Драга Кајгана (виртуелен дневник)

T

Torchyrus

Гостин
Драга Кајгана
Верувам дека ова што ќе го пишам повеќето го имаат искусено и не знам како реагираат, но мене страшно многу ме иритира.
Синоќа мајка ми спомнува да ни купела со брат ми некои перници дормео. Во меѓу време после тоа на фејсбук Screenshot_20200417-052153~2.png
Никогаш ми се немаше појавено реклама дормео на хоум пејџ!
Па како да се заебаваат кога веќе планираш да купуваш перници еве и душек на попуст.
ФАК ОФ на старата перница ќе спијам! Не ми треба нова и онака си е топ оваа.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.792
Поени од реакции
17.151
Во последен период иако не работам толку многу се чуствувам многу изморено, легнувам многу доцна а станувам рано, со по некој саат спиење сум, навечер едвај заспивам.

Вчера праев муабет со еден маалски другар, не сме се виделе од кога се преселив а со детето пораснавме заедно, он беше посвоен и стално имаше проблеми дома, ваљда имаше разбрано за тоа уште како дете па сето тоа му влијаеше на психа и истото му се изразуваше низ животот и низ социјализацијата.
Вчера после толку време пак се слушнавме, човекот има стабилна врска, изградена личност која размислува толку свесно што навистина не го очекував од а искрено сум многу горд на тоа, иако изгубивме контакт никогаш не сум го заборавил верувам ни он мене.


Ме натера да размислам што правам јас со животот, ме натера да видам до каде сум и на кој пат сум тргнал, и коинсе моите планови за понатаму.
Се надевам дека нема пак да заглавам во некој нови пороци како порано...


А да и ќе забораев, нели на Амди му била ампутирана ногата шо ли очекуваат дека ќе ги снајде Бранко, Грујо, Љупчо и останатата багра.За Заев и да не зборуваме.
 
Последно уредено:

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Се слушнав сабајлево со еден колега од факултет што не работи на струка и вози такси. Го прашувам како работа, полициски час и сл. Ми вели "претходниот викенд беше супер, дежурен бев во недела и се утепав од возење, одлично заработив". Зачудено го прашувам каде возеше, по болници или? Вика не бе другар цело Скопје го извритв, стандард релации луѓево одеа по гости без никакви дозволи за движење....такси никој не сопира, а нашиов народ си најде опција. Искрено ми се згади каков народ сме....и после не не бива. Значи некои како мене можат да дремат дома и да ги почитуваат сите мерки до максимум, а некои наши сограѓани прават што сакаат :facepalm:
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Поминаа сликите од јајцата, а сега психички да се спремам и за овие со сликите од скарите и друштвата собрани по викендици.


Sent from my Mi MIX 2S using Tapatalk
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.990
Драга

Koнечно ја извозив турата во чест на човекот кој многу го почитував...Беше тешко после еден месец без тежок тренинг, ама сепак ке се враќаме во нормала. Ме израдува тоа што дел од патот до граничниот премин Пелинце конечно го асфалитрале. Инаку точакот почна ептен да ме заебава. Тркалото шета лево-десно така што се осеќам како некоја тинејџерка која прв пат седнува на ...(Добро погодивте од прва). Расположението за некое чудо ми е добро. Ако во скоро време не ме натера ова затварање и не видување со луѓе кои ги гледам секојдневно во лудница, тогаш сигурно ке ме натераат видеата кои народот ги прави на тио ток и ги става секаде. Дефинитивно се полоши иод сектите и од овие рамноземјашите и од 5Г експертите.

И оваа прилика ја користам да ја поздравам екипата што играме кантер и која секој вечер ми го крева расположението.
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
Драга, знаеш како беше онаа ,,хигиената е пола здравје". Најдобра, нема подобра, хигиена е онаа на животот. Кога ќе си направиш една убава чистка од одредени ликови. Толку ти доаѓа убаво на душата што не мораш да се замараш со одредени говеда. Мисли дека мене може да ми го губи времето со него. НЕЕЕ лепотане, јас имам едно многу добро правило по кое се водам. А тоа е - ако не го заслужуваш моето време не го добиваш, ако не ја заслужуваш мојата енергија не ја добиваш, ако не ја заслужуваш мојата љубов не ја добиваш. Кога му зборев дека со сељачиња не се замарам и не си трошам време детенцето изгледа не ме сфати озбилно. Еве сега му дадов, ни едно ни две, пример со самиот него. Со мене нашол тикви да сади. :neetaka::neetaka::neetaka::neetaka::neetaka:
 

Cthulhu^

your neighbourhood weirdo
Член од
17 јули 2006
Мислења
1.370
Поени од реакции
1.845
Драга Кајгана,

Како да не беше доволно што се откажа концертот на In Flames, а висат и Placebo и Brutal Assault, сеа само што се разбудив од спиење, сонував како си седиме со колешката у која сум вљубен со месеци. Ме бакна у сонот, бев на седмо небо, и се разбудив. Ете затоа мразам да ги памтам соништата. Fvck you brain, fvck you a lot.
Не бе, ја казнет сум за нешо шо сум грешел. Ако не у овој, тогаш у претходниот живот. Се надевам дека Чешката Влада ќе се смилуе и нема да се откажат сите собири. Многу му се радувам на настанот, а и програмата е одлична.
Мојата психа пробива нови дна со секој изминат ден.

Благодарам што ме сослуша(вте). Чувајте се самите себе, пошо на властите им е гајле за вас.
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.254
Поени од реакции
1.964
Драга Кајги,денес му е роденден на човекот кој лани ми го спаси животот.Три саати се бореше во операционата сала и успеа.Мојата благодарност кон него е вечна.
Лани мојот роденден кој беше само 4 дена по 2 операција го славев во болницата со персоналот и пациентките со кои ја делев собата.Бев тажна,ама неговата насмевка ме разведри.
Попосветен на работата од мојот доктор немав видено до моментот кога го видов за прв пат таа вечер која можеби ќе беше последна за мене да не беше тој.И за време на 2 престоја во болницата го гледав како и колку многу се грижи за неговите пациенти.
Сите тие прашања за мојот живот кои ми ги постави,сите мои одговори кои внимателно ги слушаше,сите совети кои ми ги даде,ме воодушевија.Толку интерес и грижа не гледам ни од моето семејство.
Камо да се сите доктори емпатични,можеби тогаш повеќе животи ќе бидат спасени.
Криво ми е што не можам лично да му го честитам роденденот,ама се надевам дека тој е добро и тука ќе пишам нека му е среќен.
Читајќи постови на овдешни членови,сфаќам дека некои се доктори,а можеби има и медицински сестри.
Ич не ви е лесно,особено во оваа ситуација.
Само ве замолувам...
Бидете човечни и помагајте.Ова ќе помине.
Држете се! :)
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Замисли ДирКеј. Преска ми пишува една тајна обозаватељица и хејтерица у исто време (зато што сам је фино лепо откачио јер је дволична кучка), дакле пише ми ПП со копирани 5-6 слики од мојо фејсбук. Јас имам украдено едно "нејзина" слика која неам благе везе дали е нејзина, не и се ни гледа ни фаца. Ја има ставено у некој групен ПП.
И сеа ДрКеј види ти ово. Она сака да ме уплаше со зборовите: "Како би било јас да ги покажувам твоите слики на другите? Срам те било!" Која ретардирана споредба ДирКеј? Слика која наводно е нејзина , небитно, важно сама си ја ставила тука на форум - со украдените надвор од форум од паблик факин фејсбук? :facepalm:
Ај да ме плашеше со некоја приватна слика! Она ме плаше со јавни слики од фејсбук кои сум ги закачим цел јебани свет да ги гледа, а и така не е некоја тајна мојо фејсбук тука.
Шо ке каже еден италијански млад јутубер басист: О ЕМ ЏИ, ЕПИКО....Џизас Крајст. Баш на Велик Ден сега пак се осеќа распнато од женската глупост! У право е Ајштајн со неговата изрека за бескрајна човекова глупост,
само шо не го навел гендеро - фимејл....Јеби га. (Не мислам на Ајштајн де, на живото мислам ;) )
Туку да се врнеме на темата на Дена сеа. Баш стана интересна ;)
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Еднаш правев муабет за разни теми со еден стварно образован и нашетан човек, на пауза на едно службено предавање, па и за машко-женските односи и меѓу другото човекот помалку на шега рече „Види, во принцип жените се луди а мажите глупи“. И како и за други работи за кои се муабетеше, човекот не беше далеку од вистината. И не, не го мислеше тоа навредливо а и јас не го мислам. И да си помалку луд и да си помалку глуп некогаш си има свои предности.

Зошто и како баш денес ми текна да го пишам ова ич не е битно. Јас си знам. Збркан ден беше ова и убаво е што го завршувам со пијуцкање водка и слушање Pixies. ;)
 
Член од
3 април 2020
Мислења
905
Поени од реакции
508
ДК се изначитав глупости на фб,луѓе едни со други како се напаѓаат,како се плука по се и секого, ќе се изедат... Се прашувам, дали е до карантинов, па тоа им доаѓа како некоја психотерапија или едноставно се такви. Некои ликови,навистина, непријатно ме изненадија. Па и оние видеа, како сиротиот маж преживува во карантин со жена му, бара спас, па колку му е тешко, сигурно по карантинов ќе стане свети маченик карантински или пак во оние каде тој сака да пие, а таа го чека со оклагија со став напиј се, па ќе си го добиеш и слични такви. На почетокот ми беа интересни, но кога почнав да размислувам, што се покажува со нив, дека мажот уште не пораснал, па жена му ја заменува мајка му, па го превоспитува, контролира, или дека мажот се плаши од жената, дека не треба да се стапува во брак,дека тоа е мачилиште, што? Кајги, а да не се претворив јас во мрчатор???
 

Kajgana Shop

На врв Bottom