Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Се извинувам ама навистина волкава разлика на неадекватни,абнормални,неповрзани,дијаметрално спротивни парови како што има во Македонија,ми се чини нема никаде на друго место.Ова е чиста лудост.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Си реков да прошетам по продавнициве и да си купам нешто, се вратив дома со прашалници наместо со облека. Облекава за жени што се форсира по бутициве е како за 15 минути да треба да тркнеш да ограбиш банка - некои дуксери со ракави три пати подолги од торзото, капуљача и дуксерот со големина адекватна на нормалната XXL. Маица со перфорирани ракави и/или капуљача исто така. Некои туники што седат на тебе како да си облекол вреќа за ѓубре. Пантолони - и тие истиот signature, само што не се 3/4ти туку се некој модел со исечени ногавици 3 цм над зглобот како после работа на Састав да треба да одиш.
Залутав гледајќи во машкиот дел, гледам некои минијатурни броеви на фармерки, па не знам дали воопшто е возможно маж да биде онолку слаб :confused: си викам онака човек да се појави на работа шут карта ќе јаде. Што стана со штепованите кошули за жени и класичните пантолони за мажи не ми е јасно, веројатно сие треба да изгледаме како да работиме во циркус или во слободно време да водиме маалска банда.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Мислам дека нема поголеми сељаци од оние што бучат тоа моторите само за да привлечат внимание во гужва. Прееска еден таков расплаче 3/4 годишно дете. Мала земја, еден куп сељаци.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.608
Поени од реакции
81.273
Имам Твитер отворено одамна, али воопшто не го користев, дали 10 минути имам седено откако направив профил, едноставно никогаш не ми текнало да седнам и да видам чунки што луѓе твитаат на таа социјална мрежа. Последниве 2 месеци од нигде никаде решив да се активирам, едвај го најдов пасвордот што го направив години наназад и почнав да заследувам луѓе.
Па јас не сум видел поголема збирштина на егоисти на едно место. Секој еден со над 1000 следачи глуми влијателен, врие од партиски полтрони, а за контрирање во ставови се делат блокови ко ништо . И секако врвот на македонската твитер заедница е Ина Многуфина со 33.000 и Влатко Васиљ со 27.000 следачи :facepalm:

Мислам дека се доволно 2 месеца поминати на таа социјална мрежа. Ни на најголемиот душман не би му препорачал да седи таму.
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
К,
Животов е непредвидлив и често неправеден. Или подобро да кажам смртта. Денес по долга борба умре моја колешка, прекрасно чоече. Мислам дека единствената грешка што ја направила некогаш е тоа што за момент ја потцени природата и така со живот ја плати грешката.
Ова ме натера да размислувам колку сме ние луѓето само едно зрно песок, едно ништо во екосистемот. Дека ако посака , за миг може да направи да се покаеме што толку бестрашно и пристапуваме како се за неа да знаме. Дека само се лажеме доколку си мислиме дека можеме ние да ја прилагодуваме на нашите потреби. Не, тоа е и секогаш било спротивно.. и треба да се помириме со таквата природа на природата бидејќи тоа е изворот на живот. И колку ние лошо и чиниме во иста мера ни враќа и таа. Уништувањето нејзино е и наше.
Мислава малку замина во друг правец, но мислам дека е многу поврзана со почитувањето кон неа кое е се помало. И ете од шала поради тоа зема животи на луѓе кои навистина и беа посветени и ја обожуваа.

Жал ми е за родителите.. се надевам дека некогаш ќе се смират .. барем малку .. и дека ќе ја остават да почива во мир и слобода, споена со природата.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
Draga,

Se prasuvam so pravi wot, mi fali da mi se pojavi nekoj na sobiranka i da ne mi kaze koj e :(

I dali na Agda levata cicka ja boli denes poso mojava me poboluva?

I ijam eden drugar so me pottseka na voki 10000% i se prasuvam dali ako nekako gi zapoznaam univerzumot ke eksplodira?
 

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.823
Поени од реакции
10.551
Скоро е 5 сабајле, а јас седам и по не знам кој пат ја читам темата "Блам состанок". Си се смеам сам во мракот како психопат. Дајте некој нека ја оживее таа тема, врв беше. Дури се мислам сега дали да се радувам или да ми биде жал што сум немал такво искуство.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.955
Поени од реакции
35.488
Од 15 луѓе колку што аплицираа на курсот шо е потребен за унапредување во фирмата, 14 примија мене ме одбијаа. :pos::pos: Ден попосле добивам 4ка на лото, цели 290 евра. 5ката беше 12.000 евра, 6ката околу милион.
Вакво дупење во рок од 48 саата сум немал, црнец да ми го опашеше немаше толкав малер да бидам. :pos:
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Ептен ми е јака онаа темата Свекрвите и снааите - проблеми и кога имам слободно време си ја читам. Кога ќе улета некоја што ги брани свекрвите, а ги напаѓа снааите е тешко неа. :D
И колку глупи мажи има, а и некултурни жени. Телиња, абе да земеш и да го утепаш од ќотек. :tapp:

Разбирам дека секоја жена сака кога ќе отиде кај партнерот да има удобен живот и поголема приватност, ама секој не може тоа јајце да го снесе и да живее сам уште првиот ден и да си купи стан или куќа. ;)

Со години ќе штедиш, ќе градиш, ќе мислиш за иднината на децата и утре некоја што се вика уште не дојдена ќе наоѓа маани. Абе после 18 години пушти го да се снаоѓа сам и нека научи да ги цени парите и онака ќе те сакаат додека имаат корист.

Не сум во тек со барањата кои ги имаат денешните демек модерни и изживеани жени кои седат на фб и мислат дека на сите млади парови им е совршен и среден животот вака по слики. Сега читам дека и за живеење на посебен спрат се мислат дали да прифатат да останат кај партнерот и се плашат да инвестираат во реновирање. o_O
Абе врати ја кај мајка и и татко и, па тие ако имаат нека и купат. До вчера живеела во две соби со нејзините и баба и, дошла во туѓа куќа со три ќеси стари алишта, а сега бара приватност и брзо решавање на проблемот со приватност.

На ваквите и палата да им изградиш 200км подалеку од домот на свекрвата пак ќе успеат да се скараат. :pos:
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.641
Поени од реакции
27.891
Три пати по ред у авион на полетување сум сведок на расправија помеѓу мајки-монструми и членови на екипажот кои траат у просек 15 минути и нормално полетувањето е со задоцнување.За една лудача трпат преку 100 луѓе.Ако пишам националност или вера на проблематичниве сигурно ке ме прогласат за некаков фоб.Уште на чекирање се насети теророт кога мајкава држејќи го бебето преку рамо како џак цемент,ги поучи сите други од од нејзина националност дека се со мали деца имаат предност први да се качат у авион.Моментално формираа чопор и туркајки се пред себе јурнаа кон авионот.Само што седна со детено у авион,веднаш ја повика стјуардесата да и каже дека доколку има слободни места да ја преместат бидејќи била со дете.Научила се што и следува,сите права ги научила,само нејзините обврски како патник и мајка не ги научила.Кога рече "детено" корне се пред себе,па ја дофати таа полицата на седиштето,кога рече ја лупа отвори затвори,па ја опоменаа останатите патници и некако го прекина.За возрват му покажа како да си игра со држачот за спуштање на полицата вртејќи го лево десно.Врзуваме сите појаси,доаѓа стјуардесата и наредни 15 минути се расправа со две кучки одеднаш кои несакаат децата да ги седнат и да ги врзат со појас,ке плачеле ако не ги држеле у раце.Им објаснува таа девојката,не е безбедно,спротивно на правилата,ве молам нејќат да чујат.Среќа една по строга дојде па им се закани дека нема да му јави на пилотот дека авионов е спремен за полетување и нема да полетаме.Којзнае уште колку ке чекавме.Имаше една идеа на времето,идните родитела да полагаат тест пред да створат потомство,исто како за кола што се полага.Тогаш ми беше чудно,сега разбирам што било работата
 

Kajgana Shop

На врв Bottom