Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.307
Поени од реакции
7.442
Шаби Билали од Арачиново вработен како пилот во Виз Аир. Повратна до Хамбург 35 денари со вклучен смештај за 7 дена во 5* хотел екстра all inclusive, платен туристички водич со сите можни екскурзии и џепарац 100 евра од ден.

Кој би ризикувал?

Сепак мислам дека шансите да отидеш и да се вратиш жив со братот Шаби се многу поголеми од тоа ние некогаш да станеме нормална држава, па тие што останавме на Балканов повеќе ризикуваме него тие што ќе се качат во авионот.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.641
Поени од реакции
27.890
Работно време од 8 до 17 часот.Моментално 9:15,вртам на мобилниот,ааа денес ке закаснам малку ке дојдам околу 10.Не 500€ најниска плата,господ на помош нека ни е ако останеме у оваа "цивилизација"
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
ДК
почнав да ги мешам Хемингвеј и Толстој..тоа веќе кажува дека мозокот ми прегреал..
Туку, сабајлево слушам музиче на радио и ми пролетуваат песнички менувајќи станици.. А да се соберемe да склопиме некоја песна на ова нашиве популарни песнопојци? Не ми се верува какви песни слушам...па на Поточиња има посериозни текстови и аранжмани..Не сме толку очајни ваљда. Фасцинантно е какви склопoви има: текст, музика, климав вокал...Ваљда е преголема желбата да се пее, ама па златен туш..
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.706
Поени од реакции
9.541
Кинеската поговорка " Кога децата се мали, толку се слатки што ти иде да ги изедеш, а кога се големи, криво ти е што не си ги изел".....
Боже колку има вистина...
Абе џигериве ми ги изедовте...
:yid::yid::yid:
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Никогаш за сиве овие години ни по еден основ на планетата земја не верував дека овошјето толку ќе биде хит,ќе биде ценето,и ќе биде посакувано од страна на младиот човек во Македонија.За жал тоа не се наоѓа на големите плантажи,полиња туку пред 40см монитори.
 
Член од
21 април 2017
Мислења
237
Поени од реакции
703
ДК,

К'ј си ма? Шо имат? Извини шо ме немаше периодов али нешо нит телефонов нит компјутеров сакаа да те отворет. Излеа љубоморни се.
А и со право. Без тебе бев/сум осамен во периодите на огромни административни задачи, кои во последниов месец ми се сеприсутни на работа. А ти ми прајш да ми е до некаде животов интересен :)

Нејсе,ти кажав дека многу е можно да бегам од Германија. Таман се навикнав некако, сеа требит да се враќам "долу". И размислував и сеа сум некако ОК. Ако се вратам,ќе живеам Скопје. И сум некако возбуден за то. Другарите кои шо не живеет во Швабиленд и ЈуЕсЕј се таму. Дебар Маало ми е таму. 7ца ми е таму. Скопје ми фалит скришно, онака педерски. Колку и да не сакам да признам. Јбг, најубајте години од животот ги поминав таму. Ми фалит смогот на Партизанска, гужвата во 5ка,кафана во Петок и кафе во Ли. Ми фалит и есен во Парк. Ама не скришно и педерски.. Туку стварно ми фалит :)


И да, го гледав Џокер. Како некој шо се бавел со глума долго време,додуша аматерски ама небитно, срцево ми застанаод филмот.Од глумата. Ме Опседна. Каков потрет, болно реален. И реченицата "I only have negative thoughts".
Дали мојш да замислиш како би било да имаш само негативни мисли ? :(

До утре...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom