплашив), си викам од кај сега на македонски зборат знаат од кај сме не намести нешто овој све да му ебам, тоа е бегам и влагам у една канцеларија и го гледам груевски нешто носи отвара сеф некој става внатре и викам ова се змејските топки му вртам на соџоку локација му пракам он доага со нимбусот и се тепа со груевски ја идам ги зимам топките 2 имаше другите 5 кај венко уште овие му фалат, и бегаме пак ау се наогамае пали ракетата за назад праиме муабет што како од кај таму груевски им викам и едниот он по политика е вика не им одговара на вмро да има избори и сакаат да продужи коронава и тие што не бркале биле од вмро некој, дури и груевски се ангажирал од што била сериозна работата, и викам што сеа ние испадна за сдсм дека работиме, ај јбг бидна да помине само коронава да можат лугево у грчка да идат, и стигаме у училната иста му ги даваме топките филипче срекно насмеан до 6ки ги составуваме топките и доага змајот му вика да нема корона више ок готово решен проблем, сега да снима прес едвај чека овој, ама прво да ни се заблагодари филипче што му завршивме работа, ни дава по 1 кило ориз :facepalm: све ова го поминавме за 1 кило ориз бе да ти ебам детство ејјј:mad: се извервирав тука се разбудив и погоди што имам денес за ручек:mad:
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Македонски работодавец почетен пакет
-Му правиш ненормален профит на дневна основа
-Вози кола каква ти што не можеш ни да замислиш
-Финасиска исполнетост до совршенство

Се случува “криза“ која не трае ни 2 месеци

-Ги брка вработените бидејќи не можел да обезбеди плати,паднал во тешка “криза“,лапа државен фонд.

Корона?Малку е дајте нешто појако.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom