Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Штотуку одбив коруптивна понуда која што наводно требаше да ми го направи животот подобар. Ме натера да размислувам за моето домашно воспитување и принципите кои што сум ги градел до сега во животот. Во еден претходен пост реков дека моите принципи не кореспондираат со времето во кое што живеам. Дали некогаш воопшто постоеле времиња каде што принципите на чесно живеење навистина се ценеле или јас сум само наивна будала која што верува во чесност, достоинство, труд...? Навистина, до сега ништо од ова не ми се исплати, животот ме шамара, реалноста во која што живееме ми се удира од глава. Веројатно гледам романтичарски према животот. Збор што најмногу го мразам деновиве е "снаоѓање". Што по ѓаволите се подразбира под тоа? Се снајде се вработи партиски, се снајде го положи испитот со препишување...па мене на факултет никад не ме бидувало за препишување. Еднаш скоро ме слекоа гол барајќи непостоечко ливче, бубица...а тој на трет ред, можев да ја слушнам мајка му како му чита од дома додека тој го "полагаше" испитот. Ваљда се снајде човекот. Е сега не знам колку му се најде во животот таа кензијанска теорија, дали некој го праша за неа, оти јас уште чекам некој да ме праша за да ми се најде во животот, за да нели, да не мора да се "снаоѓам"
 
H

HoT _iCe

Гостин
Срц,

“Знаеш ли кој сам?„
:pos:

Само ќе кажу дека ако некој се пронајде у овој, а глуми мафијаша, удрите си сами шамар.
Можда и ја немам стра и некој дн ќе га изеду курац од некога стварно лудога ама углавном, куче што лае, не апе, бар до сга. :D
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.858
Поени од реакции
34.893
Имам нова комшика во станот спроти мене, литванка висока 180 цм со одбојкарско тело и фаца на ангел, нема повеќе од 22-23 год. Пред неколку дена имаше дупач ја дереше јако, тоа ѕидовите имитација на гипс картони се се слуша. Кога го испраќаше ѕирнав од тоа шпиончето и видов проќелавено чиче од минимум 50 год со пивски стомак.

Другиот ден се распрашав и испадна дека е проститутка, а јас си праев филмови како гледаме The Notebook заедно. :(
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
„Кафе бар ... (не е битно кој) ве повикува заедно да навиваме за српската репрезентација во мечот со Аргентина. Специјална понуда за нашите гости...“

Реклама што ја видов сабајле на нет. Веројатно ако навиваш за Аргентина нема да те пуштат да влезеш или за тебе нема да важи специјалната понуда. Мене ми е безвезно по дифолт да мора да се навива за северните комшии ама па од кај да знам, може во кафичите во Бачка Паланка масовно се навива за Македонија.
 
Член од
27 јануари 2018
Мислења
375
Поени од реакции
1.231
Д.

Не за џабе е кажано - И порано имаше глупи луѓе, само немаше интернет.
Какви џукели имаат пристап.
Треба да се воведе тестирање пред да се вклучува договор со оператор.
Ова е страшно што читам како си ја истакнуваат простоќата и глупоќата, ме изеде туѓ срам.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
628
Поени од реакции
1.916
Седиш пиеш кафе и доаѓаат тројца копиљаци од црномањестото малцинство и нормално,се повикуваат на господ за да те фатат на емоција и да им фрлиш некој денар.Немаш ситно и почнуваат да колнат.Како да не ги зашлапаш после???
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Паркирам вечерва и додека ги растоварам кесите ги слушам двајца на неколку метри од мене како се спремаат да станат милионери со лајонесот. Првиов го убедува и зачленува вториот и му објаснува стратегија како ќе ја попишат пола планета во пирамидата и ќе печалат, а овој вториот јадник прави математики кај ќе ги троши парите, уште отказ од работа да си даде и може да почне дождот од евриќите од Лајнонет.

Уште народот не научи дека Понци шемите и пирамидалните бизниси во ваквите држави стигаат само да ве избричат и дека на рака се бројат ликовите што ќе направат пари од вакви работи.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Кајг,
се испофали колегава дека бојата ја добил само за три дена идење на плажа... а каде тоа ? ... па во Лептокарија!... па колега само што си пешачел од каде си сместен до плажа има 2 км и 2 км назад всушност бојата си ја добил по патот! :D
 
Член од
24 октомври 2014
Мислења
2.803
Поени од реакции
2.446
Кајги, многу битно интервју за работа утре, виш ми лак.
Плус, да си се пофалам, утре заокружувам 3 години казино-free, јебали те и апарати и рулети, незнам кај ми бил паметот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom