Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.701
Поени од реакции
24.161
Римајндер за да не јадам гомна: кога он може да ме носи во шумата среде ноќ, на полна месечина, затоа што ми текнало да играм гола околу огнот, можам и јас да славам католички Божиќ со него.
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.254
Поени од реакции
1.964
Кајги,на Фемина велат оти не си веќе тоа што беше поради глуп оф топик на некој ненормален тип.
Аха,божем таму сите се цвеќиња за мирисање... :pos::pos::pos::pos::pos:
 
Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763
Каков малер треба да си да ти падне телефон во море од траект? Голем, нели? А најголем па ако телефонот е стар само 3 дена и си го добил за роденден :place: И уште си во странска држава и како средство за комуникација имаш еден шугав И-Пад стар сто години :place: Ќе се гостат рибите во морето со моето ново телефонче, кокошка сум невидена, ко да немам петсто слики од морето досега направено, ама неееее.... КоКоШкА!!!
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.168
Поени од реакции
8.800
Затоа што е преинтересно да чекаш ред на забар, почнав да си мислам да бев некоја фаца ко режисер или нешто од тој свет што филмови ќе правев и прво сигурно си викам ќе бидат хорори за некои духови од викторијанска доба, ама пошто имаше сега брзо еден таков, а мене идејата ми беше од средно уште ама нема како да докажам, ќе избацам некој филм ептен неочекуван и шокирачки ко за мене. Ваљда. Суперхеројски.

И си викам што ќе му се деси на ликот па да стане некој јак херој. И гледам тука околу мене печка, баба и внука, списанија, маса и столчиња... Да биде нешто електричар па струја да го удри досадно е и ми дојде инспирација од бабава ептен, ја гледам со внукава и исто ко мојата со мене и си викам од која опасност би те чувала баба и ми текна: не се бањај со уклучен бољер. Јас за среќа многу пати сум преживеала уклучен бољер, ама не е муабетот за мене.

Ете би постоел некој лик, 30 години, живее со баба му, онаков несреден, бушав, по боксерици седнува едно сабајле да јаде и тој кожа и коска а баба му му ставила во тањир куп јадења брокули, црвен грав, зелка варена ова она и се прејадува човеков и иде да се бања и бабичка онаква ајде без лепче дојади си. И тоа е моментот додека ја слуша заборава да исклучи бољер и свети црвено уклучен бољерот во голем кадар и гласот на бабава ајде дојади си без лепче х3. И мислев тука што би ти се десило ако доживееш најцрно сценарио под туш со уклучен бољер и се закочив не знаев ни еден таков несреќник ни имав прочитано за таква несреќа и цел ден еве мислам како да ја изведам таа сцена, прашав и кај баба ми, па што ти текна да ме прашаш да не се бањаше со уклучен бољер немој баба жити мене пази гледај исклучувај и си викам ако знаеш и ти што ќе се деси еве рака сечам, барав и по нет пишам уклучен бољер, совети за како да заштедиш струја и такви ствари и сфатив дека се тоа е една голема лага и не сакам моето првенче да се основа на лага, а друга идеја немав и така ми помина пола ден после работа, очигледно многу досадно и осамено.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.820
Поени од реакции
5.926
^
Уклучен бојлер и на ладно цименто не седи се најголемите мудрости во животот. Добро, за вторава не знам, ама за првава ако не ја применував ќе бев одамна кај Св. Петар...

Имено, моиве земале некој бојлер маде ин Мацедониа и јас како паметно дете што слуша стари луѓе си го исклучував стално пред да се бањам. Океј, напати го заборавав па татко ми ќе го види, исклучи и ќе свика: "Пак си го заборавил бојлерот. Еден ден струја ќе те отепа. Бери ум."
И така јас берев некогаш, некогаш не, а бољерчето дека МКД квалитет си тераше супер 5 и пол години таман колку што му беше гаранцијата.
Си одам еден ден стандард да се бањам, ама пред бањање си иде бричење. И така си ја бричам брадата, мишка, рамења, муда... И ми текна на вековната мудрост: "Со уклучен бојлер и на празник да не се бањаш". Ме мрзеше да одам до кај баба да проверам во календарчето, извиткано, купено од некој преварант пред црква за 100че, ама си реков дај да се осигурам да проверам дали бојлерот бар сум го исклучил.
Имаме надвор пред врата три ламбичиња, едно за ламба, па за бојлерот во средина и за греење во ВЦто на крајот. Иии гледам така, не свети, ама ко да свети. Ај мајката. Ај земав онаа крпата за раце си ја ставив напред за секој случај да не излезе некој од соба и излегов да ѕирнам така малку од врата, кога ете ти ја другарката на сестра ми, Мара, позади мене влага кај нас без да заѕвони, чукне, викне. Онака, ко у кафана да си влага.
Оппп Девилко ама гзе имаш, оп оп. ;)
И ја така засрамен влагам внатре, воопшто и не ми текна да проверам дали е уствари уклучен, влегувам во када и си се туширам.
Стандард си пеев некои глупи песни:

Како кучето мое, нигде нема длуго,
Поголемо од кифла, а помало од југо,
Мара го ѕирна и одма ја зблиша,
Сигурно си рече, нејќам овог миша. :D
Тралалалала

И така додека си се забавував, почна да произведува бојлерот некој чудни звукови: "глобглобглоб", одеднаш се слушна нешто јако внатре, како некоја експлозија и долниот дел на бојлерот падна и цела жешка вода почна да тече надоле по кабли/жици со струја и внатре во када...
Изрипав одма и излегов од када, земав пешкир и дим да ме њама. Се затрчаа моите од таму. Што се случи? Што се случи?
Бојлерот отиде. Среќа, исклучен бил. И така...
А да, и Мара излезе цела истревожена и почна да ме гушка така полугол, се уплашила да не сум кинисал. :D
Не. Не ебав.

Наравучение: Купувајте македонски производи и слушајте стари. :D
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
ДК,

ќе ти се роди син, три дена и три ноќи нема да се трезниш од среќа и ќе излезе некој шо ќе го јавне Муза из Париза и ќе се прашуваш што те снашло.
Страшно!
BTW, од кај толку пари кај Плевнешеви?
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Кајг,
јас пак нешто се замарам и се мислам врз кој критериум ќе дадат субвенција ваучер од 60 000 ден за инвертер? ... велат предност во прва линија целосна исплата на инвертер ќе бидат ранливи социјални категории, ами тој инвертер работи на струја, а не на сонце и таа социјала на што ќе го вклучи кога сигурно не платиле струја па се исклучени или пак немаат средства да платат струја? зошто со тој инвертер треба и субвенција ваучер за шпорет, оти манџа не може да сФари на инверторот и дали воопшто некој добил субвенција за инвертер? и све така размислувам све е тоа научна фантастика и дека уште некој ден ќе треба да се носат гас маски!
... а само една забрана за сеча и продажба на огревно дрво и се решава поголемиот проблем на загадувањето!
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.357
Поени од реакции
19.178
Драа

Дешафка сс укључен бољер се дешаа само ако бољер е неисправан,ја знам за два случаја од сигурни извори дека се десило дрмање до смрт.
Мене од неисправан соковник на работу ке ме лупнеше, а не па од толико чудовиште такозвано бољер.Тесла е криф :LOL:
Аааа за падање на Шуштеќу ваљда Њутн. Аааа што не ни проваѓа некад брзо време или обратно ваљда Анштајн хаха
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.784
Поени од реакции
6.969
Долг период сум опседнат со себеси. Не можам да престанам да мислам на нешто друго. Не можам да размислувам за книги, за музика, за филмови, за политика, за јазици. За ништо што некогаш ме интересираше. Тоа не е од нарцисоидност, колку од себе омраза. Не можам повеќе да се гледам себеси. Прегорен сум од животот.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.988
Утре т.е. денеска (четврток) започнува ЕП во Одбојка.

Игра и репрезетнацијата на Македонија.

После долги години на солидни успеси против просечни екипи, и после долги години хајп секое лето во медиумиве, "македонската фаланга" успеа да се пласира на еден голем одбојкарски настан.

Реално самото учество на првенствово е огромен успех за нас, а резултатите треба да бидат во втор план.

На првенството ќе одиграме 5 меча во групната фаза, а ќе има преноси на МТВ.

Ако немате попаметна работа не би било лошо да гледате, заслужија дечките каква таква поддршка, па макар и од нас - луѓе што не се најголемите одбојкарски експерти.

Првиот меч започнува од 17:30, а играме со Финска.


Тамам после работа да си дојдете и да гледате одбојка :D

(или уште бољи ако сте незапослени можете да си гледате и други утакмици од ЕП, ќе има солиден број на преноси)

*овој пост не е платен од страна на МТВ
 

Kajgana Shop

На врв Bottom