ДК,
Поиронично време од ова и позбунети човечки суштества немало никогаш.
Од една страна социјалните мрежи, ЦИА, НСА и не знам кој се не му ја нарушуваат приватноста, ајде бунт на истите тие социјални мрежи и јадење гомна како се штетни и како се направени со зли намери...а од друга страна истите тие му ги даваат правата за тоа, плус и ги хранат со она што е потребно-слики, тагирање, постови, уклучени податоци за локација на телефоните и тн, така да заклучок е дека ви одговара тоа што ви ја нарушиле приватноста.
Од една страна УЈП е злото и му ја нарушува приватноста со тоа што ќе знае колку средства имаат...хм ок, државата го направи првиот чекор и ви гледаат во парите, а вие со лакомоста да си вратите мочани 150 евра годишно му дадовте буквално се. Сликајте фискални, со едно квери буквално ве знаат каде сте шетале во секој момент, знаат што јадете, колку пари трошите, што не јадете и тн, гратис и ќе бидете инспектори за без пари, ќе ве користат да го поднаполнат буџетот „при борбата со сивата економија“ додека нивните фирми нуклеарки да продаваат вистинските инспектори нема да помислат да ги чепнат.
Од една страна мразат хомо и тн и се против бракови и слично, а од друга страна со денови јадење гомна оти премиерот го употребил зборот „педер“, па тоа е бе дечки, јбг, не изигравајте оупен мајндед. Гратис и тој што го нарече, а и овој „навредениот“ се клептомани од најтежок размер кои во нормално општество ќе беа во најстрог затвор и ќе кршеа камења дури не скинат конци.
До вчера Камчев беше крвникот на оваа држава кој и еба мајката и укради милијарди, сега сите го сожалуваат оти бил рекетиран, да го затвореа навремено немаше никој да го рекетира.
Од една страна пиштење како на државата и се сменило името, се уништила историјата, пропаднало се што било градено со векови и генерации, а од друга страна еден не е спремен да излезе и протестира на протести како тие во Франција, Атина и тн. Не јадете гомна поарно, наведни глава и ќути, државна платичка си крцка, пензијата дома иди, никој ништо не работи и само со книшките си чекаат да ги пикнат на државна копанка да се гојат некоја година и чекајте го ветениот ден за влез во унијата што ќе пушта социјалка и ќе цветаат рози.
Од една страна децата биле измалтретирани многу на училиште, многу предмети учеле и слично, од друга страна ееееј браво бе овие Јапонците ѕверови, невидени умови се, секоја им чест. Епа не ги жалеле нивните деца дека треба да седат дома и да учат, ќе им се ебело детството, ок и тоа е е леџит, ако сакате интензивен напредок нема простор за задоволства, така да кратењето на задоволствата не е само на возрасните туку и на новите генерации.
Не го бива здравството, не ги бива докторите, си заминаа од државата, епа ќе си одат бе дечки, пак да се нафаќате на газдата да ви дава минималец на сметка и остатокот на рака, ќе скратите на давачки вие, ќе скратат другите, ќе украдат глаучите што сте ги гласале да ви ги трошат парите и нема пари ни за опрема ни за плата за тој докторот. Тој докторот ќе се понервира некоја година и има две опции, или да стане најголемото ѓубре што секој пациент ќе го гледа како мито и нема да се замара се додека не му пикнете пари во џеб, или ќе остане човек и ќе си фати патот за надвор. Со чест на исклучоци, ама мислам дека минијатурен е бројот на хирурзи што не земаат мито во државниве клиники, гратис и од другите доктори, ама хирурзи, гинеколози, судски вештаци остаана малку што имаат чист образ.
Има уште милион примери за вакви идиотски иронични глупости и буквално ми е одмилено да мислам на нив, мислам дека овој народ буквално пишува историја за еден од најглупавите во постоењето на цивилизациите, во робовладетелско општество би им требало повеќе да ве купат од тоа што му треба на овие сега.
„Државава“ е пример што треба да го изучуваат психијатрите за време на студиите, има многу да се научи за тоа како со малку да го изманипулираш многу обичниот смртник.