Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Одамна немав пуштено VH1 и воопшто немав слушано музика преку телевизор. Ама сабајлево онака сам дома зедов да си правам појадок па пуштив ТВ да ми врти музика во позадина. И ја пуштија It's My Life од Бон Џови. Прво што си помислив е „Еј VH1 почнале да пуштаат и нова музика, порано вртеа само класици“. Кога ми светна дека песната е од 2000 година т.е. стара е 19 години! Кратка пресметка, кога нон стоп гледав VH1, некаде 2006 година на иста „возраст“ беа песните од 1987 година... Damn, I'm getting old! :confused:
 
Ф

Флеш

Гостин
Во 2019 година,во секојдневниот говор и речник влезен е веќе и стандардизиран е и култниот Боки 13 ..... Македонците го имаат во изрека „Да те ебе Боки 13“ .... Сега и Србите и Хрватите и Босанците,воопшто во словенските јазици ,Сука Бљат ќе стане поновото Да те ебе Боки 13 ....

Почнува од 1:45,пикот е Боки во 1:56 минута .....

 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.540
Поени од реакции
34.703
Кајг,
погоди кој го кажа ова сега пред некоја минутка на ТВ, цитирам:
...„аааа не знам јас тоа, тој кој прави криени марифети од позади, ќе излезе на виделина!“ :pos:
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.732
Поени од реакции
24.355
Влегуваме со еден колега кај една личност во инвлаидска количка и типов го зема мобилниот лифт, без да знае дека на личноста ѝ наместија лифт на таванот. Му викам враќај тоа, не треба! Зошто? Затоа што *името на личноста* прооде. Муабетов пред особата и фамилијата... Јас и мојата ретардирана смисла за црн хумор ќе летаме некој ден од работа.
 
Последно уредено:
Ф

Флеш

Гостин
Јебем ти слободна вечер кога си сам си и не знаеш што да праиш да избереш и испланираш......

Да играш видео игра,да глеаш серија,да тролаш на Кајгана форум,да го галиш Клипче вообичано за негова реакција,да си избереш ново аниме за гледање или да спиеш .....

Се, досадно е веќе кога секој пак иста рутина е десено ....

Ми се иде у теретана да се истрошам,не сум ич некое време бил .... Нозеве ме молат за лента за трчање .... :vrtioci:
 

Fiend

смут џезер
Член од
29 март 2012
Мислења
947
Поени од реакции
1.074
Недостасуваш. 6 години заедно од кои 5 заедно живеевме...ме остави пред да ти предложам брак, боли...ќе ми биде подобро, ќе најдам некоја што добрите работи ќе и бидат пред лошите...се надевам.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Сакам да сум Мирко Попов и да зеам субвенции од Влада.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.540
Поени од реакции
34.703
Кајг,
додека бевме на факс, 3 ч влегување на вежби, предавање и нема мрдање, ниту јадење ниту пиење, ниту тоалет за нужда, а овие денес новопечени млади новинари, посебно што водат јавни контакт емисии на ТВ, де ќе пијат вода, де ќе се чешаат, де косата ќе ја мести, де ќе пијат кафе, де прстот ќе го пикне во уше!?!
леле ама ме нервираа :shook:
...ова е јавен медиум или снимка од кафич, женскава додека го чека дечкото? гледам/слушам заинтересирана за тоа што се коментира, а ова новинарката прашање дали има повеќе од 25 години де пие, де кашла, де се чеша, не може полчасовна емисија да издржи со контакти на луѓето што се јавуваат, а да ја праша некој што се зборува појма нема...само клима со глава да, да, да, ! ќе ги напупчи тоа усните, а тоа се зборува за политички економски проблеми...мислам ејјј ги гледа некој овие како се однесуваат на јавен медиум?
...еве ја пак пие вода ! :facepalm: и пак се чеша :nesumjas: ( на Тв 24 часа моментално)
 

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.823
Поени од реакции
10.551
Еден куп видеа и слики видов синоќа по инстаграм од Супербоул, а верувам дека 90 посто од тие што објавуваа не ги знаат ни правилата на американскиот фудбал. Знам некои луѓе што редовно си пратат и од нив немаше никаков спам, ама затоа другите за да бидат во тренд ќе гледаат и нешто што не им е интересно, само за да може да речат "Americki mentalitet be bato hehe nesum jaz za tuka." Да не испадне дека само хејтам, буквално истото се случува и за финалето на Лига на шампиони секоја година, тие што поим немаат од фудбал и два натпревари немаат изгледано цела година се први со сликите по социјалните мрежи. Bohemian rhapsody сите го изгледаа оти беше присутен по интернет медиумите цело време, а истите секој викенд спамаат со песни од Раста и остала багра. Сигурно не знаеле ни дека филмот го добил името според песната. Никогаш нема да ми биде јасно зошто некои луѓе се прават нешто што не се, само за да изгледаат подобро во очите на ликови со кои немаат ни едно здраво. За жал уште не испадна од тренд тој вештачки џет сет од кој мислат дека се дел.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.420
Поени од реакции
7.759
Оние најгласните поборници на социјалните мрежи за правата на животните (кучињата пред се) се баш тие кои абер немаат да си ги соберат гомната од своите кучиња по паркови,тротоари и јавни површини.
Македонија - секој сака права за се, никој не сака одговорности.
Shout out до оние кои си носат ќеса со себе кога ги носат на прошетка своите кучиња. Ама проклето се ретки.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom