Идеме на планина приквечер на едно место на вечера со кола и застанавме на цигара на чешмичка и уште не сме излегле од кола кога гледаме тука одма карши нас на два чекори на чешмата вода пие-волк. И го посматравме, филмчиња ова она ти текнува на frozen со ски стазата и волците, на Лијам во the grey, замисли почне да не лови да не можеме да се спасиме. И си замислувам јас и страв во коски се вртев позади да не ми рипне некој друг на кола да ми се заледи крвта. И ми вика овој до мене па јаден е сега не не заприметува си пие водичка и замислувам јас изел тројца извидници, понатаму ќе најдеме 3 дела распарчени. А времето онакво ни дење ни ноќе, почнува да се стемнува и уште појезиво ми стана, а не можеше да продолжиме пошто покрај чешмичката беше патот,а покрај чешмичката страшниот волк. И едно време се гледаме во очи подолго време, не врти поглед тој не вртам ни јас, му зборам нешто во себе пробувам телепатски да комуницирам со него нели многу филмови гледам ама ништо трепнав јас и ја изгубив битката. А ептен убаво животно. Штета што не можам да го погалам. Чувства спрема него-љубов и страв. И го посматрам и решив волкот омилено животно ќе ми биде...
Дур размислувам гледам еден човек доаѓа со некоја врвка и му викам на овој абе свирни кажи му дека волк има. И се паничиме тука и готово ќе присуствувам на убиство трауми ќе имам, ќе мокрам во кревет... Човеков оп застанува до волкот и му става поводник. Јас не можам да опишам-шокирана. Од мал изгледа си го чувал викам мирен гледаш колку е со него. Мислиш со сите ваков да е да прашам да го погалам, ќе ме сликаш со него? Може само со него е вака, нас ќе не изеде. И ме погледна тажно онака со сожалување, повеќе себеси се сожалуваше што заглави со мене него мене....
-Хаска е будалче.