Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.259
Поени од реакции
22.482
Колку е убаво во животот да си Анон.
Сите ги гледаш од високо, им ја потценуваш интелегенцијата, хејташ и шо треба и шо не треба, ги подебаваш со вискоинтелегентен хумор, а тие ....
Тие цело време мислат дека си женско.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.752
Поени од реакции
9.558
.....ДК....Кога луѓето би си ја ичистиле својата внатерешност, нема да имаат потреба за чистење на надворешноста:(

Еднаш во денот, барем пет минути, нека заронат во длабочините на својата душа, нека прошетаат низ лавиринтот на своите емоции, нека направат една генералка......инаку, роговите ѓаволски почнаа да им го пробиваат темето, опашката да им се влече по земја...А СЕ ЧУДАТ ЗОШТО СЕКОЈ ДЕН ГИ БОЛИ ГЛАВА :gjavol:
 

LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.334
Поени од реакции
3.276
Ona koga si spokoen deka nikogo nema da zarazish :cool:
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Се сеќавам во 2009 негде или 2008, направив на фејсбук една група за споделување музика, со едни мои школски друарчиња од средно, па така истата ја лајкнаа за неколку месеци некои 5000 ликови. Пропратно како што покажуваа интерес, тие кои најмногу беа интерактивни и споделуваа ликови, ги ставав модератори да споделуваат музика и да се потпишуваат со некаков ник. Сите заедно станавме едно големо семејство кое правеше седенки во Прилеп, Скопје, со пиво, со дискусија, со размена на бендови, со константна комуникација и шали.
Двајца модератори кои се запознаа преку тој фан пејџ, после некоја година стапија во брак и денес истите имаат 2 дечиња. Ова е ведрата страна од таа приказна.

Денес дознав дека еден од поактивните модератори починал. Доста млад, супер дечко, ведар, со огромно познавање од музиката. Некако ме скрши кога случајно прочитав на фејсбук, иако одамна сум изгубил секаков контакт со него. Нека ти е лесна земјата Цене, имаше од тебе што да учат останатите.

п.с иако Патон и Faith No More тие беа омилени, во твоја чест ќе споделам нешто од бендот за кој еднаш те прашав како се вика и ми прати цела дискографија за слушање.

 
Член од
5 март 2011
Мислења
841
Поени од реакции
824
Живеам со луѓе еден од Киргистан со него сум во соба инаку во станот и зградата живеат уште двајца од Таџикистан и другите се сите од Грузија и ниту еден од Македонија, се друшам најмногу со тројца од Грузија тие се во друг стан и синока пиевме до касно сега станувам и гледам еден од нив објавил
FB_IMG_1589094117517.jpg
Чекам да се разбуди да го прашам за превод....
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Добро утро на сите.
Би сакал некој да замолам овде од форумов кој има автомобил ако сака се разбира(ќе му биде платено горивото) да ме однесе на Козјак видиковец ,и по можност да има добра камера на телефонот,се со цел да направам фотографи за на мојот инстаграм профил,притоа да делувам на истите позитивно,насмеано иако длабоко во себе знам дека сум пропаднат.Сакам и јас да бидам како останатите модерен,и да добивам доста лајкови и коментари.Ве очекувам во ПП.
Со почит.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.417
Поени од реакции
9.305
Драга кајгана.

Денес ми се приоде на Козјак видиковец, онака да се повозам со колава дека ми е нова, и џабе ми и толку пари дадени за толку скап мобилен со јака камера, кога нема со кого да одам да го сликам и да ме слика за на инстаграм. :(
 

Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.094
Поени од реакции
9.679
Добар ден
Јас моментално сум на Козјак видиковец, чекам да видам едни двајца дали ќе се договорат да дојдат со нова кола и скап мобилен и јака камера, да се сликаат за на инстаграм, за да добиваат коментари и лајкови. Слаба камера имам, а и пешки дојдов па не ќе е лошо да ме сликаат и да ме земат за назад. Освен ако немаат други планови за после сликање :(
 
Член од
14 декември 2013
Мислења
4.157
Поени од реакции
10.994
Периодов одам на работа и до продавница само и викам денес ќе искористам времево. Земам точаков, ќе одам до центар да свртам еден круг и отидов до хотел Карпош седевме со другар еден пред зграда кај него. Иде 17 и 40 викам дај да се враќам ме чека пат до Ново Лисиче.Нормално дека ми се дупна гумата кај симпо и пешки до дома одев до 19 и 30,јебем ти среќа. Се криев по задни улички и маала, влегов у групата која не го почитува полициски час:gjavol:
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.752
Поени од реакции
9.558
ДК...
Ако немаш СТАВ, овде на форумов одма без да те прашаат ќе ти го клаат:vozbud:
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.702
Поени од реакции
19.748
Драга,

Полесно и поубо е на голо, после негативни резултати :icon_lol:

Модерс деј тука, исти К ко кај нас 8 ми, цвеќиња на секој ќош, божем само еднаш годишно треба да се сетат дека имаат мајка.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom