Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.094
Поени од реакции
9.679
Си идам од работа и нормално ми се пријаде благо. Отварам гледам една бонбониера, се израдував и ја зедов. Кога гледам - празна :cautious: Па ми текна дека пред некој ден ја отворив ама тогаш ми беше мака да ја фрлам кутијата плус супер дизајн имаше па ја вратив на место и ете сам се заебав.
Како беше она, life really does come back to bite you in the ass.
Зедов да барам благо како некој наркоман, во ваков случај и чоколадо за готвење би завршило работа. На крај морав да се задоволам со чоколадни трошки :( Дај шта даш:toe: Се додека не видов дека има пудинг. Благословен нека е тој што го оставил. What happens next? :zloo:


d99194d-7c5aab19-d912-4588-a2fd-dd30cce4fb81.jpg
 

EmilijaS

Cat lady
Член од
21 јануари 2016
Мислења
627
Поени од реакции
2.485
Драга Кајгана,

Станав баба, пак, од најстарата мачка. На кучето мораше да објаснувам дека е вујко за да не љубомори оти цело внимание ми беше на новата мајка. :ROFLMAO:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.137
Поени од реакции
107.439
Периодов пошо барам работа и се маткам по интервјуа доста често добивам прашања од типот: Дали планираш да ја напуштиш државата? Дали ти е во план скоро да си одиш?.., и слични такви прашања. На сите им кажувам НЕ, али онака категорично, затоа што тука ми е убаво, тука ми е фамилијата, друштвото и се останато. Сакам да пробам овде, па ако не оди (од аспект на плати и квалитет на живот) тогаш би му ја мислел за бегање од овде.

Е сега следен пат кога ќе добијам слично прашање одговорот ќе биде дека би си отишол едино поради менталитетот на народот и поради дисфункционалниот систем. Но, тоа не е се, при заминување ќе фрлам и атомска.

Па добро бе мајкуму стара, бива ли ваков распад од држава да бидеме? Одам сабајле да вадам потврда за неосудуваност од Основен суд и чекам 1 саат како утка за кога дојдов на ред да добијам едно: аааа ова во Паланка треба да го средиш. Имено, мојата поврзаност со Паланка е само тоа што сум роден таму, ништо повеќе. Не капирам зошто кога живеам 28 години во Скопје, адресата на личната карта ми е во Скопје, јас да морам 200км да поминам за да извадам факинг потврда за неосуденост... Која си бе ти Северна Македонијо матер ли ти ебам јас на тебе заостаната? Па у кој век живееме бе? Што е ова бе луѓе? Зарем не е можно во 2020 година преку еден смрдлив меил две институции да исконтактираат? Е озбилно ви викам ради ова би си отишол сместа, онака со 0 евра во мене и еден ранец со 2 пара боксерици, само да ме снема од овде.

Одам после тоа во ПИОМ, само еден шалтер работи, редица од милијарда луѓе, а капак на се системот паднат. Сместа искочив без трошка двоумење. Алооооооо мајстори 2020 година е, луѓе планираат како да живеат на Марс а ние види со што се замараме. Европска Униja? :pos: Милиони светлосни години сме далеку, толку имам да кажам.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
Немав намера да ширам негативна енергија, ама денес капак на сите проблеми ми беше самобендисан и самоуверен доктур на науки, на некој измислен смер, со математичко знаење на ниво на првоодделенец.
Мразам глупи луѓе, мразам глупи административци, мразам сељаци, мразам вработени по рамковен, мразам мрзи....!
И да не сакаш да си мизантроп во државава ќе станеш, со чест на исклучоци али во вукојебинава останаа само искомплексирани глупаци, а што е најтрагично имаат набилдано самодоверба до небо.

П.С ме втаса и мене староста и првиот инвалидитет, се би дал да станам пак дете.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Утре е годишнина од трагедијата кај Ласкарци. За 365 дена ниту некој влезе во затвор, ниту некој одговараше, ниту компанијата се затвори. Стандард за една вукојебина, пробува се` да се накалеми на шоферот.

Лесна им земја на починатите и успешен опоравок на повредените кои се` уште се под рехабилитација поради тешките повреди.
 
Член од
25 август 2019
Мислења
263
Поени од реакции
471
Вртам, вртам, вртам по инста, и приметив дека луѓево се опседнати со шернување безвезни работи. Сликаат кафиња и цедени портикали, сликале како прават палачинки, филм... И... кој го интересира такво нешто?
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.256
Страницата "A be ovie VMRO samo zgolemvuaat penzii za posle da gi glasaat starive, ne e se u parite ako situacijata e sranje" changed it's name to "А бе братче мора вака за да се зголемат платите и пензиите мора бољи живот да имаме и ние нели?"

Страницата "nikogas severnа bajo moj!!!" changed it's name to "100% одзив за северноатлантски пакт"
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.585
Поени од реакции
81.169
Знаеш Кајги, кога ќе видеш деца како пребираат за нешто обично си велиш "деца се, ќе пораснат, ќе созреат нема да прават така...", али кога ќе видеш како возрасна персона се однесува така, значи еве... :mad:
- Не јадам од тој чипс, не е убав
- Не пијам црни газирани сокови, само светли
- Не јадам од тоа благо
- Не сакам од таа сендвичара, ниту од таа кромид ставаат, ниту од таа глуп им е помфритот... еј ми текна, ај ќе идеме утрисилепепичкематерине и таму ќе јадеме.

И нормално ако не и одиш по гзот, ќе се мурти, ќе седи намерно гладна и нема збор да прозбори цела вечер и ќе ти ја усере вечерта. Абе имајте осет за другите бре, не се врти светот околу вас
 

Kajgana Shop

На врв Bottom