Драга Кајгана (виртуелен дневник)

J

joli1

Гостин
Никад у животов не сум се осеќал повеќе експлотиран.

20+ дена секојдневно работење без слободен ден, сами у смена додека има турбо работа и сите муштерии задоволни, а ништо од тоа нема да ни биде плус платено.

Иако себеси се сметам за капиталист ми доаѓа да станам комунист и да го читам Карл Маркс.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.895
Поени од реакции
17.517
Ќе одел на психијатар оти мислел дека не ја задоволувал убаво а и она се чуствувала баш напорно и досадно за време на сексот.
Абе престанете да гледате порничи бе деца.
Нормално дека нема да ја задоволиш кога по цел ден работиш како стока и си идеш дома изморен како коњ
додека она си ужива по цел ден и одмара,па како после да не и е досадно и напорно.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
628
Поени од реакции
1.916
Пушташ "Animal planet" и гледаш амерички ренџери знаат колку риби пливаат во реката, колку елени трчаат низ шумата, колку зајци скокаат у грмушките...Ние овде попис на луѓе не можеме да направиме...
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
D.... da te prasam nesto ,da ne odis nesto denovive nakaj Srbija, mi treba nekoj lek-kapki za oci a ovde gi nema.
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.789
Поени од реакции
6.992
Зависен сум од нештата кои не се случуваат. Од нештата кои се можни, а упорно не се случуваат. Од празнината помеѓу настаните или подобро речено, по празнината на првиот импулс. Ме плаши стварноста што неминовно следува или можеби стварноста која е логична. Сакам да зборуваме засекогаш, најзабавна девојка која постои си.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.229
Поени од реакции
22.414
Животот е прекраток за да мислиме каде сме им згрешиле на личности кои едвај самите се почитуват а ние се обидуваме да ги качиме на некаков пиедестал за да приметат дека некој ги почитува. Затоа секој момент, секоја секунда од физичкиот престој од човековата ера наречена живот е максимално драгоцена зошто никогаш нема да се врати и никогаш нема да се повтори.
Запознавањето на канцер карактерите е идеален пример во животот каде треба да се застане и да се размисли во кој правец оди животот. Кој пат си го фатил. Од што треба да се изолираш за да можеш безгрижно да продолжиш понатаму.
И најубавите денови стануваат само бледа-матна магла после изгубените драгоцени моменти со канцерите од карактери на кои секогаш нешто што не им е по мерак мораат да го канализират врз околината. Самата нивна појава како се влечка (чиниш лебди низ просторот ) е доволен доказ на какви се суштества трошиш време и енегија за да те трујат со нивните излитени муабети и констатаци и да ти ја убиваат и така слабата среќа и воља за живот.

Викендов предпоставував дека ќе ми помине прилично мизерно како и секој ден откако тројца од четворицата блиски пријатели се надвор од државава во период подолг од 1 месец а останатиот нема ни минута слободна од пренатрупаноста со работа.
Во недостаток на случувања и вишок на енергија, после долг период на комуницирање конечно дојде судниот момент да се запознаеме и во реалниот живот со @Rosemberg .
После поминати 250 км во еден правец и патување од околу 5 часа се оствари долгоочекуваниот момент : го запознав братот, побратимот што благодарение на овој форум дознав дека постои.
Од првиот момент муабетот и нивото на комуникација се сведе на ниво на некој со кого небаре си поминал 50 години заедно. 2 дена во кои буквално го превртивме градот изгледаа како да траат бесконечно. 48 часа во кои ни еднаш немаш потреба да да видиш дали некој нешто ти пишал на социјалните мрежи или те барал на мобилен.Реалниот живот ти ги покажал и убавите страни од запознавањето нови пријатели.
По долгите муабети посветени на приватниот живот, форумот, жените, форумот, фудбалот, форумот, државата, форумот, економската ситуација, форумот, политичката ситуација, форумот, мојот-твојот град, форумот и секако форумот, констатиравме дека штотоку почнавме со муабетот.

Заклучокот на ова што ги изнапишав е дека социјалните мрежи не го убиваат реалниот живот туку антисоцијалнте ликови на кои им даваме шанса во реалниот живот не изолираат од него и не оставаат заглавени на социјалните мрежи додека животот ни поминува во броење лајкови.

п.с. Заборавив да спомнам дека една од споредно - главните теми на муабетот беше и откривањето на идентитетот и личните карактеристики на омилената наша @Agda Beata :ајнапиво:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.645
Поени од реакции
13.100
Постот на Ска ме наврати малку да направам ретроспектива на мојот живот во овие неколку години откако влегов во редовен работен однос, па дојдов до заклучок дека џаболебарите (оние без ден работно искуство) имаат 101 причина да седат дома во својата мизантропија, колку год се обидуваш да им помогнеш. Или укратко „It's easy to stay sharp without a day of working experience". Тие за се` имаат одговор, сите проблеми им се решливи во главата, мозокот им работи со 100 на саат ама онака фиктивно дури не се судрат со првите реални пречки. Во „слободно време“ се занимаваат како енергетски вампири, што значи 24/7.
Јер длабоко у себе се несреќни и некомплетни.
 
Ф

Флеш

Гостин
Драга,
Понекогаш ми е подраго да сум копиле и да немаш роднини ....Ич
Роднините ти се денеска гомно од термин,кој те гледаат кога имаат потреба.Кога си доле,они се никаде.Вештачки поврзани луѓе по крв као демек врски ....Ова го зборам зошто во голема квота у фамилија ми се такви . Да ги видам ајде на кафе,како си.Со изговори немале време,пари и друго,а како курва за другари ќе трчаат одма е поглупо нешто.Фамилија замислувам како еден за сите,сите за еден,као мафија,не расцепнати у сегменти кои братучеди,вукојебини не зборувале меѓу себе од односи ....
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.892
Поени од реакции
84.253
Од сите работи кои што може да ги користите за да се долови неинтелигенцијата и криминалите на Заев, Грујо и Катица не мора баш да се фатите за тоа што едниот е од Струмица и збори на дијалект, едната има прголема килажа а третиот оди чудно и не може да каже Р...
 
Ф

Флеш

Гостин
Босна има море,Македонија нема море ....Технички имаше .....

 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
А да, пред месец кога беше, кога почина Гоце Влахов му викам на другар а бе слушна дека почина Гоце Влахов од Македонски народни приказни?
Ми вика не, кој е тој? Му викам гуглај, познат македонски актер глумеше и во Македонски приказни од таму треба да го знаеш.
И тогаш гугАлот не ги даваше баш најдобрите резултати меѓу првите, и имаше претежно слики од Ѓорѓи Колозов и ми вика овој да не е?
.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom