Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.637
Поени од реакции
27.838
Тоа не се гледа,може истото да се намести да не фрламе пари за џабе.Е кој ке пика глава таму од страна да го види дека е старо,и од страна може старите да останат.Аааа па ти мислиш новиве подобри се,овие ако се стари 100 пати се подобри.
Ова е заедничка особина и на богатите и на сиромашните,и на сељаците и граѓаните,и на писмените и неписмените,и на министер и на општ работник.
Ова ни иба мајката,ова не остави на дното
Еднаш и се ставија цела фамилија на гости кај тетка ми во Италија,прво што слушнав од роднините кога се вратија е дека тетка ми таму полудела,теглите од мајонез и нутела ги миела у машина за садови пред да ги фрли во ѓубре
 
Последно уредено:
Член од
27 јануари 2018
Мислења
375
Поени од реакции
1.231
Д.

И јас имам граници до каде што ќе толерирам глупости.
Ако некој ја помине го бришам од живите, денес е тој ден.
Инаку денес им ги решавам проблемите на другите, ко небаре немам свои. :pos:
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
ДК,

Поиронично време од ова и позбунети човечки суштества немало никогаш.

Од една страна социјалните мрежи, ЦИА, НСА и не знам кој се не му ја нарушуваат приватноста, ајде бунт на истите тие социјални мрежи и јадење гомна како се штетни и како се направени со зли намери...а од друга страна истите тие му ги даваат правата за тоа, плус и ги хранат со она што е потребно-слики, тагирање, постови, уклучени податоци за локација на телефоните и тн, така да заклучок е дека ви одговара тоа што ви ја нарушиле приватноста.

Од една страна УЈП е злото и му ја нарушува приватноста со тоа што ќе знае колку средства имаат...хм ок, државата го направи првиот чекор и ви гледаат во парите, а вие со лакомоста да си вратите мочани 150 евра годишно му дадовте буквално се. Сликајте фискални, со едно квери буквално ве знаат каде сте шетале во секој момент, знаат што јадете, колку пари трошите, што не јадете и тн, гратис и ќе бидете инспектори за без пари, ќе ве користат да го поднаполнат буџетот „при борбата со сивата економија“ додека нивните фирми нуклеарки да продаваат вистинските инспектори нема да помислат да ги чепнат.

Од една страна мразат хомо и тн и се против бракови и слично, а од друга страна со денови јадење гомна оти премиерот го употребил зборот „педер“, па тоа е бе дечки, јбг, не изигравајте оупен мајндед. Гратис и тој што го нарече, а и овој „навредениот“ се клептомани од најтежок размер кои во нормално општество ќе беа во најстрог затвор и ќе кршеа камења дури не скинат конци.

До вчера Камчев беше крвникот на оваа држава кој и еба мајката и укради милијарди, сега сите го сожалуваат оти бил рекетиран, да го затвореа навремено немаше никој да го рекетира.

Од една страна пиштење како на државата и се сменило името, се уништила историјата, пропаднало се што било градено со векови и генерации, а од друга страна еден не е спремен да излезе и протестира на протести како тие во Франција, Атина и тн. Не јадете гомна поарно, наведни глава и ќути, државна платичка си крцка, пензијата дома иди, никој ништо не работи и само со книшките си чекаат да ги пикнат на државна копанка да се гојат некоја година и чекајте го ветениот ден за влез во унијата што ќе пушта социјалка и ќе цветаат рози.

Од една страна децата биле измалтретирани многу на училиште, многу предмети учеле и слично, од друга страна ееееј браво бе овие Јапонците ѕверови, невидени умови се, секоја им чест. Епа не ги жалеле нивните деца дека треба да седат дома и да учат, ќе им се ебело детството, ок и тоа е е леџит, ако сакате интензивен напредок нема простор за задоволства, така да кратењето на задоволствата не е само на возрасните туку и на новите генерации.

Не го бива здравството, не ги бива докторите, си заминаа од државата, епа ќе си одат бе дечки, пак да се нафаќате на газдата да ви дава минималец на сметка и остатокот на рака, ќе скратите на давачки вие, ќе скратат другите, ќе украдат глаучите што сте ги гласале да ви ги трошат парите и нема пари ни за опрема ни за плата за тој докторот. Тој докторот ќе се понервира некоја година и има две опции, или да стане најголемото ѓубре што секој пациент ќе го гледа како мито и нема да се замара се додека не му пикнете пари во џеб, или ќе остане човек и ќе си фати патот за надвор. Со чест на исклучоци, ама мислам дека минијатурен е бројот на хирурзи што не земаат мито во државниве клиники, гратис и од другите доктори, ама хирурзи, гинеколози, судски вештаци остаана малку што имаат чист образ.

Има уште милион примери за вакви идиотски иронични глупости и буквално ми е одмилено да мислам на нив, мислам дека овој народ буквално пишува историја за еден од најглупавите во постоењето на цивилизациите, во робовладетелско општество би им требало повеќе да ве купат од тоа што му треба на овие сега.
„Државава“ е пример што треба да го изучуваат психијатрите за време на студиите, има многу да се научи за тоа како со малку да го изманипулираш многу обичниот смртник.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
На 19-ти август 1946 година, извршена е смртната пресуда на Трајко Попов (1907-1946), лидерот на Македонското национално движење - "Бунт", основано во Скопје во 1938 год. Како прва жртва на комунистичката власт во Македонија, осуден е на смрт затоа што "... се борел против државното уредување на ФНР Југославија, за Македонија да се отцепи од југословенската братска заедница, за истата да биде самостојна..."
Неговиот соборец од "Бунт" и од "Идризово", Ефтим Гашев, во својата книга "Нашата кауза", за последните денови од животот на Трајко Попов, пишува: "... слегувајќи и качувајќи се по железните скали крај карцерите, во првиот лев карцер го забележавме низ малото прозорче ликот на Трајко Попов. По скалите одевме бавно за меѓусебното видување да ни трае подолго, макар и миг. Ни се среќаваа погледите, а тој ги креваше рацете со стиснати тупаници. "Главата горе и не се плашете! Само напред!", го слушавме гласот на Трајко..."
Во предвечерието на неговото стрелање, при средбата за испраќање, на своите најблиски им вели: "Ако не престанете со плачењето веднаш ќе се повлечам и цел живот ќе ви биде жал за ваквата разделба. Не плачете! За Македонија гинеле со илјадници, вечерва и Трајко Попов ќе падне за слободата на Македонија!"
Вечен спомен!
Фотографија на Vasko Naumovski.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
Драга,

Модели на инста/инфлуенсери, со сликање на полуголи тела и глупине цитати што врска немаат со сликата. Ни тоа не се трпеше. Али новава мода со пораки за самопомош, за самопочит, за сакање сам себе и слични филозофии од истиве фаци, тоа е веќе нов левел.
Може ако престанат со срањата и си најдат работа што уствари постои за корист во општеството, нема да се толку депре.
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Мррррм,
една од омилените работи во животов ми е кога ќе изгубам осет за време и простор. Занесена во некоја песна, некоја мала синфонија, вчера се нацртав две улици подолу од нашата. Денес е ретко да заборавиш каде си, кој си и колку време ти останува до нареден работен ден, до нареден испит, нареден сон, нареден оброк... мех.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.701
Поени од реакции
24.161
Имам прекрасен човек кој сака да ме носи на прекрасно место, да ги покрие сите трошоци и да ме шета низ родената земја, само за да ме запознае со фамилијата и да видам каде живее(л), ама не, мене ми е страв да летам.

191072-Everything-You-Want-Is-On-The-Other-Side-Of-Fear.jpg
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.314
Поени од реакции
6.172
ДК.
Сакам само да се заблагодарам за интернетот и можноста да читам статуси полни со совети за животот, моралот, етиката, човечноста, хуманоста итн.
Ова е посебно за инста инфлуенсерката што мисли дека забораив дека тројца ја вртевме како флипер....
Благодарам за советите ме просветли.
Едит: И да додадам ретко глупи луѓе кои едвај имаа двојка во школо со советите како треба како не.
IQ на национално ниво беше 82 така?
 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Сега ја гледам оваа сторијата на овие со 8 деца и живот во никакви услови. И не е ни прва, а нема ни да е последна. Сите многудетни семејства живеат во вакви услови.
Па има такви што ги бранат родителите, а тоа што истите 8 деца се оставени да страдаат и да чекаат помош?

Во Германија или било каде на запад да се ќе добиваат по 250 евра месечно за секое дете. Аха сигурно, не 250 евра, туку по 500 евра. ;)

Може само да им ги одземат ако немаш услови и никој не дава пари за ти да се размножуваш. Ќе имаш колку што ти се условите. И брат ми има сега мало, па мора да земат поголем стан.
Детето не е играчка па ај ќе порасне некако во 32м2, господ ќе помогне по што е благослов, а ние ќе споделуваме икони на фб. :)
 
L

Löwe

Гостин
Луѓе, што и да правите забите да Ви бидат на прво место. Значи забите па се останато. И Вас и на Вашите деца. Не се плашете од стоматолог. Со анестезија не се осеќа ништо.
Јас сега скапо ја плаќам цената на тој ебан страв.
Наместив мост на 2 заба кои ги немав.
Нема поодвратно чувство во моментов за мене. Н Е М А. 100 пати сум пишман. Како 3 бонбони да имам а не заби.
И да, 3 пати размислувајте кога бирате стоматолог.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom