Одамна немам пишано тука, нема да заглавам со реферати овојпат, ветувам.
Пред некој ден во едно ресторантче ми се одеше во вц, гледам таму женското вц слободно, а машкото зафатено. Јас се стискам ко кифла више од што ми се оди во вц, чекам едно 5-10 минути, десет пати ми дојде помисла да си одам во женското вц, ама си викам ај поштен да сум, да не испадне после некој манијак сум или некоја типка да ми соли памет дека е женско вц и така си чекам. Конечно се пушта вода и од машкото вц излага некоја рендом типка...Поентата на приказната, во Македонија најмака ќе види тој што оди според правилата, па дури и за најбанални работи ко ебано вц.
Друга работа, не знам што мода ќе беше со ова генерацииве после мене, на фб што си ги тагнувале на своја слика сите пријатели. И ние бевме гревови таму пред 10 години подароци на фарма што баравме, ама ова е поретардирано бе... Отварам нечиј профил, секоја слика е различен човек со 10 души тагнати, сите слики пролистуваш, не сфаќаш како изгледа типот/типката со името оставено на профилот. Сфаќам повеќе лајкови треба да се добијат, па да се тагнат сите, ама па полнолетни се веќе, студенти стануваат, ќе треба некој да ги најде да ги исконтактира за нешто, ќе не може да им го најде профилот, освен што ќе се изнагледа типки со фаца покриена со смајлиња/телефон, и типци со шушкавци и дескрипшн ко од Ране филмот да искочиле, нема ни да сфати чиј е профилот од луѓето на сликите.
Им се заблагодарувам на рап артисти како Лд и Страјк, што семплуваат македонски антологиски песни и на тој начин враќаат во живот некои песни што се одамна неблагодарно згаснати. Пример:
Верица Ристевска - Низ мојот живот или
Бис Без - Било и поминало. На македонски телевизии или радиа, одамна не се пуштаат вакви песни, па да не беа момциве јас никогаш немаше да ги дознаам песниве, благодарен сум им до небо. Да немавме па да сфатев, ама толку убави и квалитетни песни сме имале во минатото, греота е да се игнорираат и да се пушта упорно српско/америчко, а нашево никој да не го знае.