Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Кајчо,
дојде тој дел од годината кога се спојуваат сите жички. Треба да се сработи, треба да се учи, стрес, зима, некој ѕвони во три наутро на ѕвонче. И сето тоа затоа што e fucking most wonderful time of the year.
Друга работа што забележав е тоа дека кошмари имам само кога не сум се напила доволно вода преку ден или кога е премногу топло во собата и немам воздух. Многу интресно... како потоа мозокот сигналите кои му ги испраќа телото ги преточува во мори, кои и онака те прогонуваат преку ден во толку мали секвенци што не ги ни регистрираш или веднаш ги бришеш.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.122
Поени од реакции
15.937
Драга,

Денес кафето го испив со тебе, одамна те немав прочитано. И онака од жешко го пијам ладно во повеќето случаи, иако секој пат си викам дека ќе е последен и дека нема да сум флегма.

Периодов некако многу ми се виде заморен. Психички мислам, се што правев беа обврски и замарање мозок за обврски што идат. Па си реков пред недела дена дека до крај на месецов морам да искулирам некако и да најдам нешто што одамна не сум го правела и ме смирува. Немам читано одамна. Прочитав една книга. Почнав друга. Другава ми се виде многу интересна, во прво седнување смачкав 150 страници и чекав да заврши главата за да појдам на мочање, а наредниот ден веќе толку не можев да издржам да дознаам како завршува, па фино лепо си го прочитав крајот и си терав наназад за работи кои не ми беа јасни. Сега знам како завршува секој лик и оттогаш ја немам пипнато книгата. Секогаш правам така и ретко се воздржувам да не дознаам работи ако ме заинтересираат, а ми се пред нос буквално. Сега ако ме прочитаат џимеј, Јуриј или Саладин ќе си кажат види го глупиов аматер како го сквернави пишаниот збор и во право ќе се, и јас си го викам истото. Али ќе си ја прочитам книгата ко што е ред, оти мразам незавршени работи колку што си ја мразам и мојата нетрпеливост во разни случаи.
Друга работа што ме смирува и што утврдив дека повеќе од година не сум ја правела е редење сложувалки. Ми текна некни кога се вратив дома и најдов една 1000ка што којзнае од кога ја имам донесено. И сабајле се мислев гледајќи го цртежот колку време ќе ми треба ако ја почнам денес или утре за да ја завршам. Ќе ме јаде јанза ако не ја завршам пред да си заминам, пошто сум фрик. Хамерот на кој ги редев поголемиве ми го шутнале во подрум, на два ипол метра шкаф одозгора со сите ебани прашини на него, си ги заебав црните хеланки во два потеза. Мислам, се чуваат страшни глупости по собиве, работи кои и апокалипсата да дојде нема да ти затребаат, али не, една работа што мене ќе ми затреба е пикната у пм.
Трета работа што мислев дека ќе ми донесе некој спокој е ако се потрудам да јадам поздраво, пошто единствено со јогата и вежбањето некако си го поштувам телото, па ајде да направиме уште еден чекор кон некое повозвишено постоење. Али не, јас не сум створена за овесните каши, трици, авокадо тостовите, ренданите салати во блендер и безглутенските глупости. Не ни јадам ако работите не ми се вкусни, чекам да настапи онаа умирачката глад кога ти кркорат цревата, главата те боли, веќе ти се врти и ти паѓа шеќерот, па буквално заржувам и јадам нешто сосема рандом.
Скурчено ми е и од двете спротивствени страни кои постојат денес, едниве што нејќат да го мрднат гзот со вежбање и они не биле дебели, туку боди позитив, а другиве кои ќе се шекнат ако стават 5 грама масло во оброкот, спамаат со тоа здравата храна и се правдаат пет минути ако каснат коцка чоколадо. Среден прст за двете групи. Инфлусеркиве пак се најјаки, се отепаа стегајќи се пред фенси огледала во фенси облека за вежбање, иако кутрите никогаш нема да ја осетат таа радост кога ќе го направиш правилно првиот склек, пошто кутрите вежбаат само стомачни и гз, нормално за изглед и за да може да трубат како тие еве, здраво живеат со варен спанаќ и 20 минути глутс сешн. Земјата ќе престане со ротација ако не мотивираат со слика секојпат кога ќе се испотат. Може и се од оние што повеќе влечат за накај рамна, не знам дали размислуваат за дотолку додуша. Повеќе од среден прст за нив, мотивациони фејкери.
Јас почнав да јадам кисели краставички директива од тегла, иако не ми беа омилени порано и со тоа мислам дека внесов доволно промени во здравата исхрана засега.

И со постов некако се одморив психички, жално за другите што ќе се заморат психички. Сори, нот сори.
До следно кулирање Кајги, бај.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.630
Поени од реакции
34.882
ДК,

напорен период и психички и физички, бубачките во главава размрдани повеќе од нормално, плус еден куп работи врз кои не може да се влијае ми даваат екстра стрес и повремена инсомниа.
Државава приказна за себе, ниту да работиш за некој ниту да работиш со некој, се е отидено упм, народот огорчен, експертизата на луѓето пониска на оние во екстра неразвиените африкански држави, дрскоста и немањето почит огромни. Старите ги гази времето за учење на технологија и имаат прифатено вредности од некој претходен систем каде ако се може да се прескокнат чекори, а новите немаат ниту работни навики и знаење, ниту култура и почит.

Сума сумарум што би рекол прецедников само иселување од тука, само жал ми е што не фатив и јас како него фотелја барем еден мандат за да можам раат да си купам некоја вила во тропските краишта.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.665
Поени од реакции
21.729
Не се племе.

Горниве линкови се од документрец снимен во 70-тите во џунглите на Папуа Нова Гвинеа, каде што група истражувачи налетуваат на племе во буквалната смисла на зборот и тоа племе кое до тој момент нема никаков контакт со надворешна цивилизација. Значи племе кое во технолошка, интелектуална, културолошка, образовна, цивилизациска точка заостанува не години, не векови, туку милениуми зад остатокот од светот. И само погледнете им го однесувањето, секако после првичниот шок, претпазливост и блага агресија што е повеќе од разбирливо, оти овој настан за нив е ист како на тебе да ти се појават вонземјанци. Погледнете што значи основно човечко однесување и покрај светлосните години разлика. Е ова е племе.
Ова кај нас што е, не е племе, не е стока. Племиња и стоки не се однесуваат така. Во реалниот свет, на оваа елипса од планета они се референтна точка сами по себе, затоа што во реалниот свет нема со што да ги компарираш. Во реалниот свет на некој што е посесивен и ги чита пораките на девојка му, што нема никаков естетски вкус за облека, архитектура, некој кој реагира на примарни емоции како дете во предшколска возраст, некој кој менталните капацитети му се ограничени а агресијата неограничена, некој кој разбира јазик само на стап и морков т.е. пиштол и пара некој кој е затуцан у ставови му викаме ај не се понашај како .ип..р. Затоа мора да излеземе од реалниот свет и да навлеземе во светот на имагинацијата. Они се орки, во апсолутно секоја смисла на зборот. Дури и тие што не се најтипични со сите атрибути штиклирани на чек листата, не ја напуштаат таа матрица и таа припадност и ги бранат секогаш "своите" без разлика на направените гомнарии.


Дисклејмер за идиоти: Не се мисли на апсолутно сите од прв до последен, но за тешко мнозинство да.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.898
Поени од реакции
17.532
Сакале датум за ЕУ а топ 3 во трендинг е ова,свадбата на човек кој купуваше мечеви за пред народот да испадне вистински маж со парите на мајка му која е топ еден по неморална Балканов,нешто како татко му,човек кој направил невидени пљачки по БиХ и Хрватска.

Screenshot_20191126-101302.png

Screenshot_20191126-101307.png

Screenshot_20191126-101312.png
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Си запознав едно чупе од Битола, пофино немам сретнато :) Ај, битолчанките од секогаш сум ги гледал како супериорни во овој поглед ама ова е страшно. Се плашам да не кажам или направам нешто што не треба..... ваква убавина на карактер немам сретнато....мислам по цел ден на неа :love:
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.898
Поени од реакции
17.532
Ги гледам снимкиве од земјотресот во Албанија,заглавени деца под урнатините и се прашувам колку само сме неблагодарни во животот,бараме премногу,бркаме некој стандарди,се потресуваме за тотално небитни работи а не знаеме дали утре ќе се разбудиме и што не чека.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Драга, преку таквото од оние статуси за Pray for Albania. Истите тие луѓе што хејтаат Семе синапово шитови, само чекаат да се случи нешто вакво, да ја покажат "хуманата страна". А кога има донации, никаде ги нема.

А оние гревчиња па што земале да коментираат на фб, "само скопјани ли се народ" се посебна врста на одвратни суштества. На новинарска статија за трагедијава со наслов: Скопјани ги разбуди силен земјотрес, коментираат зошто прилепчани, битолчани и остали граџанства не биле споменати.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom